Виртуелно vs реално ораторство

  • Креатор на темата Креатор на темата Kallista
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Локација
Скопје.
Колку често ви се случува некој со кого комуницирате виртуелно и мислите дека има одлични ораторски способности,да ве изненади со молчење и вадење зборови со клешти?
Дали можете некој да го сметате за паметен преку виртуелно искажаните ставови и колку истото го сметате за веродостојно?

Често слушам коментари од типот - "ни одеше муабет на мсн, но во живо кога се видовме и не беше се така сјајно, или немав воопшто муабет на мсн, случајно се видовме и окапавме од муабење, прото се изненадив" ...

Во што е причината?
Дали интернетот влијае лошо на комуникацијата во реалниот свет?
Ќе се послужам со еден цитат :

И дечки, опуштете се малку нареден пат на собиранка. Без срамење. Премногу интернет и френдови на Фејсбук очигледно влијаат негативно на создавање нови пријателства во живо.
Дали ораторството губи смисол во живо затоа што нема copy paste?
 
Фејсбукот ги отупува луѓето..
Обично за да почнат муабет таму, треба некој на некого да му даде „лајк“ на одредена слика, статус итн.. Во живо тоа не е можно, па затоа сите ќутат, сите чекаат некој да им пријде..

Кај мене е поинаку од двата дадени примери; со сите што ми одел муабетот кога сме се виделе сме биле као навиени најмалку 2 и пол саати.. За тие што не ми иде муабетот со нив, не се ни нафаќам да се видам, мразам кога треба да му вадам на некој зборови од уста со клешти..

Безброј пати имам сретнато луѓе кои во живо го користат изразот „лајк“ доколку им се допадне нешто..

Интернетот е ок, фејсбукот е тој што ни ги тупи мозоците.
 
Мене па ми рекоа :wink: дека повеќе сум зборел во живо неголи тука:kesa:
И тука нешто не ќутам, можда само делувам поозбилно и по-којзнаекако, а у живо...за тие саат-два колку сум со некого (зависи со кого-не иде муабет со секого) сакам што повеќе муабет да напраам па автоматски тие часови ми се и премалку за муабет.
Инаку знам и многу да ќутам-па и пола ден уста да не отворам, но тоа пак зависи и од лицето со кое комуницирам во моментот...акхм, пљус колку пива иам испиено :)
Се насе, мене лично ова типкањево не ми влијае нешто лошо на реалната комуникација
 
Hmm .. so znam , spored mene , dosta luge im e tesko da zborat lice vo lice so totalni stranci , dodeka na net im e mnogu polesno a se opustat i da razgovaraat . Zatoa mislam deka e taka kako so e . Barem od moe iskustvo gledam , sum zborel so dosta luge , maski i zenski na MSN , FB , YM itn , dosta zboruvaat se interesiraat ,a koga ke se sretnete vo zivo , kutat .. Mislam deka im e strav prvi da go skrsat mrazot vo lice , ili se custvuvaat neugodno koga zborat lice vo lice .

Lugeto polesno se otvaraat na net , otkolku vo zivo . Valjda se osekaat pomalku zagrozeni na net .. so znam ..
 
Мислам дека со интернетот, се повеќе и повеќе се влијае врз асоцијализирање на младите.Тие полека но сигурно својот социјален живот го сведуваат на нула.Комуникацијата на мсн, фејсбук и слични интернет помагала е многу полесна затоа што нема eye contact.Полесно затоа што не гледаат со кого прават муабет, тогаш тие се најинтелегентните суштества, најубавите, најпоштените.......а во многу случаи доколку дојде до средба во реалниот свет, се доаѓа до сосема спротивен заклучок.Таа средба завршува со монолог или малтретирање да извадиш на некого збор од уста....што е жалосно.Исчезнува желбата за дружење, пиење кафе и муабетење во реалниот свет.Се повеќе ми се чини дека младите и не знаат да се дружат.Живеат во некој виртуелен свет и со мисла за што повеќе френдови и лајкови на фејсбук, а во реалниот свет се изгубени и исплашени да створат ВИСТИНСКО ПРИЈАТЕЛСТВО.Страшно :nesvest:
Секоја чест за оние кои интернетот го конзумираат во нормална доза, а покрај него имаат одличен социјален живот и ораторски способности и во реалниот свет.Секоја чест за оние кои не успеале реалноста да ја заменат со
100pc.jpg

и 4 ѕида.

п.с.Интелегенцијата на некоја особа никогаш не ја мерам според она што ќе ми го каже на мсн, фејсбук или па преку постови.......обично такви проценки праам при разговор во реалниот свет:back:.На интернет сите ќе се снајдат со copy paste муабет, пост....:toe:
 
Мислам дека со интернетот, се повеќе и повеќе се влијае врз асоцијализирање на младите.Тие полека но сигурно својот социјален живот го сведуваат на нула.Комуникацијата на мсн, фејсбук и слични интернет помагала е многу полесна затоа што нема eye contact.Полесно затоа што не гледаат со кого прават муабет, тогаш тие се најинтелегентните суштества, најубавите, најпоштените.......а во многу случаи доколку дојде до средба во реалниот свет, се доаѓа до сосема спротивен заклучок.Таа средба завршува со монолог или малтретирање да извадиш на некого збор од уста....што е жалосно.Исчезнува желбата за дружење, пиење кафе и муабетење во реалниот свет.Се повеќе ми се чини дека младите и не знаат да се дружат.Живеат во некој виртуелен свет и со мисла за што повеќе френдови и лајкови на фејсбук, а во реалниот свет се изгубени и исплашени да створат ВИСТИНСКО ПРИЈАТЕЛСТВО.Страшно :nesvest:
Секоја чест за оние кои интернетот го конзумираат во нормална доза, а покрај него имаат одличен социјален живот и ораторски способности и во реалниот свет.Секоја чест за оние кои не успеале реалноста да ја заменат со
100pc.jpg

и 4 ѕида.


Potpolno se slagam so ova !!
 
Виртуелно vs реално ораторство

Виртуелно многу ретко во последно време се допишувам , на прсти се бројат луѓето ..

Додека реално ќе праиме муабет додека не дехидрираме =)


...back on subject

Дали можете некој да го сметате за паметен преку виртуелно искажаните ставови и колку истото го сметате за веродостојно?

-Mожеби изгледа кул и паметно - тапкање по тастатура е факторот шо ќе ме натера да си речам (е овој е паметен,којзнае шо муабет ќе сврти) :vozbud:............NOT

Дали интернетот влијае лошо на комуникацијата во реалниот свет?
-Спред мене (а другите често забораваат) преголемите очекувања и стравот да не напраиш некој бед - ја кочат дебатата во живо,нормално дека нема тука - делит,копи пасте , пауза додека ти текне нешто kewl и слични импресии кои се безвредни во реалноста.
:smir:
 
Тие полека но сигурно својот социјален живот го сведуваат на нула.Комуникацијата на мсн, фејсбук и слични интернет помагала е многу полесна затоа што нема eye contact.Полесно затоа што не гледаат со кого прават муабет, тогаш тие се најинтелегентните суштества, најубавите, најпоштените.......а во многу случаи доколку дојде до средба во реалниот свет, се доаѓа до сосема спротивен заклучок.Таа средба завршува со монолог или малтретирање да извадиш на некого збор од уста....што е жалосно.Исчезнува желбата за дружење, пиење кафе и муабетење во реалниот свет.


Многу е полесна комуникацијата зошто има време да ги смисли речениците,да ги состави,па да ти ги напише.Во живо немаш пола саат за мислење или си таков или сликата пропаѓа во вода.
Затоа разочарувањето од интернет е најголемо.До вчера „уста“ голема,денес ќути и црвенее.
Затоа секој ден викаме повеќе со луѓе,помалку со виртуелни фаци.Така се стекнуваат ораторски способности,симпатии, пријатели...
Ти Македонка на пример во живо си различна од интернет,уста не отвараш :лудача:
 
Колку често ви се случува некој со кого комуницирате виртуелно и мислите дека има одлични ораторски способности,да ве изненади со молчење и вадење зборови со клешти?
Дали можете некој да го сметате за паметен преку виртуелно искажаните ставови и колку истото го сметате за веродостојно?

Често слушам коментари од типот - "ни одеше муабет на мсн, но во живо кога се видовме и не беше се така сјајно, или немав воопшто муабет на мсн, случајно се видовме и окапавме од муабење, прото се изненадив" ...

Во што е причината?
Дали интернетот влијае лошо на комуникацијата во реалниот свет?
Ќе се послужам со еден цитат :


Дали ораторството губи смисол во живо затоа што нема copy paste?


Даа бе.
И тоа доста...
Зависи од личностите кои ме опкружуваат.
Сум приметил дека во пошироки социјални кругови се губам...:kesa:
 
Многу е полесна комуникацијата зошто има време да ги смисли речениците,да ги состави,па да ти ги напише.Во живо немаш пола саат за мислење или си таков или сликата пропаѓа во вода.
Затоа разочарувањето од интернет е најголемо.До вчера „уста“ голема,денес ќути и црвенее.
Затоа секој ден викаме повеќе со луѓе,помалку со виртуелни фаци.Така се стекнуваат ораторски способности,симпатии, пријатели...
Ти Македонка на пример во живо си различна од интернет,уста не отвараш :лудача:


aaaa . BUSTED :D hehe:baeh:
 
Даа бе.
И тоа доста...
Зависи од личностите кои ме опкружуваат.
Сум приметил дека во пошироки социјални кругови се губам...:kesa:

Kako и на темава шо се изгуби.:pipi:
При 10 прашања, одговори само на едно :аплауз:
Ама ќе ти се бројат постови и после ќе мислат дека си интелегентен :tapp:
 
Македонка е алапача во живо,да бидам поконкретна :)
Луртз ти си ист како и тука,одмерен во муабет.
Да не ја растурам темава,нека ме избрише Џени :wub:
 
Ти Македонка на пример во живо си различна од интернет,уста не отвараш
Па ја се прилагодувам на другите, пошо ако си праам сама муабет може да ме сметаат за :смајли: :icon_lol:

Да не ја растурам темава,нека ме избрише Џени :wub:
Со шо да те избрише Џени? :icon_lol:
 
Какво ќе биде реалното ораторство за 20 години каде што најверојатно нема ни да се оди на факултет ни на училиште, па има виртуелни предавања ќе има има виртуелни полагања на тестови, сега со фејсбук не е ништо тогаш ќе биде интересно, Wall-e и целата претстава за луѓето на овој филм ќе стане реалност.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom