Многу добар блог пост на темава 
Шашардисуење!
Ве молам вратете ги кампањите, мојот живот без нив овие денови како да загуби смисла! Знам станав зависник од нив, но што да правам без нив? Ништо повеќе не е исто! Па на кој-ли пезенвек му текна да ги секне? Сал да знам кој е тој, му ги пукнав гумите.
Ова нагло снемуење кампањи ми го поремети животов, тектонцки…
Најпрвично, загубив чувство за идентитет, просто не знам кој сум, јас ли сум Македонија или мојот комшија, или е можеби тоа поштарот кој ни ги носи сметките, или е тоа другар ми на постдипломски во странство, или може ќе е некој сосема друг, некоја си мистериозна персона? Уште не се разјаснивме кој е кој во оваа извонредна квискотека и игра на детекција, и оп ја снема кампањата. Јаз‘к! Искачам јас онака кажуално надвор а комшијата ми вика „Јас сум Македонија!“, ја му викам „Стварно? Ма баш фино!“ и си продолжувам, кога ете ти го поштарот па и он ми списка „Јас сум Македонија!“ И ти ли бе, викам јас, па ми стана чудно, но си продолжувам. Ми се јавува другар ми и он ми вика „Еј, јас сум Македонија!“. И тука ми пукна филм, ги собрав дома, ги наредив и почнав да ги распрашувам, мора да се разјасни работава, кој е сега Македонија. И почнав систематски да ги распрашувам, само Оливер Млакар ми фалеше со некоја своја доскочица, па им викам: од кога ти си Македонија, дали со тоа се занимаваш професионалнo или ти е хоби, и оп, снема рекламата и ми се збунија луѓево и се разотидоа.
После, секундарно, загубив самодоверба! Откако го изгледав ултра-мега-гига-хипер генијалниот спот со Александар едно 243 пати и таман почнував да навлегувам во длабочините на неговата вонвременска храброст и порака, и tоа ми го секнаа! Ужасија! Сега не знам што да правам. Паника, плач, патос! Таман планирав да му ја зачукам на типот што ни ги краде бришачите во зграда и сега ништо!
Како трето, повеќе не сум ни толерантен, што да ти зборам. Почнав нагло да се расправам со луѓето, дома, на улица, на работа, ма кај сакаш! Чудо! Мислам дека предизвикав еден вруток од солзи, и тоа само оваа недела. Почнав да хистеришем за сѐ и сешто, не знам што ми стана, се изреметив!
По четврто, сега откако ги снема кампањите не знам дали треба да пријавувам корупција или не, дали сега тоа не важи повеќе односно заврши сезоната на лов на корумпирани? Мислам одат избори, па ако е така, добро би било некој да му објасни на населениево, оти не би било лошо да си ќариме барем по некоја вреќа брашно, ако не друго.
После ми го снема тој пауер поинтот со порака за храброст, упорност, чесност, а ми беше омилено тв-шоу, таква инспирација не ми дал ни Антони ди Мело во времето на мојата адолесценција. Сега сум и изгубен и загубен. Ma Lost петта сезона, остров Македонија.
На крајот на краиштата, воодушевен од полетноста која ми ги вбризгаа овие кампањи решив да инвестирам во Македонија. Нема друго чаре, одам да фрлам ѓубре на улица, погрешно да се паркирам, да правам ајвар среде јануари пред зграда, ако, ако, ќе платам сите можни казни, така ми треба, но знам каде че заврши сето тоа, треба земјава да се гради и нова сезона да се отвори, ваква апстиненција може скапо да нѐ чини.