deXterche
тадаммм
Конечно владата најде стратешки момент да го употреби својот голем проект кој најпрво беше ветен за Скопје. Универзитет по информатика најавуван како прв на балканот од таков вид и големина. Колку ќе биде успешен овој проект останува да видиме. Дали ќе се фрлат само темелите пред камери колку да се добијат гласови па ќе чека подобри времиња?
__________________________________________________
ТВМ
На денешниот прес, кој се одржа во хотелот Ривиера, кандидатот за градоначалник од владеачката партија ВМРО ДПМНЕ Кирил Трендафилов Нанче, најави отварање на нов Универзитет за Информатички технологии во Охрид. Во универзитетот се предвидува да предаваат професори од неколку странски држави. Со ваквиот чекор, се отвора можноста Охрид да прерасне во универзитетски град.
„Од вчера универзитетот за информатички технологии со силна подршка од премиерот го доби својот дом, а тоа е нашиот град Охрид“- изјави Кирил Трендафилов - Нанче.
Во рамките на униврзитетот се предвидува да функционираат повеќе катедри и тоа за : Комуникации и безбедност, Роботика, Информациони теории и анализи и Компјутерски науки.
Целта на универзитето е создавање на нови кадри и задржување на истите во државата. Со отворањето на ваквиот универзитет се предвидува дека ќе се привлечат нови странски инвестиции.
Универзитетот е предвидено да профункционира на први октомври оваа година.