SuicideMessiah
Советник
- Член од
- 7 јули 2008
- Мислења
- 5.575
- Поени од реакции
- 295
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ на неколку месеци пред истекувањето на мандатот побара оставка од претседателот Бранко Црвенковски, обвинувајќи ги за кршење на Уставот, поради партиски активности во СДСМ.
„Со оглед на тоа што Бранко Црвенковски интензивно извршува партиски активности, партиски средби и посети очигледно е дека и официјално Црвенковски ја превзема функцијата шеф на СДСМ. Тоа тој го прави пет години, но во последните пет месеци неговото грубо кршење на Уставот кулминираше“, наведува партијата
„Затоа, ВМРО-ДПМНЕ бара г-динот Бранко Црвенковски, неодложно да си поднесе оставка од функцијата“.
Партијата наведува претседателот присуствувал на партиски состаноци со ограноците на СДСМ во Велес и Гостивар.
Реакција на претседателот Црвенковски
Кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски е изненаден од нервозата и паниката во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а побараната оставката ја условува со оставка на премиерот Никола Груевски.
Претседателот е подготвен да даде оставка на функцијата во моментот кога оставка ќе поднесе премиерот Груевски, кој користејќи ги службените возила и овластувања многу повеќе ангажиран за ВМРО-ДПМНЕ, отколку интересите на граѓаните, се наведува во реакцијата од претседателот
„Не е забрането, туку е и пожелно претседателот да комуницира и со политички партии во државата“, се наведува во соопштението.
„Доколку таква желба изразат претставниците на ВМРО-ДПМНЕ во било која општина во државата, можат да бидат сигурни дека таква средба ќе се организира“
Извор (Макfax)