Во која ситуација би се откажале од вашето дете?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.856
Хипотетичко и едноставно прашање, само еве ќе наведам неколку ситуации на кои ќе се сетам од прва, за да ви доловам на што мислам, а и да размислите малку пред да кажете дека никогаш и во ниедна ситуација не би се откажале од своето дете. Значи, ако ниедна од дадените ситуации не ви е толку пресудна за да се откажете од вашето дете, наведете некоја покомлицирана, доколку има таква, во која евентуално би се.

-Имате долгогодишна врска, но вашиот дечко не сака да слушне за дете. Вие не сакате да абортирате, па го раѓате и го давате на присвојување дека не сте спремни да бидете самохрана мајка?

-Имате врска од соништата која не планирате да ја прекинете никогаш, се сложувате и двајцата да го имате тоа дете, но не сте спремни да се соочите и се плашите од реакцијата на вашите родители, па планирате како да го износите детето за да го дадете на посвојување?

-Имате врска која неможете да ја крунисате со брак поради недостиг на финансии и случајно останувате трудна. Бидејќи не помислувате да ризикувате со абортус го раѓате и го давате на посвојување, дека сигурно некој друг пар подобро би го израснал тоа дете?

-Имате непријатно искуство, сте биле силувани при што сте затрудниле, но и во тој случај не помислувате на абортус туку раѓате и го давате своето дете, дека не би сакале да имате нешто негово кое вечно да ве потсеќа на таа ситуација, а и не сакате да сте самохрана мајка?

-Имате веќе сопруг и деца колку што можете да си дозволите (од финансиска гледна точка), но ете се случува повторно непланирано да останете трудна. И во овој случај како и во сите, вие сте против абортус па го раѓате и давате?

Тоа би биле отприлика неколкуте покомплицирани ситуации на кои можам да се сетам, па да видиме кој би имал храброст покрај толкави препреки да го задржи своето дете, а кој размислува повеќе со разумот и би се откажал од него чекајќи подобро време за друго?
 
Дивајн напиша:
-Имате долгогодишна врска, но вашиот дечко не сака да слушне за дете. Вие не сакате да абортирате, па го раѓате и го давате на присвојување дека не сте спремни да бидете самохрана мајка?
Ако сакам да имам деца, нема да одам со некој што не сака.

Дивајн напиша:
-Имате врска од соништата која не планирате да ја прекинете никогаш, се сложувате и двајцата да го имате тоа дете, но не сте спремни да се соочите и се плашите од реакцијата на вашите родители, па планирате како да го износите детето за да го дадете на посвојување?
Ако имам врска од соништата и се ми е супер, сакаме дете, зошто би се плашела од реакцијата на моите родители ? Мој живот, моја ствар.

Дивајн напиша:
-Имате врска која неможете да ја крунисате со брак поради недостиг на финансии и случајно останувате трудна. Бидејќи не помислувате да ризикувате со абортус го раѓате и го давате на посвојување, дека сигурно некој друг пар подобро би го израснал тоа дете?
Во никој случај. То е мое, јас сум го створила и ќе го задржам иако не можам да скрпам крај со крај.

Дивајн напиша:
-Имате непријатно искуство, сте биле силувани при што сте затрудниле, но и во тој случај не помислувате на абортус туку раѓате и го давате своето дете, дека не би сакале да имате нешто негово кое вечно да ве потсеќа на таа ситуација, а и не сакате да сте самохрана мајка?
Многу веројатно ќе помислам на абортус ако останам бремена од силување. Нема шанса да го родам.

Дивајн напиша:
-Имате веќе сопруг и деца колку што можете да си дозволите (од финансиска гледна точка), но ете се случува повторно непланирано да останете трудна. И во овој случај како и во сите, вие сте против абортус па го раѓате и давате?
Ако сум ја достигнала „нормата” ( од финансиска гледна точка ) ќе ставам спирала. :pipi:
 
Vo niedna!
Ova ne go kazhuvam tuku taka. Bev vo mnogu komplicirana situacija koga zabremeniv iako bev vo brak. Da "se otkazhev" od deteto najverojatno nikogash nemashe da pominuvam niz site traumi niz koi shto pominav i denes kje bev najverojatno vo sekoj drug pogled pouspeshna (gledano od strana).
Sepak nieden uspeh, niedna finansiska ili drug vid na materijalna dobivka ne se zamenuva so nasmevkata na kjerka mi. Znachi poleka site teshkotii pominuvaat i iako po najmakotrpen pat i malku za podolgo vreme, jas pak kje stignam tamu kade shto sum mislela i pred da go imam ova angelche.
 
Vo nikoja samo ako toa ne saka da se otkaze od mene
 
Definitivno vo nikoja situcaija.Ako se otkazam od moeto dete toa bi bilo isto kako da se otkazuvam od samata seb.Toa nikogas nema da se sluci.
 
Ако сум решила да го родам не би се откажала во ниту една сутуација, а ситуации има и многу многу пострашни од овие кои се наведени...неможам да се откажам од дел од себе, никогаш и во ниту една ситуација!:nenene:
 
Од детето во никаква ситуација не се откажвам од него
какво е такво е мое си е .:)
 
Samo onoj na kogo mu fali nekoja daska vo glavata moze da se otkaze od svoeto dete.Pa ima li nesto pomilo od deteto.
 
Дивајн напиша:
-Имате долгогодишна врска, но вашиот дечко не сака да слушне за дете. Вие не сакате да абортирате, па го раѓате и го давате на присвојување дека не сте спремни да бидете самохрана мајка?
Ако не сака дете со мене, би се запрашала дали воопшто ме сака мене. Во ред, можеби не е подготвен да има дете, но ако воопшто не сака, тогаш што би барала со него?

Дивајн напиша:
-Имате врска од соништата која не планирате да ја прекинете никогаш, се сложувате и двајцата да го имате тоа дете, но не сте спремни да се соочите и се плашите од реакцијата на вашите родители, па планирате како да го износите детето за да го дадете на посвојување?
Имаме врска од соништата, се согласуваме да имаме дете и после да го дадеме на посвојување? Моите родители не би ми се мешале во моите одлуки. Имам родители со кои имам разбирање и добар разговор секогаш и тие не би дозволиле дете да дадам на посвојување. Воопшто не би се плашела од нивната реакција.

Дивајн напиша:
-Имате врска која неможете да ја крунисате со брак поради недостиг на финансии и случајно останувате трудна. Бидејќи не помислувате да ризикувате со абортус го раѓате и го давате на посвојување, дека сигурно некој друг пар подобро би го израснал тоа дете?
Ќе се снајдуваме некако и тој брак ќе биде доколку го сакаме тоа и двајцата. Има луѓе кои живеат мизерно, па имаат деца кои пораснале. Никој не може подобро да одгледа дете освен сопствените родители доколку го сакаат тоа и двајцата. Не може туѓа некоја повеќе да сака мое дете, подобро да го гледа.

Дивајн напиша:
-Имате непријатно искуство, сте биле силувани при што сте затрудниле, но и во тој случај не помислувате на абортус туку раѓате и го давате своето дете, дека не би сакале да имате нешто негово кое вечно да ве потсеќа на таа ситуација, а и не сакате да сте самохрана мајка?
Пу пу скраја. Во таков случај не би родила. Кога би го носела тоа дете девет месеци и тогаш би ме потсетувало на таа ситуација.

-Имате веќе сопруг и деца колку што можете да си дозволите (од финансиска гледна точка), но ете се случува повторно непланирано да останете трудна. И во овој случај како и во сите, вие сте против абортус па го раѓате и давате?
Кога ќе одлучиме да немаме веќе деца, постојат начини како да спречиш несакана бременост.

Значи, во ниеден случај од наведениве (или друг некој) не би го дала на посвојување детето. Се` може да се преброди, животот не е лесен. Треба да имаш храброст да бидеш подготвен да ги преминеш сите ситуации кои ќе ти ги приреди животот, а не само да се откажеш. И како после ќе продолжам да живеам понатаму знаејќи дека моето дете е некаде којзнае каде? Како после тоа ќе имам други деца и ќе им го посветам својот живот знаејќи дека некаде едно детенце е напуштено од својата мајка? Ќе ме јаде душата цел живот и би се каела што сум го направила тоа.
 
Свое дете би дала на посвојување,само доколку знам дека сум недај Боже болна од неизлечива болест,од која ми се гледа крајот,па и така би останало без мене.Би ми било ужасно болно, да се одделам од својот пород и во таква ситуација,но, разумот би ме натерал да го направам тоа.Се разбира доколку нема баби,дедовци,кои би го одгледале и без мене.

Кога станува збор за силување (уф,мрзам на оваа тема...),одобрувам абортус,и веројатно и јас би ја прекинала бременоста во таков случај.

Во наведените примери не се пронаоѓам.Но,има многу други примери,во кои мајката ја прекинува бременоста или го раѓа детето,па го дава на посвојување.
Многу се тешки и болни таквите моменти,но за жал ги има и тие се секојдневие.
Никому не посакувам такво нешто.
 
Ако се деси нешто не планирано,постои абортус,иначе никогаш не би се откажал од свое дете
 
Не би се откажала од детето во никој случај..Ако не било планирано или ако нешто ме спречува за да го родам ке абортирам...А вака да го родам и да го оставам НИКОГАШ!
 
Дивајн напиша:
-Имате непријатно искуство, сте биле силувани при што сте затрудниле, но и во тој случај не помислувате на абортус туку раѓате и го давате своето дете, дека не би сакале да имате нешто негово кое вечно да ве потсеќа на таа ситуација, а и не сакате да сте самохрана мајка?
Е во овој случај би абортирала!
Не би родила дете кое не е зачнато од љубов,туку од доживеана траума!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom