Сакаме или не ние сега или за некоја година ке се покачат годините за пензионирање тој е тренд што ја зафаќа цела европа и од тоа нема бегање пред ептен брзо време и Словенија ја покачи старосната граница пензија. Во времето на Поранешна Југославија 3 вработени издржуваа 1 пензионер а сегашниот однос е 1,5 вработен издржува 1 пензионер, ако имате предвид дека Македонското население старее а се помалку млади лица се раѓаат, притисокот врз пиом ќе биде се поголем парите владата што ги дава на пиом за да покрие дупката која се прави од тоа коллку пари зема од придонеси за пензиско и колку пари за пензии исплаќа , таа дупка секоја година станува се поголема ако го земете во предвид покачувањето на пензиите што владава го најавуваа таа дупка ке стане се поголема од пиом, од една страна владата ги зголеми пензиите а од друга страна ги намали и придонесите за пензискот што ги плакаат компаниите. Сум ги анализирал сум правел мубаети сум ги следел како се одвиваат работите во Европа за оваа проблематика следното можам да ви го кажам. Не само што ќе се покачи за неколку години старосната граница туку во иднина можно е и да има намалување на пензиите. Така да уште сега почнете да тргате некој денар на страна ако сакате да имате пристојни пензионерски денови. Инаку со ова брзо темпо на пензионирање и на покачување на пензии за 10-15 години повеке од пола Македонски буџет ќе треба да се дава само за пензии и социјални надоместоци(не ги вклучувам тука платите на административците оваа бројка тие се плус товар на буџетот) сите што беа сериозни држави најголем дел од западна европа и северна европа постепено ги покачуват годините за идење во пензија. Немам намера повеќе да коментирам на темава, што имав да кажам кажав дали ке верувате на ова или нема да верувате тоа е ваша работа.