Во која ситуација би се откажале од вашето дете?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Во никоја,ни под никој случај!Леле го нема тој човек на свет што можам да се откажам од децата ради него!А и ниедна ситуација која би можела да ме разочарат моите три ангели!ГИ САКАМ НАЈМНОГУ НА СВЕТ!
А за абортус се имам изјаснето во друга тема,ама и овде ке се изјаснам НИ ПОД РАЗНО!
 
Децата се инвестиција.. И како и секоја друга, ако не се исплати човек нема да биде задоволен.
Кога ќе наполнат 16 ќе се откажам од нив, т.е. ќе ги сместам во спратовите од куќата над мене.
3 спрата и доградба. имам од сега место за 3 деца и мене
Би било убаво да сме заедно, освен ако на некое не му текне да си игра со мојата желба и замине некаде.
Инаку децата мислам дека од мали треба да се стимулираат да заработуваат пари.
Од накај 10-12 години, треба веќе да размислуваат за работа некоја, макар и скромна и со родителска подршка, сепак да размислуваат околу тоа.
Од сега си замислувам за некој заеднички бизнис, каде ќе поаргатат некоја година да ми ги вратат парите дадени за пелени, играчки, алати и што се не друго .
Зошто би ангажирал непознати луѓе за соработка, кога може сето тоа да се среди заеднички со помош на фамилијата.

значи за на крај.. од децата не би се откажал се додека не ми ги вратат парите кои сум ги вложил во нив. А тогаш тие ќе разберат дека ни е поубаво заедно и цементирајќи ја заедничката финансиска иднина, ќе се сакаме и понатаму..нема потреба од откажување ако успеете правилно да го истренирате вашето дете..
 
И тамам кога ќе ти ги вратат парите ќе можат веќе сами да почнат да го градат сопствениот живот. Па тогаш и да не сакаш да се откажеш од нив, веќе си се откажал затоа што имаат сопствен живот одвоен од твојот? Така Никола?
Зошто би имал деца ако бараш да ти ги вратат парите?
 
Fortune напиша:
И тамам кога ќе ти ги вратат парите ќе можат веќе сами да почнат да го градат сопствениот живот. Па тогаш и да не сакаш да се откажеш од нив, веќе си се откажал затоа што имаат сопствен живот одвоен од твојот? Така Никола?
Зошто би имал деца ако бараш да ти ги вратат парите?

Ако успеат да спечалат пари и да вратат, ќе бидам најсреќниот родител, бидејќи ќе знам дека моите деца успеале и дека ќе фатат лесно приклучок со светот.
 
PA VO NIKOJA MISLAM!...NEZNAM STO BI TREBALO DA E POJAKO OD MAJCINSKA LJUBOV,KOJA SE MOZE DA RAZBERE I DA SE POTRUDI DA NAJDE OPRAVDUVANJE!?
 
Зошто зборувате само за мајчинска љубов? темата се однесува на двајцата родители.
Зарем мислите дека таткото би се откажал од своето дете? Во кои услови, под кој притисок??? Зошто???
 
Не би се откажала од моето дете, освен ако (не дај боже) бидам силувана. Тоа сепак е мое дете и јас не би се откажала, а доколку се случи силување, тогаш нема друг избор освен абортус. (уствари има ама е мн. мн. тешко:()
 
bibika напиша:
Свое дете би дала на посвојување,само доколку знам дека сум недај Боже болна од неизлечива болест,од која ми се гледа крајот,па и така би останало без мене.Би ми било ужасно болно, да се одделам од својот пород и во таква ситуација,но, разумот би ме натерал да го направам тоа.Се разбира доколку нема баби,дедовци,кои би го одгледале и без мене.

На ова не се сетив, а дефинитивно е ситуација која е единствена во која би се откажала од своето дете т.е. би го дала на други да го пораснат наместо мене. Сите други наведени и ненаведени ситуации се тешки да, но мислам дека никогаш нема да имам срце да го дадам тоа мало делче од мене поради било што побезвредно. Скоро сум и сигурна дека милион работи кои не би ги направила сега и ми изгледаат невозможни, ќе ги направам за моето дете да остане со мене. Не би ми влијаеле работи кои на еден или друг начин можат да се решат, иако тој другиот начин би можел да е исто толку болен од друга страна ... детето за мене е богатство, кое за да го оставиш треба да си непромислена личност без грам чувства во себе.
 
НЕ би се откажал во никоја ситуација под никаков притисок едноставно ништо на светот не ќе може да ме натера да се откажам од своето дете освен смрта
 
vo slucaj da bidam siluvana..samo togas bi go abortirala....poso nema da bide deteto plod na ljubov...ke bide plod na gadenje,"greska",omraza....
 
До пред некое време викав ''Ако стане педер или џанак се откажувам од него'' ама сега не верувам дека можам такво нешто.Должен ке бидам да го гледам а тие ситуации би биле резултат на моја грешка во воспитање.
А MErmaid за случаи како овој ''твојот''sd дете плод на силување гледав еден документарец на си-ен-ен за Босна по војната,има одприлика 10 000 деца што денеска шетаат низ БиХа a се производ на Српски војници и силувани босански жени.Сите мајки рекоа дека најтешки моменти се кога децата ке ги прашале ''Што е копиле'' и ''Кој ми е татко'' голем број од тие мајки се одлучиле на абортус некои и сами го имаат изведено ама поентата ми е дека Кога можат тие мајки да ги чуваат своите деца што ги кога ги потсеќаат на најлошите моменти во животот па мислам дека откажување од дете за некоја глупост е идиотска работа,поготово кога на весници секој ден може да се прочита како се откажуваат од синови заради глупи разлози како делења на наследства или кој ти знае што друго
 
Нема никаква ситуација која би можела да ме натера да се откажам од своето дете. Без разлика на се, со мене ќе си е.
 
Nikogas nema da se otkazam od svoeto dete. Toa e moj potomok, moja krv - od mojata krv nikogas ne se otkazuvam (osven na daruvanje krv :pos:).
 
Во ниедна ситуација не би се откажала од моето дете. Никогаш. Моја крв, тоа дете живеело во мене.

Би била и самохрана мајка, би се спротиставила на цел свет ако треба, ама секогаш ќе бидам покрај моето дете, тоа сум 100 посто сигурна.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom