Владо Јаневски - плагијатор

  • Креатор на темата Креатор на темата Димитар
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Веб-сајт
www.demirhisar.gov.mk
Темава која се врти низ интернетов на Македонија, последниов месец, ме зачуди кога видов дека нема отворено тема на кајгана (ако има, бришете)

Владо Јаневски страшно ме разочара, како човек кој најмногу го ценев поради добрите балади кои ги има.

Всушност без да напише дека тие песни му се земени од тој и тој автор, ставил потпис на неколку „негови“ хитови. Можеби има и повеќе, но блогерите ВББ и Зорив го разоткрија на 4-5 песни.

Да почнеме:
Прво:
АЛЁНА АПИНА - ЭЛЕКТРИЧКА
Владо Јаневски - Не заборавај да се сетиш на мене (во живо)


Второ
Алла Пугачёва - Позови менја с собој
Владо Јаневски „Тајна отровна“

Трето

Четврто
„Ако не те сакав“ од Владо Јаневски (2004) и "Perdere l'amore" на Massimo Ranieri (1988)


Петто:
Владо Јаневски - Твоите очи

Наздравје....
Како и да е, ме разочара Владо...
 
Мене ме разочара кога го прочитав ВББ пред некоја недела/месец... Ми беше омилен македонски пејач :(
 
за ова имам чуено поодамна дека на времето кога шетал по Русија уствари ги склопил сите овие песни,не знам не ги ислушав сите скроз ама најчесто се работи за “крадена’’ музика текстот мислам дека си е негов...

ебемлига нека си пее добар е
 
Aко ти бил омилен пејач, нема причина да не остане истото. Ако ти бил омилен текстописец, исто така. Ако ти бил омилен композитор, тогаш подзамисли се :)

Барав на нет - и не најдов инлеј од ЦД обвивка на Владо... Дали има некој да скенира и да прати или бар да напише, кој е потпишан како автор на МУЗИКАТА на горенаведените песни, освен на музиката на Твоје Очи за кои само луд човек би се осудил да не каже дека ја напишал Чола или Бајага, не сум сигурен - бидејќи песната била огромен хит на просториве, што не може да се каже за руските хитови, некоја песна на Б страна од плоча на Род или па Масимо Раниери.

Ајде да го отвориме и тука досието Владо, али со факти и со размислување :) Кој ќе даде информација за она што побарав?
 
Tипот е ѕвер...има глас,има текстови...добро де,видел добри песници решил да ги преработи И? Што е тука големата работа...сите го прават тоа,сами ние ќе се праиме поштени?
 
Одамна се знае дека на Владо,поголемиот број од песните му се преработки.Мене на пример,уопште тоа не ми смета.Пошто знам дека текстовите се негови,и се ТОП,а и глас има,и знае како да се понаша,што е голема реткост кај нас на оваа (како да ја наречам) сцена!
 
Одамна се знае дека на Владо,поголемиот број од песните му се преработки.Мене на пример,уопште тоа не ми смета.Пошто знам дека текстовите се негови,и се ТОП,а и глас има,и знае како да се понаша,што е голема реткост кај нас на оваа (како да ја наречам) сцена!

И јас уживам во неговите текстови.


Не знаев дека ги има преработено овие песни , но воопшто не ми го смена мислењето ,
за мене ќе остане еден од најголемите хитмејкери на нашиве простори
 
Јаооо се разочарав ептен, зар и он лелее, инаку барав да видам кој се потпишал под песниве како автори ама ништо не најдов. Ама уште ќе бараам.
 
еве еден разочарувачки факт(покрај тоа дека дедо мраз не постои): и на врчак песните(музиката поконкретно) се крадени... :(

иначе за владо тоа одамна го знам, бар за некои од неговите песни од понов датум. за тие старите, мислам дека музиката не е крадена. корект ми иф ајм вронг.
 
Батерфлај, ако сакаш скенирај ја обивката во повисока резолуција и прикачи ја да ја разгледаме
 
Ме интересира зашто разочарување? И ГНР имаат пеено и препејувано туѓи песни...цела бугарска и српска цена користат туѓи песни...тоа го напраил и Владо...голема работа
 
Штета, ама како и да е, неговите песни секогаш ќе ги ценам, и нормално, него како човек.
 
Најмногу ми е криво за фактот дека продава производ најскапо во Македонија, а самиот производ е копија.

Познавам еден човек, кој објави збирка на поезија... копија од еден друг странски автор.

Сега прашањето... дали е тоа кражба?
Каде е тука авторското право?
Искрено, колку и да го почитував Владо, криво ми е што открив ваква работа за него.

Китењето со туѓи перја не е ништо друго туку Кражба.

да потсетиме:
ЗАКОН ЗА АВТОРСКОТО ПРАВО И СРОДНИТЕ ПРАВА



Член 7 став 1​
Збирка на авторски дела, на дела од народното творештво, на други дела или друг материјал, како што е: енциклопедија, антологија, зборник, база на податоци, збирка на документи и други збирки, што според изборот или распоредот на содржината претставува индивидуална и интелектуална творба, е самостојно авторско дело.


“Член 7-а​
База на податоци во смисла на членот 7 од овој закон е збирка од независни авторски дела, дела од народното творештво, други дела, податоци или други материјали подредени на систематски или методичен начин и кон која може да се пристапува индивидуално преку електронски средства или на друг начин.

Членот 19 ставот 1​
Авторот има исклучиво материјално право да го користи своето дело и да дозволува или забранува користење на делото за: издавање, репродукција, дистрибуција вклучувајќи и изнајмување и позајмување, јавно изложување, јавно соопштување и преработување.
 
Сам кажа...има шанси да добив авторски права,т.е право да се користи со веќе готова музика....така да тоа не е кражба
 
Сам кажа...има шанси да добив авторски права,т.е право да се користи со веќе готова музика....така да тоа не е кражба
Ајде добро рече Серпико.

Чекаме некој кој го има омотот, да го скенира, и да го видиме. Ако се напишани оригиналните автори... добро е, копира, но со дозвола...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom