Владата прави терен за забрана на абортусот

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување
дај кажи ми дали не е убиство на 11 , 12 , 13... годишни деца да им дозволиш да родат дете коа на таа возраст се самите тие деца

Овие со нивните 11, 12, 13... годишни деца ми се најсмешни од сите. Божем децава од 5-6-7 одделение се отепаа раѓање. Ало, дали сваќаш дека бројот на жени преку 20 години (години кога се најплодни, години кога би родиле и израснале најздраво дете) кои абортираат далеку е поголем од девојчиња помлади од 18 години????
 
Животот е полн измачување. Сечиј живот. Мојот бил мачен, твојот бил мачен... ќе имаме мачни моменти, до последниот здив. Има моменти кога сум посакувал да ме нема... загубена љубов... проблеми со домашните... лош/депримитирачки период од животот кога се ти е црно, нешто со основа, нешто без... Имало и многу прекрасни моменти, уште по прекрасни ни доаѓаат, на двајцата нас.
Во овој момент, мило ми е за сите добри и лоши моменти што ги изживеав. Мило ми е што живеам. Мило ми е што една девојка ме изневери, ја фатив додека го правеше тоа и ми го скрши срцето на милион мали парчиња... мило ми е за другата која ја запознав после нејзе, прав ангел да ја видиш, само крилја и фалат а добро е и што ги нема, да не ми одлета некаде :icon_lol:
Мило ми е за секој ситен момент. Ако некогаш пак посакам да ме снема, те молам потсети ме на постов.
Секој заслужува шанса тенеке. Секоја Божја креација заслужува шанса. Еве, ако не си верник, ќе ти се обратам со: секоја креација на природата заслужува шанса. Бидејќи природата некому дава а некому не и бааги специфична е во таа работа. Живот не смее никој да одземе, без разлика во која фаза на развивање е тој.
Не викам ебете се и раѓајте деца, викам дека треба да сте свесни која игра ја играте, во секој момент, меѓу секое оооооххх.

Фино објаснето, многу романтично, за разлика од овај сељаков Каран.

Проблемот е што јас не мислам мојата девојка/жена да ја оставам да прави абортус, дури и на 19 години кога мислев дека ја утнав работата, бев спремен да се соочам со тоа и ни на крај памет не ми паѓаше абортус.

Ама не можам да ги смислам сите овие филозовски/религиозни дискусии во кои се повикуваат дека никој нема право да одземи живот.

Ако некој не го сака тоа дете, подобро нека не го раѓа, зошто да му биде животот мизерија, исто како и со еутаназија, ако на некого животот му е мизерија од здравствени причини нели е подбро да заврши со него. Што живот е тоа.
 

Овие со нивните 11, 12, 13... годишни деца ми се најсмешни од сите. Божем децава од 5-6-7 одделение се отепаа раѓање. Ало, дали сваќаш дека бројот на жени преку 20 години (години кога се најплодни, години кога би родиле и израснале најздраво дете) кои абортираат далеку е поголем од девојчиња помлади од 18 години????

Не си ме сватил друшкане. Муабетот ми беше доколку го забраниме што правиме со оние екстремни случаи што ги наведов погоре.
 
Ако некој не го сака тоа дете, подобро нека не го раѓа, зошто да му биде животот мизерија, исто како и со еутаназија, ако на некого животот му е мизерија од здравствени причини нели е подбро да заврши со него. Што живот е тоа.
Го спомна прееска Бошко. Фино од твоја страна. Ти да речеме кога би знаел дека Бошко ќе биде напуштен од неговите родители на таков подол начин, највероватно ќе се решеше дека најдобро е да биде абортиран. Пеќи, во умот не можам да ти чепкам.
Ама еве, знаејќи се што знаеш за Бошко, со колку процент на сигурност можеш да ми гарантираш дека утре Бошко ќе е машинобравар во некоја работилница која изработува многу добри брави. Знаеш, квалитетни, добро се затвараат, фазла трошок не прави, како беше рекламана.
Или.... ќе стане јак информатичар, лекар, економист...?

Не си ме сватил друшкане. Муабетот ми беше доколку го забраниме што правиме со оние екстремни случаи што ги наведов погоре.
Има бе закон за нив, само до вториот месец на зачнување, во одредени случаеви како на пример животот на мајката е во ризик, плодот е резултат на силување, плодот е со тешка деформација (преведено поинаку, голем е процентот на сигурност дека нема ни да се роди живо или ќе умре во првите неколку дена/месеци од што е премногу оштетен)... и уште 1-2 беа.
Значи си има закон за нив.
Што правиме со тоа што статистиката говори дека бројот на абортуси е скоро еднаков со бројот на раѓања?
Јас, имајќи ја во предвид државната статистика, и твојот пост, доаѓам до заклучок или дека нашите основки ептен се онаквуваат, скоро сите, без исклучок, или плодовиве ептен не ни ги бива.
Ама не е така воопшто.
 
Го спомна прееска Бошко. Фино од твоја страна. Ти да речеме кога би знаел дека Бошко ќе биде напуштен од неговите родители на таков подол начин, највероватно ќе се решеше дека најдобро е да биде абортиран. Пеќи, во умот не можам да ти чепкам.
Ама еве, знаејќи се што знаеш за Бошко, со колку процент на сигурност можеш да ми гарантираш дека утре Бошко ќе е машинобравар во некоја работилница која изработува многу добри брави. Знаеш, квалитетни, добро се затвараат, фазла трошок не прави, како беше рекламана.
Или.... ќе стане јак информатичар, лекар, економист...?


Има бе закон за нив, само до вториот месец на зачнување, во одредени случаеви како на пример животот на мајката е во ризик, плодот е резултат на силување, плодот е со тешка деформација (преведено поинаку, голем е процентот на сигурност дека нема ни да се роди живо или ќе умре во првите неколку дена/месеци од што е премногу оштетен)... и уште 1-2 беа.
Значи си има закон за нив.


За првиот дел:
Види сето тоа е филозофска дискусија, можеби Бошко ќе биде човек кој ќе ја спаси земјинава топка од катаклизма, незнам, ама сепак е тоа филозофска расправа, а животот сепак не е филозофија.

За вториот дел:
Кога веќе се забранува абортусот како убиство, па нели и тој плод кое можеби ќе биде дефектно и тоа е сепак убиство.
Како што знам ако убиеш инвалид исто се одговара.
Или зошто да се убие плодот ако го загрозува животот на мајката, па нели и тоа не е давање на шанса на плодот. Нека одлучи природата на крај и краиштата.

Како може да биде легален за нешто, а за друго не?
 
За да не правиш муабет без врска, ќе го кажам само следново:
Абортусот е појава која е во директна спротивност со основното човечко право на живот........ .

Ова е извртување на работите, во овој случај дали воопшто имаме човек?
Или посирово и погрубо кажано дали она нешто што наликува на водоземец (мислам на периодот кога е дозволено да се изврши абортус) и не е способно за самостоен живот и потполно зависи од тоа што ќе му го даде носителот е човек.

Толку за тоа.

И да се донесе овој закон ништо не е направено (освен што ние овде се надмудруваме).
Кој ќе врши контрола дали некоја била трудна и извршила абортус негде надвор, тука илегално или самата предизвикала спонтан абортус .... да не ќе пропишат дека ќе треба секоја способна жена за раѓање секој 15 дена да врши тест на бременост во некоја здравствена установа.

Кој наумил да го направи тоа и ќе го направи на овој или оној начин а ние овде може само да се трескаме од земја , затоа не се потребни вакви ригорозни закони бидејки имаат само контраефект и ги поттикнуваат луѓето на илегални работи.
 
За првиот дел:
Филозофски пристап, ама реална и конкретна дискусија. Батали го мојот романтизам ако сакаш и кажи ми дали ако знаеше дека Бошко ќе биде фрлен на улица од неговите родители а ти имаше беше семоќен, ќе му го ускратеше животот? Поентата ми е дека не смееш ти да одлучиш што е најдобро за Бошко. Го фрлиле на улица па одма го користиш тоа како пример зошто да е дозволен абортусот... Моите 13 години ме фрлиле во болница па пак не ми се дава да ме абортирале ако знаеле што ме чека ебате беља ебате (да скратам романтизам и да покажам малку заби :icon_lol:) Роди ме, фрли ме ако сакаш и тоа е твој избор, сам ќе си се снајдам.

За вториот дел:
Не е убиство бидејќи плодот ќе умре секако (докажано милион пати во науката... го прават тоа по тефтер, и со многу голем процент на сигурност... не се остава можност за ризик дали бебето ќе преживее или не... на крај краишта, крајната одлука останува на родителите дали ќе ризикуваат и ќе го носат па да видат што ќе се случи или ќе ја примат сугестијата на лекарот која се основа на милион поранешни исти случаеви).
И не, не зборуваме за инвалидност како деформитет. Зборуваме за мозок у стапало, срце у нос.
Она за мајката е етичка одлука. Не е забрането мајката да одлучи да ризикува до крај и да умре откако бебето ќе се роди, познати се случаеви кога мајката починала за да го роди детето. Значи законот не те ОБВРЗУВА да го абортираш детето ако е ризик по твојот живот а ти си мајка и имаш цицки, ти дава СЛОБОДА да го абортираш бидејќи тој плод е ризичен за твојот живот, а твојот живот ти е по мил, без законски последици.
Houston, do you get me?

не се потребни вакви ригорозни закони бидејки имаат само контраефект и ги поттикнуваат луѓето на илегални работи.
Грешиш воне. Ти слободно можеш дома да ја измаваш твојата трудна девојка/жена по стомак за да предизвикаш абортус. Законот е тука за да ја казни таа постапка (ако се дознае, јас синоќа шитнав трева, ама никој не знае, шшшшшш). Она дека луѓето од инает ќе абортираат повеќе, ми е смешно, извини вака :icon_lol:
 
...............Она дека луѓето од инает ќе абортираат повеќе, ми е смешно, извини вака :icon_lol:
Па нормално дека смешно изгледа посебно откако во цитатот го ибриша првиот дел од тој пасус.
Убаво на почетокот си е напишано ...кој наумил...

под илегални работи не се подразбира поттикнување на желбата за абортус туку начинот на негово извршување.

... и не мора никого да млатиш по стомак...постои хемија за таа работа..
 
За првиот дел:
Филозофски пристап, ама реална и конкретна дискусија. Батали го мојот романтизам ако сакаш и кажи ми дали ако знаеше дека Бошко ќе биде фрлен на улица од неговите родители а ти имаше беше семоќен, ќе му го ускратеше животот? Поентата ми е дека не смееш ти да одлучиш што е најдобро за Бошко. Го фрлиле на улица па одма го користиш тоа како пример зошто да е дозволен абортусот... Моите 13 години ме фрлиле во болница па пак не ми се дава да ме абортирале ако знаеле што ме чека ебате беља ебате (да скратам романтизам и да покажам малку заби :icon_lol:) Роди ме, фрли ме ако сакаш и тоа е твој избор, сам ќе си се снајдам.

Што да оговорам, неможам јас да го убивам Бошко, тоа требало неговите да одлучат, не требало ниту да го раѓаат.

Јас само можам да му посакам или помогнам ако треба, да си го живее што подобро животецот свој.

Инаку како да не го спомнувам неговиот пример?
 
кој наумил...
...ќе го направи тоа.
Многу точно. Истата девиза важи за организираниот криминал, за проституцијата, за убиствата, детската порнографија, за што ти знам јас друго. Дали тоа значи дека законите треба да ги укинеме? Што, и така тој што наумил (а наумуваат луѓето секакви работи) ќе го направи тоа.
Си забележал нешто интересно... дека сите закони се кршат?
Така и со овој ќе биде. Сигурен сум во тоа 102.5%. Нека се прекрши од еден, од двајца, од дваесет... не ми пречи, најискрено. Луѓето и ден денес си дуваат нос на улица, и секогаш ќе има еден или двајца кои ќе го прават тоа. Секогаш.
Само придобивката ме радува.
Ќе се спречи трендов кој вика дека на секое родено дете, има едно абортирано. Ќе повторам, на секое родено дете, има едно абортирано.
постои хемија за таа работа..
Нисам знао, а не ми ни треба да знам.
не требало ниту да го раѓаат.
Замисли друже... за 20 години од сега ти ќе имаш над 40 претпоставувам. Бошко ќе има 20. Ќе те скрши од ќотек ако го прочита ова, а јас ќе го чувам за да те условувам да вршиш валкани работи за мене :icon_lol:

Едит: Инаку, темава ми е исцрпена. Се обидов да дадам мое сваќање зошто мислам дека има потреба од ваков закон и се надевам ме разбравте. Вие што ќе одлучите на крај е навистина ваша работа и не смеам да ве убедувам да го смените мислењето бидејќи со тоа кршам закон, оној кој вели дека секој човек има право на свој слободен избор, слободно размислување и убедување. Малку ми е педерски што на бебињата не им се дава тоа исто право кое вие го уживате, ама се надевам да се смени тоа.
 
...ќе го направи тоа.
Многу точно. Истата девиза важи за организираниот криминал, за проституцијата, за убиствата, детската порнографија, за што ти знам јас друго. Дали тоа значи дека законите треба да ги укинеме? Што, и така тој што наумил (а наумуваат луѓето секакви работи) ќе го направи тоа.
Си забележал нешто интересно... дека сите закони се кршат?
Така и со овој ќе биде. Сигурен сум во тоа 102.5%. Нека се прекрши од еден, од двајца, од дваесет... не ми пречи, најискрено. Луѓето и ден денес си дуваат нос на улица, и секогаш ќе има еден или двајца кои ќе го прават тоа. Секогаш.
Само придобивката ме радува.
Ќе се спречи трендов кој вика дека на секое родено дете, има едно абортирано. Ќе повторам, на секое родено дете, има едно абортирано.

Нисам знао, а не ми ни треба да знам.

Никој не рече дека не е потребен закон, проблемот е во неговата содржина. Законите треба да ја одразуваат реалната слика а не нечија идеалистичка и моралистичка желба

За здебеленото...ова сега го знаеме бидејки се има увид во абортусите... после евентуалното носење на законот соодносот само званично ќе биде намален додека во реалноста ништо нема да биде променето:toe:
 
Их, што умни сте се собрале.. :kesa::kesa::kesa:
Исто е, а???? Клетка и организам е исто??? Клетка и човечки организам е исто???
Ми наликувате на заштитувачите на животински права: Да си убиел кокошка и човек било исто??:uvo:
Од кога човекот е човек??? После 7-от месец???? Хитлер бил одвратно суштество, Калигула бил психопат??? Не би рекол.
Тоа што нашето општеството (чии чинители сме ние!!) не нуди алтернатива и средина за изградување во нормални личности на тие деца, не е оправдување за такво чедоморие.


Aбе слики од абортус барем се слики од неформирани клетки, неформиран фетус. Да те фатам јас за рака да те носам во државна да видиш каде ги фрлаат телата на умрените бебиња при пораѓање? ВО ШАХТА ЗА КАНАЛИЗАЦИЈА!!
Па спореди со таква една слика. Сте се фатиле за слика од чедоморие. Какво чедоморие, кога НЕ ПОСТОИ ЧЕДО. Постои фетус со нецели органи. Ладнокрвно кажано, јамп во најава. Дете во најава. Ама дете не е.
 
Замисли друже... за 20 години од сега ти ќе имаш над 40 претпоставувам. Бошко ќе има 20. Ќе те скрши од ќотек ако го прочита ова, а јас ќе го чувам за да те условувам да вршиш валкани работи за мене :icon_lol:

За 20 години ќе имам 60 години, ако не му е срам да тепа старец нека мава по мене :vozbud:

А до тогаш се надевам ќе бидеш и Претседател, па може и ќе ме заштитиш.
 
Aбе слики од абортус барем се слики од неформирани клетки, неформиран фетус. Да те фатам јас за рака да те носам во државна да видиш каде ги фрлаат телата на умрените бебиња при пораѓање? ВО ШАХТА ЗА КАНАЛИЗАЦИЈА!!
Па спореди со таква една слика. Сте се фатиле за слика од чедоморие. Какво чедоморие, кога НЕ ПОСТОИ ЧЕДО. Постои фетус со нецели органи. Ладнокрвно кажано, јамп во најава. Дете во најава. Ама дете не е.
Што бе смениле, порано во контејнер ги фрлаа:kesa:

На тој сиротиот студент што работеше таму преку студентска задруга и ги фрлаше ни пари за весникот во кој ги замотуваше не му даваа
 
Што бе смениле, порано во контејнер ги фрлаа:kesa:

На тој сиротиот студент што работеше таму преку студентска задруга и ги фрлаше ни пари за весникот во кој ги замотуваше не му даваа


Средно завршив медицинско во Тетово. Во клиничкиот центар таму ќе се сопнев во една шахта. Ќе повратев од глетката. На факултет во Стоматологија во Скопје дур бев, истото го видов. За жал, некои ни во весници не беа покриени.

Значи, за крај на темава. Си постои закон. Истиот само нека се испочитува. Решен проблем. Најдобро решение е постоечкиот закон. Било што поригорозно од тоа е фашизам. Ни Принц, ни Наташа, ни никој не може, ниту умее да ме убеди во спротивното.

Тоа што веќе е во сила, треба да се спроведе. Бројот на абортуси не значи дека законот не чини. Не чинат лекарите кои што не пријавуваат случаеви.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom