Виталиа - производи за здрава исхрана

  • Креатор на темата Креатор на темата еци^^^
  • Време на започнување Време на започнување
Јас многу го сакам муслито од банана и чоколадо. :vozbud:
 
Дефинитивно муслите со капина и малина, соја во зрно (заразна е) и сушена папаја и манго... ммммм :)
 
од Виталиа, муслите и сушено овошје....сушената папаја е превкусна!
 
Јас од Виталија земам многу работи како муслите, млекото од соја, Малтекс, сите тие производи им се одлични. Но, би сакал да ви дадам совет, да не ја земате нивната паштета од соја, бидејќи во неа има многу адитиви кои се штетни по здравјето на човекот.
 
За сојата на времето баба ми викаше.....„Синко ние тоа на свињите го дававме’’

....а за виталиа....прошле тие поред „здрава храна’’...ај ако има можност некој да види кај тоа се „произведува’’ па нек каже..:helou:
 
Каква Виталиа бе незнаете ни сами колку поздрави работи има од другите фирми.Имаат некои работи кои што им се одвојуваат од останатите,можеби се вкусни да,но не сте виделе во какви услови се прави сето тоа.:toe:
 
Не водам здрав живот ниту пак се исхранувам здраво така да ништо од тоа производите не користам.Имам сосема различен начин на исхрана:toe:
 
muсли со бана и чоколадо, малина и капина и јаболко со лешници.. фантазија!!! Супер се за појадок!
Малтекс во нес кафе.

Соја не поштувам ич.
 
8185D8EE7D4E8445978D57BA166DB611.jpg
:drk:
 
Не знам дали му текнува на некој што беше таа акцијата со овошни мусли имаше гратис 200 гр. рефус гранола пакована во обична бела кеса пред извесен период.
Знае некој дали се продава некаде од таа истата гранола?
 
Ги јадам секој ден за доручек оние житарки мумурузни или како и да се викаат. Со јогурт е убитачна комбинација.
 
Ги обожавам производите на Виталија одамана ги користам ,посебно сушеното јужното овошје ,зелениот чај,малтексот ,џемовите,интегралните брашна ,интегралните семенки ...а јогурт неможам да за замислам без овесните трици
 
Не знам дали му текнува на некој што беше таа акцијата со овошни мусли имаше гратис 200 гр. рефус гранола пакована во обична бела кеса пред извесен период.
Знае некој дали се продава некаде од таа истата гранола?

Ми текнува на таа акција и знам зa што збориш, рефус гранола барс во обично ќесе спакувани, во Стокомак ги има, ја од таму имам купувано, истите се како од акцијата, само овде идат посебно, без муслите.
Е сеа не знам дали има Стокомак маркети по другите градови, мислам дека само во Скопје ги има.
Иначе, тоа е ако го бараш стриктно истото пакување како во акцијата, а во вакво пакување ги има во скоро секој маркет.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom