Влијаењето на професорот врз сакањето на предметот?

Ако не ми се учи тој предмет нема да го учам нема врска каков е професорот , по математика и Памела Андерсон да ми дојде нема да учам , нема доволно да ме мотивира да седнам да го учам предметот ... :uvo:
 
Мене ми влијае и тоа многу...Физика многу сакав како помала и имав потенцијал за нејзе..Ама кога почна во прва да ни предава професорката....Ми се одмили..Еве сега и на факултет исто статистика ни предаваше еден мутав професор абе штооо..И се уште го немам положено ама не ми се учи некако тој предмет,зедов порешавав некои задачи можев да ги решам лесно ми одат...Ама како што ни предаваше професорот и беше досаден го направи и предметот досаден и никогаш не го вежбав...
 
Абе вие да не ги мрзите професорите поради слабите оценки?
 
Секако дека влијае...Ако професорот ти се дере ти се заканува итн итн.Што ти ке го сакаш тој предмет или едвај ке чекаш да ѕвони и да си ја киднеш низ врата :DD
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom