Во новиот буџет на ЕУ нема сретства за проширување на Унијата

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
4809LD1.jpg

Во предлог буџетот на ЕУ за 2014-2020 за прв пат проширувањето на Унијата воопшто не се појавува како ставка.

Индикативно е што во овој буџетски плaн познат како "Финансиска перспектива за ЕУ" нема ни збор за пред-пристапни фондови - попознати како ИПА фондови.

Како и досега, главните буџетски извори би требало да останат земјоделските и царинските такси, како и задолжителните давачки на земјите членки во зависност од бруто националниот доход.

Новост во претстоечкиот период е предлогот на Европската Комисија да се воведат нови такси на монетарни трансакции и европски данок за додатна вредност - како додатни извори на финансирање.

Најмногу буџерски сретства се предвидени за европските кохезиски фондови, чија намена е да се намалат разликите меѓу развиените и неразвиените европски региони.

Со новиот буџет земјоделските фондови се намалени.

Во склад со Лисабнскиот договор, предлог буџетот мора да биде верификуван во европскиот парламент после тоа треба да го усвои Советот на ЕУ.
 
Види ,види...а од друга страна нешто овај ексваршавскопактовскиов полски амбасадор мрмореше нешто како''Вашите лидери мораат да направат непопуларни мерки за народот како промена на името'' за да сме влезеле во лицемернава организација.

Сам себе го убијал?
 
''Вашите лидери мораат да направат непопуларни мерки за народот како промена на името'' за да сме влезеле во лицемернава организација.

Сам себе го убијал?
Работава била веќе планирана, и жртвата ќе одеше за малку.... Ама, изгледа дека ништо нема да биде од планираното. Јас целам на нешто големо, ќе се види до крајот на годината која музика ќе ја прифатиме за наша.
 
Униjaта е наjaсно дека многу тежко,некоja држава от сегашните кандидатки ке успее преди 2019-2020 да заврши приговорите,да биде подпишан договора и да го изгласат сите 28 парламенти за да може да се зачлени во униjaта. 2013 ке приемат Хрватска. Само преговорите по поглавиjaта са 4-5 години,а подпишуване и гласане во собраниjaта - 1-2 години.
Наредниот бран го чекаjте след 2019-2020.
 
Доста тресете зелени, никој не рекол дека ако го смениме името ќе влеземе во ЕУ. Ако имаме 2000 евра плата, изградени железнички пруги кон Бугарија и Албанија, добар обрзаовен систем, искоренета корупција од здравството, администрацијата, полицијата, судството итн итн, ќе не молат да влеземе со било какво сакаме ние име. Доста ви ги перат мозоците, ало разбудете се !
--- надополнето: Jul 1, 2011 1:42 PM ---
Види ,види...а од друга страна нешто овај ексваршавскопактовскиов полски амбасадор мрмореше нешто како''Вашите лидери мораат да направат непопуларни мерки за народот како промена на името'' за да сме влезеле во лицемернава организација.

Сам себе го убијал?
Само Баросо е тој кој дава релевантни изјави за трети земји бидејќи тој е претседател на ЕК. А рекла казала, вчера една баба во автобус ми кажа дека треба да изгласаме бесплатни машки проститутки за сите баби во Македонија за да влеземе во ЕУ, па никој не ја слушаше. Освен може некој на форумов, како со она дека ЕУ ќе се распаднела, Грција ќе банкротирала, еврото било готово и слично.
 
/\/\/\/\
Така лажат по штабови, знам.
Колку пари ви плаќаат по пост од партија? Дај кажи ми да ти дадам 50 денари па да не замараш со глупости. Ајде, утре сменете го името ќе видиме дали ќе влеземе. Плус, не ја спомнав корозивната граница со Косово. Кој ќе гарантира дека нема Косовари да влезат во ЕУ ако ние сме членка?
 
Косовари се веќе влезени во шемата. Кој го направи Косово држава, знаеш? Јас сум против Европско групирање. Европа е ку*ва, сите ја е*ат, а никој не ја смета за привлечна. ;)
 
Колку пари ви плаќаат по пост од партија? Дај кажи ми да ти дадам 50 денари па да не замараш со глупости. Ајде, утре сменете го името ќе видиме дали ќе влеземе. Плус, не ја спомнав корозивната граница со Косово. Кој ќе гарантира дека нема Косовари да влезат во ЕУ ако ние сме членка?

Јас не реков, ниту па сакам влез во ЕУ.
По никаква цена.
Воопшто.
Никогаш!

Муабетот ми беше тие едно си испланирале, а кај нас на идиотите шо мислат дека ако се придружиме кај нив од другиот ден мед и млеко ќе е се трубат сменете го името и се ќе е супер.

Само ми е мака многу се такви шо поверувале во филмот...
 
Сите знаеме на кои луѓе им е платено од Грците да лобираат за промена на името (хинт, паја патор и тепачот на жени по паркинзи) , инаку тоа си е билатерален спор меќу Грција и Македонија. Како што кажав погоре, и да влеземе во ЕУ, без овие реформи, искоренување на корупцијата и решавањето на внатрешните проблеми нема ни мед ни млеко да има.

Само видете ги на пример, Грција и Словенија, едната членка од 1981, другата од 2004, па која е поразвиена и понапредна.

Да не ги спомнувам Норвешка и Швајцарија кои воопшто не се ни членки.
 
Ова се индиции дека полека но, сигурно ЕУ оди доле.А една империја не може да се сруши преку ноќ, за тоа треба време.
Немојте да бидете до толку нестрпливи, ќе падне ЕУ, може не сега но ќе падне.
Што толку сте запнале, впрочем човекот не е совршено суштество, а оваа империја е управувана од луѓе кои истотака не се совршени.
 
Да, еден ден сонцето ќе умре исто така, и сите звезди ќе се изгаснат, после најверојатно ќе има друг биг бенг и на крајот пак ќе има нов универзум. Немој да бидете нестрпливи, чекајте.
 
Издржи Соколе2401.

Распадот на ЕУ ќе се случи многу,многу пред умирањето на сонцето.:D
 
Латас кажа во една сончева недела во 2008ма година (го имам снимено на мобилен) дека во вторник излегува Чешка, до петок ЕУ нема да постои. Така да не верувам многу на пророштва од тој тип.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom