Во секоја шега има половина вистина?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
хах.. заебанција си е заебанција.. е сега има моменти коа ДЕМЕК на заебанција ке му кажеш на некој нешто.. да не е ептен директно мислам нема смисла сепак.. а инаку ова дека пола шала е вистина богами држи вода некад ептен..
 
Затоа и не повредува шегата.:smir:
 
Во секоја шега има малку шега:smir:
 
Е ова од секогаш ме нервирало. Или шегувај се или кажи ми ако имаш нешто да ми кажеш. Шега е свето нешто, кога се смееш сетилата се опуштаат и имаш миг на среќа и многу е безобразно да има позадина во такви моменти.
Затоа: во секоја шега има единствено чиста мисла се друго е алиби на несигурните кои не знаат да комуницираат.
 
Така е. Во секоја шега има половина вистина, поготово во случај кога се потсеќаме на некоја случка или кога имплицираме на нешто што го знаеме, а не сакаме да го кажеме директно.
 
Стара поговорка, ја прочитав некаде денес, па ми текна дека може да продискутираме за тоа.. :)

Дали се согласувате дека во секоја шега има пола вистина? Или не се согласувате? Зошто?

Дали навистина кога се шегуваме со некого, тоа значи дека има нешто вистина?

Или е апсурдно да се мисли дека ова е точно и дека шегата си е шега, заебанцијата е заебанција и нема врска со вистината?
Не се секогаш поврзани, но во најчести случаи да. Сепак и според начинот на кој се кажува и според темата може да се заклучи дали некој го мисли тоа т.е дали има и вистина. Често пати кажуваме работи кои се вистина и ги мислиме но ги кажуваме на шега, со цел да не се навреди или да не се налути соговорникот, но сепак сакаме да му дадеме нешто на знаење. Некогаш го правиме тоа намерно, но честопати и несвесно, така да мојот одговор е да, во најголемиот број случаи има вистина :smir:
 
Да, во секоја половина има вистина кога се работи за шега :)
 
За да се каже едно нешто потребно е да биде предизвикано од нешто без разлика колку банално и безначајно тоа да изгледа. Исто е и кога се кажува некоја шега, сигурно тоа нешто било поттикнато од друго. Така да доколку предизвикувачот на истата е вистина тогаш во шегата не половина може и целата да биде точна и обратно.
 
во една шега има половина креативност, а во другата половина смисла за хумор.
 
држи воа воа како не...јас на некој коа сакам нешто да му лупнам фаца овака му кажувам..ко на шала демек..сепак ќе го здоболи
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom