Во кој период сакате да живеете?

  • Креатор на темата Креатор на темата Martyr
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам, мислам дека 10-15 години да сум била постара ќе било таман. :)

А зошто, не знам. Филмовите од тоа време ми се посебни, многу повеќе ми се допаѓаат од сегашниве, а како го прикажуваат животот тогаш, ко да луѓето имале послободен дух.
Музиката ми е исто супер од тоа време.
 
Скоро и да нема период од историјата во кој не би сакал да живеам на некое место од планетава.

Но последното од што сум бил импресиониран не е далеку ни временски ни просторно.

Би сакал да живеам, на овие, плус минус 5-6 години; во времето на премин од осумдесеттите во деведесеттите, нигде на друго место туку во Македонија.

Тоа било време на промени, крај на едно политичко уредување и почеток на нешто ново. Можностите биле неограничени, но сеприсутни биле и опасностите и несигурноста.

Можам само да го замислам ентузијазмот на обичниот млад човек од тоа време восхитен од можноста да учествува во создаањето на нешто ново, придружен со национал-романтизам кој дури тогаш можел слободно да се развива без никакви ограничувања до фантазија.

Без разлика што крајот од тој период и не донел некој многу среќен крај, навистина би сакал да го почувствувам духот на тоа време.
 
berlin-graffiti-we-so-cool-like-new-york-80s-yo-images-01.jpg
 
Јас би сакал да живеам во почетокот на 20 век.
 
Секој друг освен овој во кој живеам.....
Дигитално значи пластично, демократија е фантазија, слободата е привидна, храната нема вкус, филмовите се веќе изгледани, музиката е досадна.....

Имам фатено како дете некое друго различно време, поради кое можеби ништо веќе во животот не ми е интересно....
А кога би бирал, би се стаил во време кога нож, копје решава све - барем си ги знаеш непријателите и ако си заслужил да живееш подолго и поубаво од нив можеш сам да си се избориш за тоа....
 
Се разбоира во осумдесетите и деведесетите, но кога би можел би претркнал и во Medieval / Middle Age времето во Англија. Чисто онака да видам како луѓето живееле со вакви костуми :icon_lol:. Времето каде што и децата држеле оружје како играчка, исто како на сликата

medieval-costumes-1.jpg
 
Околу 1930-тата година,и во времето на Други светски рат..
 
Би живеел осумдесетите-деведесетите години :)
--- надополнето: 26 септември 2013 во 22:35 ---
Во овој период или пак во 70тите. Некако највеке ме привлекуваат, ми ингледаат интересни.:toe:

Не сум сигурен, ама мислам дека за Викторијанско време збориш :)
--- надополнето: 26 септември 2013 во 22:37 ---
Се разбоира во осумдесетите и деведесетите, но кога би можел би претркнал и во Medieval / Middle Age времето во Англија. Чисто онака да видам како луѓето живееле со вакви костуми :icon_lol:. Времето каде што и децата држеле оружје како играчка, исто како на сликата

medieval-costumes-1.jpg

Јас би сакал да го посетам овој период, но не би сакал да живеам
 
Идеален период,некаде околу 50-тите години на минатиот век.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom