А ти значи конкретно само за тој спот зборуваш,аха,епа прво јас мислам дека не е финансиран тој спот од влада,а инаку во право си до некаде,јасно ми е дека некој можи тој спот да го изиритира ама прашање е кој?Конкретно во тој спот од 7-8 мин.има многу вистина,а не си го сватил изгледа како шо треба,спотот не сака да кажи буквално дека готово сега подобро живееме,туку дека работите пчнаја да се движат во права насока,тоа така брзо изгледа и е кажано на спот од 7-8 мин.во реалниот живот тоа е многу поспоро али пак ќе ти речам дека почнува оваа влада да ја одкочува работата шо некој друг ја закочил и понатаму се трудат да ја кочат,а тоа не е во интерес наникој.Јас го бранам само тој то работи како шо треба,во моментов тоа е владата,да работеше и сдс како што треба и да се подобруваја работите за народот и нив ќе ги бранев,иако знам и сигурен сум дека тие никогаш нема да работат како шо треба оти тие се навикнати само на цицање и крадење од државата-народот,сакаат само тие да имаат и никој друг и тоа му е многу јасно на сите (што не се задоени со плаво млеко) и сите видоја што направија сдс и компанија.
Јас го разбрав спотот убаво. И тебе те разбрав ама пак не гледам потреба и корист од тој спот. И тука не сум осамен, за овој спот имаше отворено тема. За спотот дала пари владата, тие се од буџет. Ако знаеш дека е финансиран од друг кажи. Не верувам дека министрите извадиле пари од свој џеб и го платиле. Нема потреба некој да кажува дека работиле почнале да се движат. Тоа ќе го осетат граѓаните.Нема потреба за тоа да се трошат големи пари. Вака излегува како партиски спот платен со државни пари. Од другите спотови државата има корист и затоа ги оправдувам нив. И јас после Љупчо не верував дека ВМРО ќе работи како што треба. Но ме демантираа. И признавам е досагашната влада е со најдобри повлечени потези до сега. Но тоа не значи дека треба да молчиме ако некој потези не ни се допаѓаат.