Visual basic програмирање

bad_boy

Шчо САќАШ Мори
Член од
25 јануари 2007
Мислења
292
Поени од реакции
6
Мислам дека треба да има ваква тема, да биде одвоена од програмирање и програмски јазици за да биде почисто, појасно и поуредно.

Јас почнав да го учам овај програмски јазик и многу сум загреан.

еве почнав да правам програма аларм, ама ми треба помош.
Сакам да ставам textbox во кој ке се пишува времето кога сакаме да не алармира алармот, ама не знам кој код треба за да го запамети времето и изрши наредбара.

Видете на сликава што ми треба.
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
939
Браво, добро е што има желба за учење:)
Само да те посочам да научиш C за стрингови и манипулации со нив, многу ќе ти помогне за понатаму. Така што времето кое ќе го внесеш во текст полето ќе го извлечеш како стринг, и ќе испрограмираш да во тоа време што си го пишал се активира одреден сигнал (песна, звук).

(моеш да го влечеш на секоја минута системското време и да ги споредуваш со тоа во текст полето, кога ќе се исти да се јавува звукот)
 
bad_boy

Шчо САќАШ Мори
Член од
25 јануари 2007
Мислења
292
Поени од реакции
6
deXterche напиша:

фала фала.само ова со влечењето ја нема целта.ако треба да влечам можам само да си видам колку е сатот и.....
Иначе појма немам што се тоа стрингови
 
naum_spaseski

Стружанец
Член од
25 јануари 2007
Мислења
534
Поени од реакции
2
bad_boy напиша:
фала фала.само ова со влечењето ја нема целта.ако треба да влечам можам само да си видам колку е сатот и.....
Иначе појма немам што се тоа стрингови
Стрингови се букви, зборови, изрази и слично. Во VB се декларираат вака "Dim "string" As String".
 
naum_spaseski

Стружанец
Член од
25 јануари 2007
Мислења
534
Поени од реакции
2
Една од наједноставните техники на описното именување е користењето префикс од три букви што ја индетифицира референцата на контролата во кодот. Овде ке ги наведам сите котролни префикси за VB (можеби не се сите, ама голем дел од нив):
  • ani - AnimationButton
  • cbo - ComboBox
  • ch3 - 3D CheckBox
  • chk - CheckBox
  • clp - PictureClip
  • cm3 - 3D CommandButton
  • cmd - CommandButton
  • com - communications
  • ctr - Control
  • dat - Data
  • db - ODBC Database
  • dbc - Data-Bound ComboBox
  • dbg - Data-Bound Grid
  • dbl - Data-Bound ListBox
  • dir - DirectoryListBox
  • dlg - CommonDialog
  • drv - DriveListBox
  • ds - ODBC dynaset
  • fil - FileListBox
  • fr3 - 3D Frame
  • fra - Frame
  • frm - Form
  • gau - Gauge
  • gpb - Group Push Button
  • gra - Graph
  • grd - Grid
  • hsb - Horisontal ScrollBar
  • img - Image
  • iml - Image List
  • key - KeyStatus
  • lbl - Label
  • lin - Line
  • lst - ListBox
  • lsv - ListView
  • mci - Multimedia MCI
  • med - Masked Edit
  • mnu - Menu
  • mpm - MAPI Pessage
  • mps - MAPI Session
  • ole - OLE Client
  • op3 - 3D OptionButton
  • opt - OptionButton
  • out - Outline
  • pic - PictureBox
  • pnl - 3D Panel
  • prb - ProgressBar
  • rtf - RichTextBox
  • shp - Shape
  • spn - SpinButton
  • sst - SSTab
  • tbs - TabStrip
  • tlb - Toolbar
  • tmr - Timer
  • trv - TreeView
  • txt - TextBox
  • vsb - Vertical ScrollBar
 
back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
105
риспект чедо за желбата за VB.

за твојот конкретен проблем потребно ти е во една форма да додадеш едно тајмерче, да му направиш интервал на 1000ms и во евентот на истиот да вршиш проверка на моменталното време со она кое ти е внесено во текст боксот.

dex, а зашто стринговите во C? да се замара уште сега со низи од карактери, нул терминатори и структурирани закрпи во C за примитивна импровизирана работа со стрингови? нема врска. VB има одличен механизам и функции за работа со стрингови. а и плус тоа може се во вб да си го работи како Variant data type па воошто да не се замара ни со стринг ни со ништо, туку да ја прапушти работата на самиот програмски јазик.
 
Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
bad_boy напиша:
Мислам дека треба да има ваква тема, да биде одвоена од програмирање и програмски јазици за да биде почисто, појасно и поуредно.

Јас почнав да го учам овај програмски јазик и многу сум загреан.

еве почнав да правам програма аларм, ама ми треба помош.
Сакам да ставам textbox во кој ке се пишува времето кога сакаме да не алармира алармот, ама не знам кој код треба за да го запамети времето и изрши наредбара.

Видете на сликава што ми треба.
Јас нема да ти помогнам дека сум тапа од овај јазик али ево едно големо браво за тебе само немој да го зафркнеш Бил Гејтс :bravo::party1:
 
naum_spaseski

Стружанец
Член од
25 јануари 2007
Мислења
534
Поени од реакции
2
Еве ги и сите поддржани податочни видови заедно со нивната мемориска зафатеност:

Податочен вид - Мем. Зафатеност - Опсег
Byte - 1b - 0 до 255
Boolean - 2b - True или False
Integer - 2b - -32.768 до 32.767
Long (long integer) - 4b - -2.147.483.648 до 2.147.483.647
Single (single precision floating point) - 4b - -3,402823Е38 до -1,401298Е за негативни вредности; 1,401298Е-45 до 3,402823Е38 за позитивни вредности
Double (double - precision floating point) - 8b - -1,79769313486232Е308 до -494065645841247Е-324 за негативни вредности; 494065645841247Е-324 до 1,79769313486232Е308 за позитивни вредности
Currency - 8b - -922.337.203.685.477,5808 до 922.337.203.685.477,5807
Decimal - 14b - +/-79.228.162.514.264.337.593.543.950.335 без децимална запирка; +/-7,9228162514264337593543950335 со 28 места десно од децималата
Date - 8b - 1 Јануари 100, до 31 Декември 9999
Object - 4b - Референца на некој објект
String (променлива должина) - 10b + должина на стрингот - 0 до приближно 2 милиони
String - (фиксна должина) - Должина на стринг: 1 до 65.400
Variant (with numbers) - 16b - Бројна вредност во опсег на Double
Variant (with characters) - должина на стрингот - ист опсег како стринг со променлива должина
User-Defined (using Type) - зависи од елементите - Опсегот на секој поединечен елемент е ист како опсегот на соодветниот податочен вид.

Доста е за вечерва. Само да напоменам дека (.) е Decimal Grouping Symbol, а Decimal Symbol e (,)
 
back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
105
naum_spaseski напиша:
Само да напоменам дека (.) е Decimal Grouping Symbol, а Decimal Symbol e (,)
Колку си сигурен?

VB ги превзема овие конфигурации директно од сетинзите на системот. Ако во Regional and language options ти е направено decimal symbol да ти е , или . vb ке ти го прифати тој што ти си го одбрал.

btw, што правиш копи паст за големина на зборови и програмски стандарди за кратенки. да не излезам на крај со доза занес, ама извини унапред, ако си тој фраер дај нешто поконкретно.

btw, тука скоро се е правено под VB.
 
naum_spaseski

Стружанец
Член од
25 јануари 2007
Мислења
534
Поени од реакции
2
HsIlOmEdUs напиша:

Јас така ги напишав, за да нема бунење, кое, кое е. Иначе ги извадив од книга.
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
939
HsIlOmEdUs напиша:
dex, а зашто стринговите во C? да се замара уште сега со низи од карактери, нул терминатори и структурирани закрпи во C за примитивна импровизирана работа со стрингови? нема врска. VB има одличен механизам и функции за работа со стрингови. а и плус тоа може се во вб да си го работи како Variant data type па воошто да не се замара ни со стринг ни со ништо, туку да ја прапушти работата на самиот програмски јазик.
Само сакав по hard core да изгледа сорсот :pos2::pos2::pos2:
На што пониско ниво го правиш тоа повеќе ќе можеш да манипулираш со програмата.
 
Член од
27 ноември 2005
Мислења
636
Поени од реакции
11
Ovie mozish da si gi krstish kako sakash i kako ti odgovara, ne ja gledam logikata da gi sledish ovie pravila. Jas ne gi sledam.
naum_spaseski напиша:
Една од наједноставните техники на описното именување е користењето префикс од три букви што ја индетифицира референцата на контролата во кодот. Овде ке ги наведам сите котролни префикси за VB (можеби не се сите, ама голем дел од нив):
 
back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
105
Dejan] напиша:
Ovie mozish da si gi krstish kako sakash i kako ti odgovara, ne ja gledam logikata da gi sledish ovie pravila. Jas ne gi sledam.
практични се, за подобра контрола на компонентите.
ако имаш пример форми за внес тогаш серија од Label, TextBox и Button е убаво да се користат со исто име самосо различен префикс: labVnes, txtVnes, btnVnes.

инаку да, никој не ти наложува на тебе како да си ги крстиш компонентите.
 
На врв Bottom