Животот е полн измачување. Сечиј живот. Мојот бил мачен, твојот бил мачен... ќе имаме мачни моменти, до последниот здив. Има моменти кога сум посакувал да ме нема... загубена љубов... проблеми со домашните... лош/депримитирачки период од животот кога се ти е црно, нешто со основа, нешто без... Имало и многу прекрасни моменти, уште по прекрасни ни доаѓаат, на двајцата нас.
Во овој момент, мило ми е за сите добри и лоши моменти што ги изживеав. Мило ми е што живеам. Мило ми е што една девојка ме изневери, ја фатив додека го правеше тоа и ми го скрши срцето на милион мали парчиња... мило ми е за другата која ја запознав после нејзе, прав ангел да ја видиш, само крилја и фалат а добро е и што ги нема, да не ми одлета некаде

Мило ми е за секој ситен момент. Ако некогаш пак посакам да ме снема, те молам потсети ме на постов.
Секој заслужува шанса тенеке. Секоја Божја креација заслужува шанса. Еве, ако не си верник, ќе ти се обратам со: секоја креација на природата заслужува шанса. Бидејќи природата некому дава а некому не и бааги специфична е во таа работа. Живот не смее никој да одземе, без разлика во која фаза на развивање е тој.
Не викам ебете се и раѓајте деца, викам дека треба да сте свесни која игра ја играте, во секој момент, меѓу секое оооооххх.