D
Deleted member 55587
Гостин
Секако дека постои,само како и се друго и пријателството треба да се негува.Јас имам другарка со која се знам 11 години од деца сме заедно и да не подречам добро се сложуваме затоа и уште се дружиме. Нормално е и да постојат караници и слично инаку не би било верно другарството нели.Убаво е чувството да знаеш дека имаш до тебе подршка,со кој да споделиш важни работи,со кој да се смееш,кога треба и да се исплачеш,човек пред кои си најприроден,пред кој секогаш ќе бидеш свој,со кој се споделуваат секогаш откачени моменти и човек со кој се смеете на работи кои другите не ги разбираат затоа што само на вас ви се смешни.Некој со кој се разбирате и без муабет и со кој ќе се сфатите со поглед и во сала помеѓу 50 души.Човекот е програмиран да живее и споделува работи со други луѓе тешко кој опстанува сам,а кога сме сигурни дека до нас е вистинскиот пријател се чувствуваме сигурно и на некој начин безбедно,смирено.Имам уште една блиска другарка и за неа сум сигурна дека е вистински пријател затоа што тоа го докажала.Се појавила во мојот живот покасно,но за мене е битно што останала до мене кога требало без разлика што не се знаеме цел живот.
Сите останати кои сум ги запознал досега и кои ми се другари ( кои би нарекол другари ) ми се само бош и со нив повеќе праам муабет на фејсбук отколку очи во очи , зошто и не ми значат нешто многу во животот бидејќи досега 1000 пати ме заебале од кога се дружам со нив и често се расправам со нив , затоа што едноставно мрзам кога некој ми се праи ШЕФ во друштвото и ако не го слушаш него , како да си против него. Со пријателов со кој сме заедно веќе 15+ години можам да кажам дека досега никогаш вакво нешто не ми се случило , туку кога ќе донесеме една одлука ја донесуваме заедно пример идеме таму и таму , идеме и ако не му се иде на едниот ни другиот не иде. Во денешно време ретко да најдеш ( запознаеш ) таков пријател со кој можеш да се спогодиш. Добро , на фармвил со секого можеш да се спогодиш , ќе му речеш да ти ја изора нивата, и он има корист и ти имаш корист.