Стефус-Рефус
Jesus Loves Macedonia
- Член од
- 30 август 2009
- Мислења
- 3.452
- Поени од реакции
- 1.210
ВЛАДАТА СЕ ПРЕИСПИТУВА ЗА ПОВИСОКА ГРАНИЦА ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ?!
Високи владини функционери зад затворени врати ја разгледувале можноста за покачување на старосните граници за пензионирање во Македонија за да се спаси пензискиот систем од должничката криза
Најчувствителното прашање - за зголемување на возраста за пензионирање, кое месецов ја тресе цела Европа, деновиве се дискутирало и во македонската Влада, дознава „Капитал“. Високи владини функционери зад затворени врати ја разгледувале можноста за покачување на старосните граници за пензионирање за да се спаси пензискиот систем од должничката криза.Македонскиот пензиски систем од година во година станува сe позависен од државната каса. Веќе 35% од буџетот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) е од државни пари. Старосните граници за пензионирање, пак, во земјава се убедливо најниски во споредба со регионот.
Иако никој од Владата не се осмелува јавно да прозбори на ова тема, сепак признаваат дека будно ги следат турбулентните случувања во пензиските фондови. Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, остро ги отфрла информациите дека Владата крои нова пензиска политика...