Владата го повлекува Нано Ружин од НАТО?

  • Креатор на темата Креатор на темата asterix_m
  • Време на започнување Време на започнување

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Шефот на дипломатијата Антонио Милошоски го повика на итен разговор македонскиот амбасадор во НАТО, Нано Ружин, поради изјава дадена во јавноста за која не било консултирано Министерството за надворешни работи. „Време“ неофицијално дознава дека кавгата е толку сериозна што е можно амбасадорот Ружин да биде отповикан пред истекувањето на неговиот мандат, во мај годинава. Забелешката кон амбасадорот се однесува на негова изјава за домашните во која ги изнесе своите оценки по министерскиот состанок во Брисел за македонските шанси за прием во НАТО и евентуалното грчко вето, поточно за информацијата за „суспендираната покана“. Министерот Милошоски му забележал на амбасадорот дека не бил овластен да дава такви изјави. - Недозволиво е амбасадор да дава изјава без претходна дозвола од неговиот претпоставен и тоа токму во време кога треба да се биде претпазлив и да не се истрчува со какви било коментари - велат во МНР. Ружин, кој деновиве е во Скопје, потврди дека односите со министерот дошле до точка на вриење и дека тој самиот не би бил изненаден доколку биде вратен порано од предвиденото. Експертите велат дека на Македонија, во клучните моменти кога се решава судбината за приемот во НАТО, најмалку и се потребни дипломатски скандали со ненајдени отповикувања амбасадори. Ова не е прв спор меѓу Министерството за надворешни и некој амбасадор. Како што е познато, поради изнесување за внатрепартиските оценки за состојбата во СДСМ беа отповикани и амбасадорите во Лондон и во Вашингтон, Георги Спасов и Љупчо Јордановски. Инаку, Нано Ружин минатата недела го доби признанието најдобар дипломат во Брисел. Нему одамна му е истечен мандат, но бидејќи долго време немаше кој да го замине на негово место поради недоразбирањата на релација претседател-премиер, со одлука на министерот за надворешни работи на неколку пати му беше продолжен престојот. Милошоски тогаш велеше дека Ружин одлично ја врши амбасадорската функција. Новиот македонски дипломат што ќе не претставува во Брисел после мај е Кире Илиевски, кој веќе ги помина сите процедури за почнување на мандатот.
 
Село гори баба се чешла е веќе ова ... мислам дека слушнав една изјава на ружин и некажа човекот ништо фрапантно но сепак доколку постојат правила истите требе и да се почитуваат и непочитувањето да предизвикува некаква санкција...
 
уште еден двоен аршин...кога Нимиц го донесе предлогот со петте имиња нели двете страни требаше да не го објавиваат во јавност???уште истата вечер нашироко беше објаснат во грчките медиуми....
 
уште еден двоен аршин...кога Нимиц го донесе предлогот со петте имиња нели двете страни требаше да не го објавиваат во јавност???уште истата вечер нашироко беше објаснат во грчките медиуми....
А каква врска има нимиц, предлогот, грците, медиумите ... со внатрешните правила во МНР ? или само да се пиши нешто ехехех
 
Dobro be oti ne zaklucuvate deka i nasive nejca da vlezime vo NATO ne zamo grcija!
Mnogu mi e krivo za Gvueski,mnogu mi e zal...od site strani mu go potklava!!!
Onie licemerine od opozicija,kao demek go sakaat dobroto na Makedonija,a svesni se deka ako vlezime so ovaa vlada no NATO tie nikogas nema da bidat V od VLADA poveke,i so mislite tie ce se pomira so toj fakt?Si vika porno da vlezime vo 2014 ama so nas nacelo,odkolku sega!!!
Drugi so nejca se Albancite.Zosto?Ako vlezime,ce vidime dali Aracinovo ce bidi toa sto e,ili pak tie ce bidat toa sto se(Prva Nacija vo Makedonija,Ako se malcinstvo,imaat poveke prava od mnozinstvoto)!Ocekuvano bese vakva postapka i od niv,demek ako ne ni pogodite nas si zaminuvame!A so toa i cao NATO!!! I Ameti I Taci se isti kopilina,ako gi gledate demek nemaat isti stavovi,i kao Taci e poaren,,,,abe isti gjubrina se!!!
Stvarno e grevota ova so ni se slucuva vo drzavava!!!
 
„За една држава да се здобие со покана и стане полноправна членка, таа мора да биде резултат на одлука на консензусот, на целосен консензус на сите членки и при тоа, секако за односот меѓу билатералните односи на Грција и Македонија, но сепак искажа одреден оптимизам“, изјави Нано Ружин, амбасадор на Македонија во НАТО.

Ружин кој деновиве е во Скопје не сака јавно да полемизира, но потврди дека односите со Министерот дошле до точка на вриење и дека и тој самиот не би бил изненаден доколку биде вратен порано од предвиденото.

Од друга страна од МНР, велат, недозволиво е амбасадор да дава изјава без претходна дозвола од неговиот претпоставен.
 
А каква врска има нимиц, предлогот, грците, медиумите ... со внатрешните правила во МНР ? или само да се пиши нешто ехехех


па колку што разбрав на вести од сител истрагата почнала пткако Нато се пожали на владата...а не дирекно од нашето МНР...нема голема врска во право си до некаде само сакав да кажам дека додека нашава судбина се крои народот нема никакви информации...мораме ли се што ни готват да читеме од странски медиуми??? нели имаме некакво право барем да знаеме каква чорба ни се готви???
 
МНР е дел од Владата а ако Нано сакал да и се жали тогаш има дипломатски преставки а не медиумите да ги користи, кое е во секој случај забрането. Но сепак сметам дека не е време сега за разрешувања и торбуленции..
 
Ic ne e bedno.....duri mislam deka klasa scenaristi se angazirani....
А ти како голем "форумски мислител" да се кандидираш како независен пратеник на престојните предвремени избори.Ваљда си подобар од Груевски.Од мене имаш глас.:toe:
 
Искрено не треба ова, посебно во момент кога Македонија е пред самитот во Букурешт,сега најмалку е потребно ваква работа..Треба да се испеглаат односите и да попуштат двете страни,во знак на борбата за влез во НАТО!Нано Ружин, пред некој ден ја доби наградата најдобар дипломат и мислам дека тој треба да остани барем до крајот на мандатот, или барем до самитот во Букурешт..Не велам и не оправдувам никој, но мислам дека треба да се остави Нано Ружин до тогаш, а можеби ова е смислено сценарио, бидејќи Нано Ружин е член на сдс, и некни дека го избраја за дипломат на годината, и за да се оцрни владата..Но сметам дека не треба да се избрзува сега, баш пред самитот
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom