Влијание на оптимизмот...

  • Креатор на темата Креатор на темата Гладиус
  • Време на започнување Време на започнување
Јас лично сум оптимиста, и тоа ептен ХАРДКОР one...секогаш се надевам на најдоброто, си мислам дека се ќе си се реши, се ќе си дојде на место, али никад не се дешава тоа...

плус сум и гооооолема мрза, што во комбинација со тоа дека сум оптимистички растроен, може да се каже дека тоа е убитачна комбинација...т.е. ако ми се јаде, јас место да станам да се најадам, јас се надевам дека ќе дојде некој па да ми спреми...со тоа ги нервирам сите од дома....

сума сумаре: Оптимизам + Мрза = lot's of fun...за тебе...
 
Бидејќи гледам дека се си искоментирал детално, сакам нешто да ти кажа...ЗНАЧИ ЗБОРАМ ЗА МЕНЕШТО ПРЕТСТАВУВА...Оптимизмот е само како што веќе кажав заблуда која не тера да веруваме дека за нешто ќе успееме, и за мене тоа е повеќе лажна надеж отколку размислување...Доколку би било размислување, тогаш не би се разведрувале со позитивни мисли туку едноставно свесно би ги правеле работите дои крај без разлика дали ќе успеат или не. Оптимизмот е само еден излез од мозочна блокада и страв од непознатото.

Е арно де, и јас кажав за мене што претставува. Затоа нема потреба да викаш или потенцираш (незнам што правиш со големите букви).
И да, еве уште еднаш. Ако не си оптимистички настроен кон некоја работа, нема ни да ја почнеш, за да еден ден дознаеш дали ќе успее или не. И ако гледаш така кон нештата, не значи дека си сигурен за крајот. Едноставно веруваш и даваш се` од себе, без оглед колку и што ќе постигнеш.
И ако е оптимизмот излез од некоја си мозочна блокада, лошо е тоа?
Ич не си ми јасен/на.:toe:
 
Искрено не може баш да се каже дека оптимистите се реалисити. Ако ти си реалиста поточно ако оптимистот е реалиста тогаш зашто одма гледа на работите од подобрата страна а не онака како што се одвива... Туку веднаш се замислува како тоа ќе успее и слично... А кога веќе ти почнуваш да правиш планови, а да ќе успее, можам јас и слично, почнуваш веќе да размислуваш на работата дека ќе се одвива онака како што ти сакасш да се одвива а не како што наведуваат условите... Затоа и оптимистите и песимистите бар за мене не се реални.:nesum:

Не можеш да гледаш на работите од подобрата или од полошата страна ако прво не гледаш/знаеш како се одвиваат или како се одвивале.:)
За мене, сите сме реалисти.Мислам, сите ја перцепираме реалноста таква каква што е, но едни гледаат на неа оптимистички, други песимистички.:toe:

Вториот дел што ти го болдирав, малку ми е нејасен, но мислам дека ти ја сфатив поентата, всушност самиот и ја кажа на крајот.Оптимистите се прилагодуваат на условите такви какви што се на почетокот, но за разлика од песимистите-тие ќе се обидат да ги подобрат (со надеж, верба, бла бла бла, бла бла бла...:)).
 
Ме мрзи да цитирам, меѓутоа ќе кажам дека се слагам со Ганимед ор ватевр, ние Балканците во принцип сме весели и позитивни луѓе и многу од нас имаат успеано ваму или таму, баш поради тој оптимизам и трудољубивост. Незнам кој го помеша тоа со состојбата на нашата држава- тоа нема благе везе со оптимизамот како мотивација туку со политиката.
Ти можеш да бидеш најтрудољубивиот работник на светот али доколку се водиш со песимистички и негативни мисли нема да мрднеш никогаш од местото кај што се наоѓаш.
И незнам зашто веднаш го помешавте оптимизмот со работата, кога пред се позитивното мислење е лек за душата во секоја ситуација, луѓе сме, ни се дешаваат секакви фрки во животот, каде би биле кога би се воделе со мисли од типот на- леле готово, крај,нема надеж. Јас сум тежок оптимиста дури можеби и идеалиста верувам дека после дождот грее најубавото сонце, и ваквото размислување ми има многу помогнато во животот, кога веруваш во нешто искрено-ќе се исполни :smir:
 
Одлично си ме разбрала...:pos2:

Многу смешно...Кажи што не сум те разбрала.
Ако случајно мислиш дека не сум те разбрала поради овој коментар што го дадов-
Оптимистите се прилагодуваат на условите такви какви што се на почетокот, но за разлика од песимистите-тие ќе се обидат да ги подобрат (со надеж, верба, бла бла бла, бла бла бла...:)).
знам дека тоа не беше твојата поента, туку јас сакав да ја оспорам со ова мое тврдење, а ако мислиш дека не е така-кажи.

Се надевам дека ќе бидеш поозбилен во наредната реплика.Ако пишам на темава, пишам за да дискутирам.
 
Многу смешно...Кажи што не сум те разбрала.
Ако случајно мислиш дека не сум те разбрала поради овој коментар што го дадов-

знам дека тоа не беше твојата поента, туку јас сакав да ја оспорам со ова мое тврдење, а ако мислиш дека не е така-кажи.

Се надевам дека ќе бидеш поозбилен во наредната реплика.Ако пишам на темава, пишам за да дискутирам.

Извини што ќе ти кажам, ама ти сега погрешно си ме разбрала не сакав да бидам ироничен туку не сакав да биде онаков обичен смајли мен туку нешо поенергично... Воопшто не мислев да ме сватиш дека сум ироничен туку баш напротив сакав да кажам дека конечно некој одлично ме разбрал...Извини ако те навредив:pipi:
 
И оптимизмот и песимизмот се -изми, што ќе рече - идеологии. Со други зборови: не се реално гледање на работите, туку моделирање на реалноста и нејзино претставување на овој или оној начин.

Затоа, може да се каже дека и двете се верувања: дека ќе биде подобро или полошо, соодветно. А бидејќи се верувања, не се докажуваат, туку се земаат здраво за готово.

Претпоставувам дека оптимизмот постои зашто постои песимизмот и обратно. Тоа се две крајности. Реалноста е секогаш некаде помеѓу.



Од искуство, оптимизмот има позитивно влијание, ама само кај оние што се спремни да го прифатат. Со други зборови, ако човекот сака да верува дека ќе му биде подобро, ќе му биде. Ако не сака да верува во тоа, бескорисни се сите оптимистички изјави, па дури и дејства - нема да имаат ефект.

Затоа, лично сметам дека е зрелост човек да биде оптимист и да гледа убави работи дури и во сред непогоди. Тоа е храброст и одважност, неопходна за да се достигне среќа.
 
И оптимизмот и песимизмот се -изми, што ќе рече - идеологии. Со други зборови: не се реално гледање на работите, туку моделирање на реалноста и нејзино претставување на овој или оној начин.

Затоа, може да се каже дека и двете се верувања: дека ќе биде подобро или полошо, соодветно. А бидејќи се верувања, не се докажуваат, туку се земаат здраво за готово.

Претпоставувам дека оптимизмот постои зашто постои песимизмот и обратно. Тоа се две крајности. Реалноста е секогаш некаде помеѓу.

Го цитирав само овој дел со кој не се согласувам.

Како прво ако човек има способност за моделирање на својата реалност тогаш тоа за него е фактичката реалност, бидејќи работите се случуваат во нашиот ум уште пред да земат материјалистичен облик. Што значи оптимистот или песимистот ја создаваат реалноста во својата глава потоа таа се манифестира.
Второ тие може да се наречат верувања но доказите постојат т.е. реалноста е доказ за песимистот или за оптимистот.
Реалноста е различна за секој човек во зависност што тој сака, таа не е помеѓу нив двете таа е двете, нели во зависност што се сака.
И не може да се наречат оптимизмот и песимизмот крајности бидејќи во тој случај со нив ја ограничуваш човековата психа, која има други крајност кои се поприлично далеку од овие две.
 
Едно ќе кажам околу ова. Пребарајте го и симнете го "The Secret"
 
Ај по ред.

Како прво ако човек има способност за моделирање на својата реалност тогаш тоа за него е фактичката реалност, бидејќи работите се случуваат во нашиот ум уште пред да земат материјалистичен облик. Што значи оптимистот или песимистот ја создаваат реалноста во својата глава потоа таа се манифестира.

Во тој случај, според тебе, не постои реалност - постои само *модел* на реалноста, кој за секој човек е различен и индивидуален. Верувал или не, се согласувам со тоа.



Второ тие може да се наречат верувања но доказите постојат т.е. реалноста е доказ за песимистот или за оптимистот.

Нели „ако човек има способност за моделирање на својата реалност тогаш тоа за него е фактичката реалност“ (твои зборови)?
Значи, ако човек ја моделира својата реалност, тој ги моделира своите докази. Реалноста не е никаков доказ (зборуваме за објективен, мерлив и непристрасен доказ; според тебе, реалноста е релативна и субјективна. И пак, верувал или не, се согласувам со тебе).



Реалноста е различна за секој човек во зависност што тој сака, таа не е помеѓу нив двете таа е двете, нели во зависност што се сака.
И не може да се наречат оптимизмот и песимизмот крајности бидејќи во тој случај со нив ја ограничуваш човековата психа, која има други крајност кои се поприлично далеку од овие две.

Па кој рече дека човечката психа е линеарна? Овие се две крајности... Зошто да нема повеќе?

Еве, ти наведи некои останати. Но по можност во друга тема, за да не забегаме на оваа...
 
Абе...Се Тоа Е Okay...AlwaYs Look on The Bright Side Of Life...АЛи да бидеме малце реални...Која е Користа Од Зјаење и Фантазирање за Свет со ВиножитЦа и Shiny Happy ppl..Тоа Не Е во Ред...Исто така Не е Во Ред Ако сИте Седнеме , Се Бедираме и Мислиме Дека Готово...Крај На светот...Треба дА се биде реален...:salut:
 
Да си оптимист е прекрасна работа, може значително да ти го разубави животот, ама колку што може да ти го разубави понекогаш знае и од земја да те мавне кога ќе се судри со реалноста.. сепак поубаво, него да си песимист....
 
Предходната тема која ја имав отворено беше сосема различна од оваа но еден од коментарите ме поттикна да ја отворам и оваа тема.
Живееме во свет на илузии, свет во кој сето она што го сакаме е толку блиску а и толку далеку од нас. Сите од нас, на еден или друг начин веруваат деа ќе успеат во нешто кое што го имаат замислено. Но да се запрашаме, дали оптимизмот е токму она што влијае на нашите одлуки. Не дека не верувам во дејствувањето на психата врз сите работи, напротив потполно и се согласувам со тоа. Но оптимизмот е нешто друго. За мене тоа претставува единствен излез од некоја ситуација, која во моментот ни се чини безизлезна, но всушност е енда многу проста и лесна задача, која животот ни ја има поставено. Секако дека оптимизмот делува добро за расположението, но сепак зашто да веруваме дека се ќе заврши добро, зашто да живееме во заблуда дека сите работи туку така, одеднаш, ќе се средат сами по себе, со наш, многу мал допринос. Дали треба да веруваме дека нештото кое што највеќе ќе ни помогне во животот е оптимизмот? Секако дека не. Во кој правец би се движел светот, ако се наеднаш оставиме како што е и само имаме верба и се надеваме на подобро (поточно станеме оптимисти кои слепо веруваат на ова размислување). Каде се сите оние падови во животот, за кои и покрај се што сме сториле и покрај оптимизмот, останале неуспеси во животот. Покрај се, не за џабе постои и онаа рамнотежа во природата ЈИНГ и ЈАНГ... Мораме да се соочиме со реалноста дека да се биде оптимист и не е најпаметната работа во денешно време. Зад секој успех, многу добро знаеме дека постојат многу прегазени луѓе, гордост и суровост. Епа и не гледам некој оптимизам во целава работа и целиов живот, кога на крај сите умираме, оставајќи зад себе еден цел куп од работи кои на крај и не ни се потребни. Но тука пак ќе се јави оптимизмот. Задгробен живот, спас од маките... Е сега конечно можам да се поврзам со претходната тема......А ШТО ПОНАТАМУ?!?!...
Како оптимизмот вилјае на луѓето и дали е позитивен или негативен...одлучува човекот како единка...дали ќе веруваш дека помошта доаѓа сама по себе, или цврсто ќе застанеш и ќе ги преземеш работите во свои раце е твој личен избор. Само едно можам да кажам со сигурност, оптимизмот не е ни приближно средство за борба во животот за постигнување успеси како што се ЖЕЛБАТА, ВЕРБАТА И НАДЕШТА...

Оптимизмот воопшто не е начин на живот,,тоа претставува само позитивен став на прифаќање на реалноста,,односно позитивно гледање на работите и надеж дека ќе се решат како што треба.Но,,тоа не значи дека луѓето кои се оптимистички расположени не превземале нешто во врска со решавање на проблемот..Напротив,,постојат работи кои не зависат само од нас,,и покрај се што сме направиле,,а сме направиле се што е во наша моќ,,е тогаш ни останува само да бидеме оптимисти,,зошто со негативното размислување никаде нема да стигнеме...И во право си дека оптимизмот не е средство за борба во животот,,но тоа исто така е многу позитивна особина која треба секој да ја поседува...Секогаш треба да се надеваме на добар исход од работите за кои се трудиме,,и тоа навистина може да испадне така... И воопшто не се согласувам за тебе кога велиш дека оптимистот чека помошта да му дојде сама по себе,,како што кажав постојат ситуации врз кои не можеме да влијаеме,,но оптимистичкото расположение во никој случај не можеш да го поистоветуваш со нешто како кукавичлак,,и немоќност да оптимистот се соочи со работите,,па затоа не превзема ништо и чека дар од бога.. Оптимист можам да кажам, дека е човек кој ги гледа позитивните страни на лошите нешта односно ситуации или проблеми во животот,, и така наоѓа начин за да ги реши истите,,нормално очекувајќи успех.
 
:helou:Оптимизмот го сваќам како верба која ќе те мотивира повеќе да се трудиш за тоа во што веруваш.кај песимизтот битката е завршена уште пред да почне додека оптимизтот ке се труди до последни сили .ако и тогаш не успее веднаш ќе бара друго решение. гласам за оптимизмот.:smir:
 
Дали оптимист, или песимист, некако исто е.
И во двата случаи, одбираш црно или бело, и остануваш не свесен за нијансите на животот кои се наоѓаат помеѓу.
Односно, како и секој екстрем, така и оптимизмот и песимизмот, ако се присутни кај некој во исклучителна количина, можат да бидат деструктивни.

Не ги поднесувам оние позитивистички фразички, кои онака површно велат, се ќе биде во ред. Не, не е така. И животот е често неподнослив. Кој го негира тоа лаже, или е заслепен.
Но, лажни се и оние фаталистички, црни сценарија.
А, вистината, како и обично, се наоѓа некаде помеѓу.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom