Употребата на латиница и редење смајлиња не се најголемиот проблем. Слабата писменост е. Идеално е писменоста и односот кон сопствениот јазик да почнат во домот. Ако на детето не му се читаат книги, ако родителот самиот никогаш не фаќа книга во рака, ако во домот нема ни една книга, ако јазикот и изразот на родителите е никаков, како кај детето ќе се создаде интерес за читање и однос кон писменоста? Компјутерите и таблетите нема да бидат проблем доколку се создаде навика за читање и однос кон сопствениот јазик и израз.
Еден неписмен бладач на форумов се силеше дека ќе праел нов правопис (и тоа по покана од некој си научник од Институтот за македонски јазик). Е, овој иден реформатор на македонската ортографија се'уште пишува Македонец со мала, а македонски со голема. Да не знае чоек дали да се смее или да плаче. Кога вакви (и полоши) јазкозналци делат ум и ги учат децата, резултатот е евидентен.
Чаре? Односот кон читањето, учењето и изразувањето почнуваат дома. Тоа е сериозна задача на родителот. Ако детето има к'смет да му се падне асална учителка, одлично. Тогаш и на училиште ќе види аир и ќе се описменува. Ако не, родителот ќе треба да работи уште повеќе со детето ако сака саглам да го описмени и кај него да создаде читачка навика и однос кон уката и изразот. Ама, за да описмениш некого треба прво самиот да ја завршиш таа задача.