- Член од
- 17 март 2005
- Мислења
- 11.493
- Поени од реакции
- 1.592

Во предлог буџетот на ЕУ за 2014-2020 за прв пат проширувањето на Унијата воопшто не се појавува како ставка.
Индикативно е што во овој буџетски плaн познат како "Финансиска перспектива за ЕУ" нема ни збор за пред-пристапни фондови - попознати како ИПА фондови.
Како и досега, главните буџетски извори би требало да останат земјоделските и царинските такси, како и задолжителните давачки на земјите членки во зависност од бруто националниот доход.
Новост во претстоечкиот период е предлогот на Европската Комисија да се воведат нови такси на монетарни трансакции и европски данок за додатна вредност - како додатни извори на финансирање.
Најмногу буџерски сретства се предвидени за европските кохезиски фондови, чија намена е да се намалат разликите меѓу развиените и неразвиените европски региони.
Со новиот буџет земјоделските фондови се намалени.
Во склад со Лисабнскиот договор, предлог буџетот мора да биде верификуван во европскиот парламент после тоа треба да го усвои Советот на ЕУ.