Библијата ги има одговорите на сите прашања. Зборувам и од лично искуство. Таа е книга во која е опишано како човекот со својата тврдоглавост успеал да го расипе сето добро што Бог го создал за него. Во неа има еден стих кој вели, „Каква неразумност! Можеме ли да го сметаме грнчарот за глина? Ќе му каже ли делото на оној што го создал: тој не ме направи? И ќе каже ли направеното за мајсторот свој - тој не разбира?“ (Исаија 29:16) Навистина треба голема смелост да се тврди тоа што го тврдат повеќето тука дека во Библијата нема морал или дека е создадена зад неа да се затскриваат разбојници и злосторници. Не е спорно дека во самата Библија можат да се најдат работите за кои пишувате, но тоа не ви дава за право да ја
сведете целта на нејзиното постоење на едно такво богохулничко тврдење. Сето тоа зборува за
човековата неразумност и
Божјата љубов да најде начин да му прости на човекот и да го
запази во времињата кои доаѓаат.
Ќе ви дадам мала (можеби и смешна, но пластична) илустрација. Замислете дека имате една градина во која имате насеано скапи билки и растенија. Секој ден ја одржувате, полевате и негувате и им се восхитувате на цветовите и плодовите кои се раѓаат под вашата грижа и внимание. Еден ден во градината доведувате едно пиленце. Си мислите, еве една жива душичка која ќе ужива во оваа убавина, па ќе си ги гледам заедно и со гордост ќе си спомнувам на овие денови кога пиленцето ќе стане петел и ќе ми пее секое утро. Но набрзо откривате дека вашето пиленце ви прави штета. Ги колве семињата, ги оштетува плодовите, кака насекаде и прета низ убавите, скапоцени билки. Вие нежно му зборувате на пиленцето, бидејќи го сакате, дека градината треба да му послужи да ужива во неа, ама нели - вие човек, а тоа обично животно нити може да ве чуе ниту да ве разбере. И така од ден на ден, вашата фрустрација расте и еден ден ви „пука филмот“ и од пилето си правите супа! Замислете, како вие големиот моќен човек не сте успеале да се разберете со едно петле!
Од друга страна, можеби пилето си велело вака: „Не знам зошто сум на ова место. Не знам ниту што треба да правам, ниту каде ќе завршам. И кој е воопшто овој што не можам да го разберам што ми вели? Какво право има да ме замара? Ова место е полно со храна и убавини, ќе уживам додека можам, а тој поарно и да не ми се појавува, оти и онака ниту ме интересира, ниту верувам дека може да направи нешто корисно за мене“.
Се надевам дека можете да направите компарација. Единствената разлика е што ние, луѓето имаме
можност и шанса да разбереме, да знаеме зошто сме тука, што треба да правиме и како да го проживееме животот, како мудро да располагаме со светот кој ни е даден здраво за готово, а освен што го уништуваме не сме направиле ништо да го створиме... и
можност за избор дали тој „типот“ што не „замара“ со морал и етика ќе
сакаме или
нема да сакаме да го слушнеме. Таа можност не е ништо друго, туку
БИБЛИЈАТА!
Take it - or leave it! Choose life or be
soup!