ВМРО - ДПМНЕ - Политичка Партија

  • Креатор на темата Креатор на темата Флеш
  • Време на започнување Време на започнување

Добра е листата на пратеници?!

  • Да

    Гласови: 39 18,8%
  • Не

    Гласови: 140 67,3%
  • Така-така (Делумно)

    Гласови: 29 13,9%

  • Вкупно гласачи
    208
У Македонија никад немало здрава национална гордост и патриотизам. Сите земји кои ни говорат за европски вредности (Англии, Франции итн.) се земји со историја на национална гордост и свесност. @Sawyer88 замисли една секунда, да постои феноменот на Норвежани кои мислат дека се Швеѓани, ко што иаме бугарофилија овде. Замисли за секунда, некој да му каже на Швеѓанецот дека он не е Швеѓанец, туку Норвежанец. Дека нема јазик... Ние отсекогаш сме биле греота. Тоа што го праеше Грујо беше квази-национализам, а у пракса благе везе немаше со ништо такво. Заев уште помалце. Заев е епитомот на маќедонштината и нашиот менталитет. Бугарот и Гркот отсекогаш ни сереле на глава и ние сме го јаделе тоа со длабоки извинувања што сме им ги повредиле сентиментите. Да имавме здрава национална свесност (не национал-шовинизам), ќе допридонесевме за развој на државата. Национална свесност и патриотизам, во здравата смисла на зборот, не треба да подразбираат етничка супериорност или дискриминација кон други народи. Луѓе со здрава национална свесност работат за државата во која живеат и се гордеат со нејзе, без разлика на тоа кој етникум се. Ова тука со античкото маќедонче и све остало, е компензација за комплекси на нижа вредност, нешто налик на сорелските митови у наци Германија. Секогаш успева на почва по која чекори беда, мала самодоверба и утепаност. Утепан народ, без здрава национална свесност, почнуе да трза на национал-шовинистички митови. Овде ни тоа не успеа од што сме греота, иаме нула самодоверба ко народ. Ние сме народ што плука по све што е национален успех и си ги негира сите национални интереси. Ние никад не сме биле националисти (во смисла на национал-шовинистички народ). Уште помалку патриоти во позитивната смисла на зборот. Да бевме патриоти, ќе работевме на подобрување инфраструктура, квалитет на живот, наука, здравство, култура, спорт... Македонецот отсекогаш си го глеал личниот гз, камо да имаше национална свесност.
Имај предвид, „национална свесност“ и патриотизам не се иста работа со национализам (национал-шовинизам).
Маќедонците не се националистички народ, ние сме спротивното. Маќедонците немаат национална свесност, ниту се патриоти. Тоа што го праеше Груевски беше желба за моќ и продавање националистички митови на утепан народ за ќеш. Толку. Он никогаш не создал некој феномен на силен македонски национализам, тоа се муабети за мали деца. Бројот на националисти тогаш и сега е мање више ист. Дури сега можеби има поише националисти пошо владава усра работа и ги надрка сите. Сеа слободари почнаа да стануваат националисти. Така што не би рекол дека сме се ослободиле од национализмот. А полисата на ВМРО, у пракса, никад не била националистичка иначе немаше да праат коалиција со Аљи, Таљат да стане фактор и да се градат УЧК споменици на АРМ.

Сеа, шовинистички морони ко Бугарите, Грците и други говнари, мамата ни ја сотреа, а ние им се извинуеме пошто можеби сме националисти. Ја велам да им се извиниме на Евреите за Втората Светска Војна, нешто што Кате Колозова го начна како идеја. ;)
 
Последно уредено:
Задоволен сум од недостаток на било каков национализсм. Пошто национализмот ти е една од најголемите болести.
ама на никој не му е гајле од што си ти задоволен. Ти само помогна твојот да го снема, а на сметка на тоа соседните да експлодираат и сега да си на нивна милост .
Еве просветли ме, како градењето антички споменици, емисиите за белите македоноиди и побратимувањето со Хунзите не' заштити од национализмот на комшиите?

Не знам стварно. Ти еве се разбираш во национализам и болести, па објасни како тоа за неполни три години од Македонец станав Северномакедонец за секој светски медиум. Многу ме интересира.
 
Боже Господе, ова го снемало со мењањето на власт.
Свака част, у различна реалност живееме.

Директен пример сакаш? Ок, нема проблем.

Познавам еден од мојот град. Заврши факултет по информатика и одма се зачлени во грујово вмро. Наскоро го вработија на државно. Ама не на струката туку како инспектор за урбанизам. Веројатно свесен дека не е компетентен за работното место и дека му е дадено по партиска заслуга типот реши да се истакнува во секоја пригода. А тоа истакнување беше пишување на статуси со величење на лидерот, сочни навреди кон се што не е вмровско, исмевање со проблеми на својот народ... Дури се дрзнуваше да напише дека сите ќе му се фателе на градоначалникот или ги израмнуваше припадниците на опозицијата со свињи.

Каде е и што прави денеска, со сменета власт? Истото. Пак е на истото работно место, си зема државна плата, вози џип... Ич влакно не му фали. Пишува навреди кон Заев, отворено се изјаснува дека не навива за Македонија додека не се вратат неговите на власт, си тера партиска пропаганда на ФБ.

И не е само тој. Еве јас не знам ниеден вмровец од мојот град што живее полошо од претходно. Зборам за локалното раководство. Побогу, на две општински институции се уште директорите се од ВМРО.
Автоматски споено мислење:

ама на никој не му е гајле од што си ти задоволен. Ти само помогна твојот да го снема, а на сметка на тоа соседните да експлодираат и сега да си на нивна милост .


Не знам стварно. Ти еве се разбираш во национализам и болести, па објасни како тоа за неполни три години од Македонец станав Северномакедонец за секој светски медиум. Многу ме интересира.

Прво ме прашуваш дали сум задоволен а после викаш не ти е гајле дека сум задоволен? Па кој стојко ми реплицираш ако не те занима мое мислење?

Ако веруваш дека си станал Северномакедонец за само три години ќе ти кажам само дека си ептен наивен човек.
 
Делумно - да. Целосно - никако, ни од далеку.

Тврдам дека сега има поголема слобода од тогаш. Тука мислам и на слобода на говор, и на далеку помала цензура, и на слободен избор на работа. Престана шиканирањето ако си член на друга политичка опција и не ти бараат партиска книшка дури и за работа во приватна фирма. Професионално не осеќам сега никаков притисок да напредувам во кариерата.

Плус некои идиотштини заминаа во историјата. Пред се антиквизацијата и национализмот.

Ама ова е се капка во океан. Во областа на правната држава и економијата никако да се подобрат работите. Здравството искрено не знам кој и како би го оправил во иднина, до толку е лоша ситуацијата. Во образованието освен укинувањето на екстерното немаше друга корисна мерка...
Мене ме интересира која приватна фирма ти барала партиска книшка за да те вработи?
 
Еден од мобилните оператори.
Ок во ова верувам, знам и која е, знам партиски вработени таму во тоа време, но ова ич не ти е некоја теза за оправдување, истото ќе се случи ако и Заев ја доживее таа апсолутна моќ, ако добие уште едни избори.
 
Не знам зошто толку значење се дава на Шарената револуција која беше сајд шоу, Калето му рече на Али да коалицира со СДС и Заев бидна прајминистер.
 
Делумно - да. Целосно - никако, ни од далеку.

Тврдам дека сега има поголема слобода од тогаш. Тука мислам и на слобода на говор, и на далеку помала цензура, и на слободен избор на работа. Престана шиканирањето ако си член на друга политичка опција и не ти бараат партиска книшка дури и за работа во приватна фирма. Професионално не осеќам сега никаков притисок да напредувам во кариерата.

Плус некои идиотштини заминаа во историјата. Пред се антиквизацијата и национализмот.

Ама ова е се капка во океан. Во областа на правната држава и економијата никако да се подобрат работите. Здравството искрено не знам кој и како би го оправил во иднина, до толку е лоша ситуацијата. Во образованието освен укинувањето на екстерното немаше друга корисна мерка...
Тоа е твоето гледиште. Кога станува збор за слободата на говор, јас барем имам други сфаќања за тоа како се поместија работите.
Денес за разлика од порано се врши посуптилна медиумска цензура полна со „политичка коректност“ и исфорсирана „урамнотежена“ критика. Не е толку експлицитна (цензурата) како кога Латас држеше монолози, но сепак постои. Денес во медиумскиот дискурс може да се зборува за се, бомбандирани сме со дневна политика со краток рок на употреба, додека никој не се бави со крупните политики, со крупниот криминал. Исцртани се некакви невидливи граници за тоа до каде може објективното медиумско известување да се протега. Оној што посуштински ќе навлезе во информирањето, ќе почне да се бави со криминалот на оваа власт, некако магично бидува замолчен, се активираат невладините „експерутки“ за да ја изрелативизираат суштината, се оди со адхоминем дискредитации, ниски удари со испитување на менталната состојба на оној што се дрзнал да критикува и копа подлабоко, се прави класичен линч.

Оваа „медимуска слобода“ е привидна. Секој може да јаде „гомна“ за оваа власт, меѓутоа што фајде кога каналите низ кои што таа критика треба да излезе се во целост ограничени. Твојата критика ќе биде измаргинализирана, извадена од контекст и нема да преживее ниту ден во медиумскиот етер.

За партиските книшки, не се согласувам. Во јавниот сектор тоа е пракса. Во приватниот мислам дека тоа се должи на некои други процеси кои што немаат многу врска со политика. Во прв ред би рекол дека улога има недостатокот на квалитетен кадар.

Национализмот никогаш не постоел кај македонскиот народ. Тоа е заблуда. Да постоеше немаше да бидеме на ова дереџе. Овде вирее исклучиво гол опортунизам зачинет со бескрајна суета, друго ништо.
 
Прво ме прашуваш дали сум задоволен а после викаш не ти е гајле дека сум задоволен? Па кој стојко ми реплицираш ако не те занима мое мислење?
Не мислев на мене. Јас сакам да си задоволен и среќен, нормално. Мислев на околните национализми кои толку сакаш да ги нема , а откако се исра на својот, истите експлодираа и сега мора да им удоволуваш за да имаш иднина.
На бајката за свет без национални интереси и квази-космополитизам, единствени насанкани останавте вие .

Ако веруваш дека си станал Северномакедонец за само три години ќе ти кажам само дека си ептен наивен човек.

Нема јас што да верувам или да не верувам. Хронолошки е подредено се по датум. Можеме да нагаѓаме, ама тоа е само нагаѓање.
 
Еден од мобилните оператори.
Шо мислиш пред ВМРО и после ВМРО за некој работни места во Телеком не е партиски ?

Инаку да во некој фабрики и рудници вработувања од што сум запознаен одеа според партиски списоци. Една фабрика дури и закочи со отварање пошто не сакаа партиски да вработуваат па накрај мораше да вработи дел од ботови од ВМРО. Зборувам за време на ВМРО. Сега пак има исто , не до тој степен ама пак затоа сега пример тендерот за храна во фабрика/рудник одлучува СДС и имаме високи функционери на СДС што основаат фирми го зимаат тендерот и со некоја локална кафана делат профитот.
Можам уште примери да ти дадам ко на пример тој што дел од кампањата во градов им финансираше жена му си лапна 250 000 евра од ФИТР плус уште многу работи.
Муабетот ми е чуствуваш фрустрација пошто не те ухлебале и те боли што не ги намавале сите вмровци, а СДС си увек беше партија на уфилмани што глумеа некаква елита над рајата и нарамно дека нема од кур да те удрат тебе, твојте истомисленици што ги гласате и покрај се што направија ниту пак нас другите. Целта им е секогаш да се одвојат од рајата и да глумат надменост и да се богатат врз нејзин грб.
 
Настрана демагогии и релативизации, се тоа држи вода, така беше и затоа ете „режимот“ падна.
Ако на некој му беше исклучиво тоа целта, во тој случај, честитки, си ја остварил. Меѓутоа, од она на што јас барем се сеќавам во тие „револуционерни“ времиња се зборуваше и за некакви повисоки идеали освен нели, рушењето на Грујо. Мислам на она враќање на правната држава, мерит систем, ревизии, бројчаници...
Прашањето ми е: Што тоа подобро се смени денес, од тоа што беше во времето на Грујо?
Дали вие кои што бевте учесници во т.н „шарена револуција“ сте задоволни од постигнатото до сега? Дали вашите очекувања се остварија, ако не целосно, барем делумно?
Може ли некој да ми даде одговор, да исцрта една паралела тогаш - сега, и да каже кои се суштинските разлики денес во однос на она што беше порано? Како напреднавме и дали? Во кои сегменти денес се живее подобро од тогаш?

Дебакл.
 
Аман луѓе!
Ги заборавивте магарињата што ги тренираше Грујо!
 
Директен пример сакаш? Ок, нема проблем.

Познавам еден од мојот град. Заврши факултет по информатика и одма се зачлени во грујово вмро. Наскоро го вработија на државно. Ама не на струката туку како инспектор за урбанизам. Веројатно свесен дека не е компетентен за работното место и дека му е дадено по партиска заслуга типот реши да се истакнува во секоја пригода. А тоа истакнување беше пишување на статуси со величење на лидерот, сочни навреди кон се што не е вмровско, исмевање со проблеми на својот народ... Дури се дрзнуваше да напише дека сите ќе му се фателе на градоначалникот или ги израмнуваше припадниците на опозицијата со свињи.

Каде е и што прави денеска, со сменета власт? Истото. Пак е на истото работно место, си зема државна плата, вози џип... Ич влакно не му фали. Пишува навреди кон Заев, отворено се изјаснува дека не навива за Македонија додека не се вратат неговите на власт, си тера партиска пропаганда на ФБ.

И не е само тој. Еве јас не знам ниеден вмровец од мојот град што живее полошо од претходно. Зборам за локалното раководство. Побогу, на две општински институции се уште директорите се од ВМРО.
Автоматски споено мислење:



Прво ме прашуваш дали сум задоволен а после викаш не ти е гајле дека сум задоволен? Па кој стојко ми реплицираш ако не те занима мое мислење?

Ако веруваш дека си станал Северномакедонец за само три години ќе ти кажам само дека си ептен наивен човек.
И?
Ја да ти дадам 10 други директни примери сеа треба за да те разубедам?
Гурај си тркалото чим мислиш дека си свршил голема работа што со пенкало си урнал режим за сеа да живееш слободно као демек.
Автоматски споено мислење:

Претпоставувам е Телеком, а тоа не е целосно приватна фирма.
Абе и ден денеска го има тоа џабе да млатиме празна слама, без амин од локалниот пајташ нема вработуење у било која појака приватна фирма.
 
Познавал еден човек кој терал партиска пропаганда на ФБ и нешто не му фалело, и тоа било доказ за слободата која ја донел неговиот пресветол пастир, кој од петни жили го брани и величи по темиве со истите copy-paste муабети за донесена слобода и искоренета партизација. :pos:

Колку треба човек да е глуп и наивен, за да верува дека клиентелистички партии како ДПМНЕ И СДСМ ќе искоренеле партизација и ќе донеле некаква слобода.

Оваа партизацијава со 4131 вработувања во јавен сектор за ДВА МЕСЕЦИ, сигурно се чесни и поштени луѓе кои сосема слободно се вработиле, како последица на недостаток на кадар во јавен сектор. :LOL:

Стаменковска: За два месеци власта распишала огласи за 4.131 вработувања
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom