Вистинскиот ‘морал‘ на религиите

  • Креатор на темата Креатор на темата IgorChete
  • Време на започнување Време на започнување
Не ми одговори на ниту едно прашање поставено во првиот пост.
Каква врска има кокошката и јајцето со фактот што Библијата дозволува робовладетелство и силување?
Не се обидувај намерно да ја смениш дискусијата на темава, не сум ти ја форумџија од вчера.
Како да не плукам по нешто што е толку блатантно погрешно, а за некои е основа на моралните и животни вредности.

По истата твоја логика според твојата прва реченица можеме да кажеме не убивај ако не сакаш, но не ги казнувај тие што убиваат. Епа не иде така.

И ако немаш нисто конструктивно да кажеш на темава се надевам дека ќе биде толку од тебе.
Едно милион пати не имаат учено и имаме слушнато како религиите се извор на моралот и етиката, како не учат да живееме правилно, но колку се навистина морални религиите?
Според Христијанството, ако некој човек изврши злосторство, силување, убиство или било кој од библиските гревови, тој има шанса да се покае, да го прифати Исус како негов господар и спасител и гревот ќе му биде простен.
Епа, каков е тој морал кој кажува дека човек може да силува или да изврши убиство и да биде награден со вечен живот во рајот ако се покае и го прифати Исус, додека друг човек може да проживее сосема нормален и продуктивен живот, без гревови и без злосторства, но истиот човек ќе гори вечно во пеколот ако не верува во Господ?
Каков е тој морален код?
Каков е тој семоќен Господ кој ги суди луѓето не според тоа што прават, туку според тоа што веруваат?
Ајде малце да ја дисектираме Библијата.
Во Стариот Завет има закон кој гласи ‘Ако човек силува жена, тој ќе мора да ја земе таа жена за своја сопруга‘. Дали е потребно да потенцирам колку е неморален овој библиски закон?
Значи, според Библијата, ако јас сакам некоја жена, а таа мене не ме сака, јас можам да си ја остварам својата цел и да се оженам со неа така што ќе ја силувам. И ако жена е силувана, наместо Библијата да го казни злосторникот, Господ повторно ја казнува жртвата со тоа што ќе ја натера да се омажи за својот силувач.
Во Библијата исто така се спомнувани и дозволувани геноциди врз народи кои не се од иста религија.
Библијата исто така дозволува робовладетелство, постојат 2 различни закони.
Едниот закон вели дека било кој Евреин може да земе за роб човек од друга религија и со тоа што ќе му го пирсира увото, тој човек станува негова сопственост. Библијата исто така кажува дека робовите може да бидат тепани, но само до тој степен до кој нема да умрат во рок од 3 дена. Значи ако го претепаш робот и тој умре за 4 дена, не си ти крив.
Истите овие закони верувам дека ги има и во Куранот.

Па, кажете ми верници, како можете сеуште да тврдите дека Библијата е извор на моралот и етиката?

Можеш да кажеш од каде ти се овие информации ? Од Библијата,ама кои страни ? Чисто ме интересира,не те напаѓам,твое мислење :)
 
Да имав страв од пеколот, ќе станев христијанин и ќе се покаев за моите гревови.
Токму христијанството дава loophole преку кој грешници и злосторници можат да мислат дека преку покајание можат да избегнат казна која што им следува за нвните дела.

Во новиот тестамент, самиот апостол Павле пишува дека законите и правилата во Христијанството се направени така да не постои ниту еден смртник кој нема да направи ниту еден грев.
Тоа е и ‘финтата‘ на религиите, измислуваат разноразни правила кои со сигурност ќе бидат прекршени, па после им викаат на луѓето, си направил грев? Нема проблем, стани христијанин, покај се, прифати го Исус Христос и нема да бидеш казнет за своите постапки.

Ти само си разбрал нешто и готово, се претвори во прашалник, а со тоа користиш прилика само лошо да зборуваш за Православието и за Господ. Седни и прочитај го Светото Писмо, Стар и Нов Завет повеќе пати, а особено Новиот Завет, седни читај дела на Светите Отци, седни и читај се што е поврзано со Православието и ќе ти се одговори, ако навистина сакаш да ја дознаеш вистината, а ако само пишуваш тука за да поставуваш прашања, тогаш и да ти се објаснува најсериозно и најпрецизно, ти ништо нема да прифатиш зошто твојот мозок е во состојба на отфрлање на Светото Писмо, а не да го примиш со срце. Твоето срце ако е закоравено како на фараонот кој Мојсеј и покрај тоа што му ја покажал силата на Бога, тој одбивал да го пушти од Египетската земја заедно со својот народ. Тој до крај остана слеп како и неговите војници кои гонејќи ги Евреите за да ги фатат и погубат, се удавија во Црвеното Море. Сакам да кажам дека и колку да ти се објаснува и докажува, ако твоето срце не е подготвено да го прими Бога, џабе е секој обид од било кој да се обиде да ти објасни.
А што се однесува до покајанието, кога еден убиец, или разбојник, или било каков криминалец кога навистина ќе се покае за своите злодела, т.е. кога во срцето навистина ќе сфати дека правел зла и дека толку се кае што е спремен својот живот целосно да го измени, само да се приближи до Бога, да бара прошка целиот свој преостанат живот преку пост, молитви, добри дела, помагање на другите, - тоа и не е така едноставно како што ти кажуваш- ќе се покае и готово. И Јуда Искариот се покаја што го предаде Господ, но тој не пролеа горки и покајни солзи, тој не отиде пред Господ да го моли за прошка, туку отиде да се обеси. Сите апостоли, освен Свети Јован Богослов кој остана под крстот, се уплашија и се скрија, но потоа горко се покааја и подоцна целиот свој живот го посветија на Бога, на проповедање на Словото Божјо, на лекување на болни, во сиромаштија. И да, за разлика од Јуда Искариот, Свети Петар се покаја откако трипати се откажа од Господ, и побара прошка за својот грев, неговото срце и душа крвареа и бараа проштевање. Кога само малку било кој би ги сменил своите навики, веднаш ќе го почувствува тоа како потешкотија, а камо ли еден криминалец, неговиот ум од криминалец да се претвори во вистински подвижник, тоа е многу тешко и бара големи напори. Значи не е се како ти се чини тебе или на некој друг, многу е различно.
--- надополнето: 19 ноември 2011 во 22:13 ---
Библијата е напишана од луѓе, такада не зимам ништо од неа здраво за готово.
Како од луѓе е напишана Библијата, кого тоа си прашал и кој ти дал таков одговор. Или ти самиот си претпоставуваш?
 
Како од луѓе е напишана Библијата, кого тоа си прашал и кој ти дал таков одговор. Или ти самиот си претпоставуваш?

А ти кого праша и кој ти кажа дека не е од луѓе напишана?

Не мора никого да прашаме. Книгатите не се прифаќаат со срце, со бубрег или со слепо црево. Книгите се проучуваат, се прави анализа на напишаното и се извлекуваат заклучоци. Таа книга, или збир на книги во едно, е напишана од луѓе, и тоа претежно од глупави, игнорантни луѓе кои се обидувале да си ги објаснат појавите околу нив. Бог, некакво совршено битие, никогаш не би напишал толку глупава книга.
 
Гледаш како си паметен, затоа и пишуваш овде, зашто неможеш да си обајсниш она што се случува околу тебе.

Ај молим те извлечи заклучок и за вавилонската кула .?

Заклучок од тебе како порано целиот свет зборувал еден јазик а денес има стотици.?

Заклучок како се раѓаат деца со крила наместо раце, деца со по 6 прсти наместо 5 како сите останати, како и зашто се случуваат чудни природни и необјасниви работи низ светот, обајсни го и доживувањето од она што луѓето кои доживеале клиничка смрт го виделе и го раскажуваат.?

Па професоре повели просветли не со твоите игнорантни и глупави заклучоци.
 
en.m.wikipedia.org/w/index.php?title=Atavism&mobileaction=view_normal_site

Ова е доказ дека можеби постоела еволуција.

А за тоа со клиничката смрт, мозокот 'работи' уште неколку минути по престанокот на циркулација и не е уништен целосно во следните пет часа. Којзнае што се случува со свеста во тие моменти, можеби и тоа е тој вечен задгробен живот, замисли, се губи ориентацијата за време и можеби тие две минути на мозокот ќе му изгледаат како вечност.
 
Момче уште на почетокот самиот се порекнуваш себеси, МОЖЕБИ што значи дека можеби и не постоела еволуција.
 
Момче уште на почетокот самиот се порекнуваш себеси, МОЖЕБИ што значи дека можеби и не постоела еволуција.
И од тоа што го прочита, ова ти се виде најинтересно и најважно за реплицирање? Абе губи се.
 
Па да, најлогично ми е да претпоставам дека Господ не седнал со ќумур во рака за да ја напише Библијата.
 
Гледаш како си паметен, затоа и пишуваш овде, зашто неможеш да си обајсниш она што се случува околу тебе.

Ај молим те извлечи заклучок и за вавилонската кула .?

Заклучок од тебе како порано целиот свет зборувал еден јазик а денес има стотици.?

Заклучок како се раѓаат деца со крила наместо раце, деца со по 6 прсти наместо 5 како сите останати, како и зашто се случуваат чудни природни и необјасниви работи низ светот, обајсни го и доживувањето од она што луѓето кои доживеале клиничка смрт го виделе и го раскажуваат.?

Па професоре повели просветли не со твоите игнорантни и глупави заклучоци.

И Господ рече: ајде да слеземе и да им ги измешаме јазиците за да не се разбираат:

to-bang-sue.jpg

А бе сине... тоа што ти не можеш да си објасниш некои работи, не значи дека нема објаснување за нив. Тоа што за некои работи сеуште нема објаснување, не значи дека нема да има. Постојат луѓе со отворен ум, кои истражуваат, и постојат трупови.

Кој ти рекол дека целиот свет зборувал еден јазик? Каде го пишува тоа освен во библијата?
Деца со аномалии се раѓаат од разни причини, како на пример изложеност на мајката на радијација. Сигурно има некој на форумов доволно квалификуван да ти објасни, да не талкаш во мракот.
Луѓе на смртна постела, во големи болки, кои земаат медикации, често халуциниираат. Како ти го објаснуваш фактот што некој преживеал клиничка смрт - не видел ништо.

Луѓето кои мислеле дека сонцето се врти околу земјата, дека сите животни ги собира на еден брод, дека жената е направена од ребро на мажот, дека земјата имала светлина без сонце итн итн итн... се игнорантни. Од такви луѓе вие учите и ги возвишувате.

И јас сум игнорантен, од квантна физика, генетика и мал милион други работи. По 100-тина години за многу луѓе работите кои ние не ги разбираме, ќе бидат елементарни. Но и тогаш ќе има луѓе како вас, кои знаењето го црпат од книга со народни мудрости, напишана пред 1000-ци години.

За крај, твојата ѓоа нервозна реакција не е ништо друго освен обид да ја свртите дискусијата од поставеното прашање: кој ви кажал дека книгата не е напишана од обични луѓе?
 
Библијата ги има одговорите на сите прашања. Зборувам и од лично искуство. Таа е книга во која е опишано како човекот со својата тврдоглавост успеал да го расипе сето добро што Бог го создал за него. Во неа има еден стих кој вели, „Каква неразумност! Можеме ли да го сметаме грнчарот за глина? Ќе му каже ли делото на оној што го создал: тој не ме направи? И ќе каже ли направеното за мајсторот свој - тој не разбира?“ (Исаија 29:16) Навистина треба голема смелост да се тврди тоа што го тврдат повеќето тука дека во Библијата нема морал или дека е создадена зад неа да се затскриваат разбојници и злосторници. Не е спорно дека во самата Библија можат да се најдат работите за кои пишувате, но тоа не ви дава за право да ја сведете целта на нејзиното постоење на едно такво богохулничко тврдење. Сето тоа зборува за човековата неразумност и Божјата љубов да најде начин да му прости на човекот и да го запази во времињата кои доаѓаат.
Ќе ви дадам мала (можеби и смешна, но пластична) илустрација. Замислете дека имате една градина во која имате насеано скапи билки и растенија. Секој ден ја одржувате, полевате и негувате и им се восхитувате на цветовите и плодовите кои се раѓаат под вашата грижа и внимание. Еден ден во градината доведувате едно пиленце. Си мислите, еве една жива душичка која ќе ужива во оваа убавина, па ќе си ги гледам заедно и со гордост ќе си спомнувам на овие денови кога пиленцето ќе стане петел и ќе ми пее секое утро. Но набрзо откривате дека вашето пиленце ви прави штета. Ги колве семињата, ги оштетува плодовите, кака насекаде и прета низ убавите, скапоцени билки. Вие нежно му зборувате на пиленцето, бидејќи го сакате, дека градината треба да му послужи да ужива во неа, ама нели - вие човек, а тоа обично животно нити може да ве чуе ниту да ве разбере. И така од ден на ден, вашата фрустрација расте и еден ден ви „пука филмот“ и од пилето си правите супа! Замислете, како вие големиот моќен човек не сте успеале да се разберете со едно петле!
Од друга страна, можеби пилето си велело вака: „Не знам зошто сум на ова место. Не знам ниту што треба да правам, ниту каде ќе завршам. И кој е воопшто овој што не можам да го разберам што ми вели? Какво право има да ме замара? Ова место е полно со храна и убавини, ќе уживам додека можам, а тој поарно и да не ми се појавува, оти и онака ниту ме интересира, ниту верувам дека може да направи нешто корисно за мене“.
Се надевам дека можете да направите компарација. Единствената разлика е што ние, луѓето имаме можност и шанса да разбереме, да знаеме зошто сме тука, што треба да правиме и како да го проживееме животот, како мудро да располагаме со светот кој ни е даден здраво за готово, а освен што го уништуваме не сме направиле ништо да го створиме... и можност за избор дали тој „типот“ што не „замара“ со морал и етика ќе сакаме или нема да сакаме да го слушнеме. Таа можност не е ништо друго, туку БИБЛИЈАТА!
Take it - or leave it! Choose life or be soup!;)

А ти кого праша и кој ти кажа дека не е од луѓе напишана?

Не мора никого да прашаме. Книгатите не се прифаќаат со срце, со бубрег или со слепо црево. Книгите се проучуваат, се прави анализа на напишаното и се извлекуваат заклучоци. Таа книга, или збир на книги во едно, е напишана од луѓе, и тоа претежно од глупави, игнорантни луѓе кои се обидувале да си ги објаснат појавите околу нив. Бог, некакво совршено битие, никогаш не би напишал толку глупава книга.

незнам како заклучи дека тие биле глупави 0.o ако биле толку глупави како успеала нивната книга 2000 години да биде една од најпочитуваните ?
 
незнам како заклучи дека тие биле глупави 0.o ако биле толку глупави како успеала нивната книга 2000 години да биде една од најпочитуваните ?
Е тоа да се запрашаш :)
 
Чек сега, ти тврдиш дека Бог е автор на книгата или тврдиш дека луѓе ја напишале? (без разлика дали игнорантни или паметни)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom