Visual basic програмирање

SkyDriver

Would like my bananna ?
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.140
Поени од реакции
221
Експресните не се слободни?
Ќе да се слободни :)

Мислев дека ако го регистрирам преку Microsoft нема да сака... ама ете сега баш пробав и го регистрирав. Mожело да се регистрира преку Microsoft for free.

Благодарам за советот :)
 

SkyDriver

Would like my bananna ?
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.140
Поени од реакции
221
Па напрај го пак де, 15 минути работа:toe:
Еве ви еден Интернет Прелистувач. Го правев во VB.NET не е довршен и ништо чудно да налетате на некој баг. Сакав да го средам се убаво да биде, ама ми скурчи и не ми се верува дека ќе продожам да го досредувам.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Ќе да се слободни :)

Мислев дека ако го регистрирам преку Microsoft нема да сака... ама ете сега баш пробав и го регистрирав. Mожело да се регистрира преку Microsoft for free.

Благодарам за советот :)
VB 2005 И VB 2008 Express ги користам без никаква регистрација.
Имам некој код за VB 2005 Professional, но не знам колку е ефективен.
 
Член од
28 август 2008
Мислења
25
Поени од реакции
6
Еве ви еден Интернет Прелистувач. Го правев во VB.NET не е довршен и ништо чудно да налетате на некој баг. Сакав да го средам се убаво да биде, ама ми скурчи и не ми се верува дека ќе продожам да го досредувам.
Eve moj komplet bez bagovi .....


http://ingsoft.mkd.net/Internet Satrter.htm
 

SkyDriver

Would like my bananna ?
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.140
Поени од реакции
221
Машала :) Добро си го средил, само имам една замерка... да додадеш вака:

Form1_Load...
AddressBar.focus()

...кога ќе биде стартуван прелистувачот автоматски да те однесе на Addres Bar-от и одма да пишуваш страна затоа што вака првин треба со маусот да се кликне на Address Bar-от па после да се пишува страната. Иначе другото колку што успеав да прочепкам се си е океј :)
 
Член од
24 август 2007
Мислења
761
Поени од реакции
15
Која разлика ја има во VB6 и VB 2008 :)
Направив еден дигитрон во VB6 и во VB 2008 и огромна е разликата, кој сака да види...

Калкулатор правен во VB6

Калкулатор правен во VB 2008
На тоа 2008 си си го утнал никот SkuDriver :) освен ако не е намерно.
Опциите се викаат операции :)
 

SkyDriver

Would like my bananna ?
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.140
Поени од реакции
221
На тоа 2008 си си го утнал никот SkuDriver :) освен ако не е намерно.
Опциите се викаат операции :)
Грешки сме, луѓе правиме :pos:
Иначе за имињата не менито ептен ми е лошо на македонски, незнам зашто, али грдо ми е некако (Опции, Операции, Избор, Измени, Помош...) или па не сум навикнат така па затоа :toe:
Исто и линуксот порано кога ми беше на македонски, реков ај на македонски поубаво ќе биде, тоа уште полошо, како изгубен германец бев, многу чудни изрази имаше :vozbud:
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Може ли некој да ми каже како да сместам одредени слики во програм правен во VB 2008? Сакам компајлираниот програм да ги има сликите во себе, а не да ги бара на зададена адреса во компјутерот.
 

SkyDriver

Would like my bananna ?
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.140
Поени од реакции
221
Може ли некој да ми каже како да сместам одредени слики во програм правен во VB 2008? Сакам компајлираниот програм да ги има сликите во себе, а не да ги бара на зададена адреса во компјутерот.
Од ToolBox ќе ставиш PictureBox, после тоа ќе кликнеш на PictureBox-от кој се наоѓа на формата, во пропертис ќе побараш Image.. ќе кликнеш за да одбереш слика... после тоа одбери ја сликата која сакаш да ја ставиш и тоа е тоа :)
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Не тоа. Сакам софтверски да ги менувам сликите. На пример со секое кликање на копчето да покажува друга слика.
(Pictuirebox1.Image = System.Drowing.Image.FromFile("D:\Sliki\Slika1.bmp").
Ова ја наоѓа сликата на зададената адреса. Јас сакам сликата да ја внесам во програмот и таму да и зададам адреса, за да може да работи и на друг компјутер.
Ако ја внесам во Picturebox, тогаш ќе биде само таа слика, без можност за промена.
 

SkyDriver

Would like my bananna ?
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.140
Поени од реакции
221
Не тоа. Сакам софтверски да ги менувам сликите. На пример со секое кликање на копчето да покажува друга слика.
(Pictuirebox1.Image = System.Drowing.Image.FromFile("D:\Sliki\Slika1.bmp").
Ова ја наоѓа сликата на зададената адреса. Јас сакам сликата да ја внесам во програмот и таму да и зададам адреса, за да може да работи и на друг компјутер.
Ако ја внесам во Picturebox, тогаш ќе биде само таа слика, без можност за промена.
Е така незнам дали можеш, јас колку што знам мораш да имаш фолдер (или одредено место) каде што ќе бидат сместени ресурсите и од таму да ги повикуваш.
А за да работи и на друг компјутер ќе земеш ќе си симнеш некој Install Maker, ќе направиш инсталација и ќе направиш датотеките да ги екстрактира во C:\Program Files\Imeto_Na_Programot\ а сликите да ги чита од C:\Program Files\Imeto_Na_Programot\Imeto_Na_Folderot_So_Sliki\
 

Petar_pp

Опсесија.МК
Член од
14 мај 2007
Мислења
10
Поени од реакции
1
Мои Visual Basic туторијали

Во оваа тема ќе постирам туторијали за Visual Basic напишани од мене.

Туторијал #1
Windows Media Player во Visual Basic 6.0

Треба да додадете две компоненти во проектот. Тоа се:
1. Windows Media Player (стандардно би требало да биди последна).
2. Microsoft Common Dialog Controls 6.0 (SP 6)

Компоненти во проект се додаваат на следниот начин:
Project --> Components или со кратенка: CTRL + T

Потоа нагодеде ја големината на проектот со тоа колку сакате да биде голем медиа плеерот. Откако ќе го направите ова, од страна во менито General каде што се сите алатки, најдоле се и двете новододадени компоненти. Одберете ја Windows Media Player и означете во проектот колкав сакате да биде плеерот.
Потоа одберете ја компонентата Microsoft Common Dialog Controls 6.0 (SP 6) од истото место (лево на вашиот екран, најдоле) и селектирајте мало квадратче во средината од проектот.
Потоа одете во Menu Editor од лентата со алатки, или со кратенка: CTRL + E и креирајте едно мени "File" и потоа две под-мениа на "File" со имиња: "Open" и "Stop".
Интерфејсот на вашиот плеер е готов. Сега кодовите.
Одберете го менито Open. Во него треба да биде напишано вака:
Код:
Private Sub Open_Click()
CoomonDialog1.ShowOpen
WindowsMediaPlayer1.URL = CommonDialog1.FileName
End Sub
Во менито Stop треба да биде напишано вака:
Код:
Private Sub Stop_Click()
WindowsMediaPlayer1.Close
End Sub
Со ова е завршен програмот. Снимете го само како .exe проект, и со тоа е се комплетирано:

File -> Make Project1.exe

Еве некои слики како би требало да изгледа во текот на програмирањето:
1. Еве како изгледа компонентата Windows Media Player со која треба да селектирате дел од проектот:


2. Еве како изгледа компонентата Microsoft Common Dialog Controls 6.0


3. Еве како треба да изгледа пополнето во Menu Editor:


4. И за крај еве како треба да изгледа кодот на Open и Stop:








Tуторијал #2
Интернет Пребарувач во Visual Basic 6.0
Еве го мојот втор туторијал за денес. Овде ќе научите како да направите основен, но сопствен интернет пребарувач. Па да почнеме:
Како за почеток ќе треба да додадете една компонента, која се вика: Microsoft Internet Controls. За тоа како се додава компонента, прочитајте го мојот пост погоре.
Потоа треба да си прилагодите големина. Откако ќе го сторите тоа, одберете ја компонентата од листата "General" лево на екранот и селектирајте во Проектот колку голем да биди пребарувачот. Потоа додадете 5 Command Buttons. За нив ви требаат следниве имиња:
1. Back
2. Forward
3. Stop
4. Home
5. Go
Ви треба и еден TextBox каде што ќе се впишува интернет адресата. Прилагодете го интерфејсот (дизајнот) според Ваша желба и потреба.
Сега почнуваме со кодовите:

1. За BACK ви треба следниов код:
Код:
Private Sub Command1_Click()
WebBrowser1.GoBack
End Sub
2. За FORWARD ви треба следниов код:
Код:
Private Sub Command2_Click()
WebBrowser1.GoForward
End Sub
3. За STOP ви треба следниов код:
Код:
Private Sub Command3_Click()
WebBrowser1.Stop
End Sub
4. За HOME ви треба следниов код:
Код:
Private Sub Command4_Click()
WebBrowser1.GoHome
End Sub
5. За GO! ви треба следниов код:
Код:
Private Sub Command5_Click()
WebBrowser1.Navigate = Text1.Text
End Sub
Потоа направете само Make Project1.exe и Вашиот пребарувач е готов.
Еве неколку слики за полесна ориентација:

1. Еве како изгледа компонентата Microsoft internet controls:


2. Еве го мојот интерфејс (дизајн) за веб пребарувачот:






3. Еве како би требало да изгледаат кодовите:









Туторијал #3
Text To Speech во Visual Basic 6.0
Во овој туторијал ќе ви објаснам како да направите едно просто програмче, со кое ќе можете да напишите некој текст и компјутерот да го изговори.
За ова ви се потребни само еден TextBox и еден CommandButton. Распоредете ги по ваша желба.
Потоа треба само да се напиши кодот во CommandButton1.
Кодот е вака:
Код:
Private Sub Command1_Click()
Set ObjTextToSpeech = CreateObject("SAPI.spVoice")
ObjTextToSpeech.speak Text1.Text
End Sub
Снимете го програмот во .exe фајл и уживајте


Слики:
1. Интерфејс на мојот програм:


2. Како би требало да изгледа кодот:







Туторијал #5

Програма која ја открива вашата локална ИП адреса во Visual Basic 6.0

Пуштете го Visual Basic 6.0 и одберете Standard EXE. Потоа ви треба само еден TextBox и едно Командно Копче (Command Button). Ви треба и компонентата: Microsoft Winsock Control 6.0.
Прилагодете го интерфејсот по Ваша желба. Само додадете ја во некој агол и компонентата спомната погоре. Едноставно е, кликнете еднаш на неа и потоа селектирајте мало квадратче во некој агол. Се што ви треба е само кодот за командното копче.
Еве го кодот:
Код:
Private Sub Command1_Click()
Text1.Text = Winsock1.LocalIP
End Sub
Снимете го проектот какo .exe фајл и вашата нова програма е готова


Слики:
1. Како изгледа Winsock компонентата:


2. Како би требало да изгледа интерфејсот:


3. Како би требало да изгледа кодот:




Туторијал #5
Програма која ја открива вашата локална ИП адреса во Visual Basic 6.0

Пуштете го Visual Basic 6.0 и одберете Standard EXE. Потоа ви треба само еден TextBox и едно Командно Копче (Command Button). Ви треба и компонентата: Microsoft Winsock Control 6.0.
Прилагодете го интерфејсот по Ваша желба. Само додадете ја во некој агол и компонентата спомната погоре. Едноставно е, кликнете еднаш на неа и потоа селектирајте мало квадратче во некој агол. Се што ви треба е само кодот за командното копче.
Еве го кодот:
Код:
Private Sub Command1_Click()
Text1.Text = Winsock1.LocalIP
End Sub
Снимете го проектот какo .exe фајл и вашата нова програма е готова


Слики:
1. Како изгледа Winsock компонентата:


2. Како би требало да изгледа интерфејсот:


3. Како би требало да изгледа кодот:







Туторијал #6
Kалкулатор во Visual Basic 6.0
Овде ќе научите како да направите сопствен калкулатор во Visual Basic 6.0. Калкулаторот ќе има само неколку опции, колку да ја сватите суштината на работа во Visual Basic.
Почнуваме:
Ви требаат три TextBox. Едното е за првиот собирок/множител/деленик, вториот за вториот собирок/множител/делител, додека третиот е за збирот/производот/количникот.
Ви требаат и четири Командни Копчиња:
1. Собирање
2. Одземање
3. Множење
4. Делење
Поставете ги како сакате. Сега одиме со кодовите:
1. Собирање:
Код:
Private Sub Command1_Click()
Label1.Caption = Val(Text1.Text) + Val(Text2.Text)
End Sub
2. Одземање:
Код:
Private Sub Command2_Click()
Label1.Caption = Val(Text1.Text) - Val(Text2.Text)
End Sub
3. Множење:
Код:
Private Sub Command3_Click()
Label1.Caption = Val(Text1.Text) * Val(Text2.Text)
End Sub
4. Делење:
Код:
Private Sub Command4_Click()
Label1.Caption = Val(Text1.Text) / Val(Text2.Text)
End Sub
Снимете го проектот како .exe фајл и вие имате сопствен дигитрон

Еве и неколку слики:

1. Интерфејс на дигитронот:

2. Еве како би требало да изгледа кодот:


 

back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
107
Забришав по нешто. И да не е почетничко си има место каде да иде. Без вакви работи во иднина.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Помош!
Имам две прашања за Visual Basic.
1. Како да го поврзам Visual Basic со Microsoft Exel? Сакам VB да преземе податок од Exel (нпр. од полето В4), да го преработ и да го врати во Exel (нпр. во полето В8).
2. Како да давам команда од тастатурата? Сакамм да притиснам некое копче (буквата “а“) за да се изврши некое зададено дејство.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom