Зарем и ти сине Гарфилде

Многу пати повторив и нема да се лутам уште еднаш да повторам: според статистичките податоци, државните, бројот на абортуси се приближува до бројот на родени деца. Тоа е едно.
Второ, има закон кој вели, дозволен е абортус кога плодот е резултат на силување, кога плодот е ризик за животот на мајката или е премногу оштетен... значи во тие случаеви (кои се ретки и на годишно ниво можеш да ги изброиш на една рака, значи 5 грубо речено) е дозволен абортусот, јас и се согласувам со тој закон. Но, ако ја прочиташ мојата втора точка па прва, би требало од прва да дадеш претпоставка дека кај нас или ужасно често се силуваат жени, или сите плодови се ризик за животот на мајката или сам по себе. Ова никако не е така.
И под три, преретки се случаевите 14 годишна девојка да е силувана од тројца и да остане трудна, па да имаме време да се запрашаме дали воопшто да и се дозволи абортус или не.
Ние немаме проблем со 14 годишните силувани девојки. Немаме ни закана кон животот на мајката доколку го роди детето, или детето е премногу оштетено па ќе биде абортиран по природен пат... имаме друг проблем, а тој проблем е преку 20 годишно, неодговорно девојче, шмизла, се секса без кондом, останува трудна, и абортира ко заб да вадела. Мора да научат дека при толку многу контрацепцивски средства, кондоми, 72 саати, итн итн... абортусот не постои како солуција.
Престанете бе со логикава ве молам.
Реков во еден претходен пост, не постои закон кој не е прекршен. Јас секојдневно се дрогирам, сега дури си ја врзував вената... тоа не значи дека законите треба да се укинат.