A1 TV кабелска телевизија (Blizoo/Cabletel/Vip TV) - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Xak
  • Време на започнување
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Инаку како за инфо ги продолжиле авторските права кај АВМУ за РТЛ и другите за кои беа опоменати, до 2019.
И само за тие канали - каналите од Балканскиот пакет - ги обновиле авторските права, и тоа само бидејќи беа опоменати од страна на АААВМУ.

Авторските права за Viasat каналите и понатаму им истекуваат на 1 декември 2017, авторските права за ЕуроСпорт и Discovery каналите им истекуваат на 31 декември 2017, а авторските права за Спорт Клуб каналите, исто како и за Cinemania, Ultra и апсолутно непотребната Grand телевизија, им истекуваат на 28 февруари 2018.

FTV телевизијата за обожавателите на анорексијата ја нема на официјалниот список на ТВ канали на Вип ТВ на веб сајтот на АААВМУ, а на нејзиниот дигитален канал се прикажува информација дека каналот не е достапен за ре-емитување поради регулирање на авторските права со застапникот на тој канал. Истата информација ја прикажуваа и на дигиталните канали на Djazz и Brava пред да ги отстранат од дигиталната ТВ понуда на Вип ТВ.

И се разбира, повеќе од очигледно е дека ги отпишале Djazz и Brava и не планираат да ги враќаат или да ги заменат со слични или подобри канали од таков тип. :tapp:

http://avmu.mk/wp-content/uploads/2017/06/ONE-VIP.pdf
 
Последно уредено:

JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.411
Поени од реакции
2.753
Дали само кај мене Пинк каналите се целосно декодирани односно слободни за гледање или пуштиле срце овие вака пред Black Friday, или пак е дефект нешто? :unsure:
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Дали само кај мене Пинк каналите се целосно декодирани односно слободни за гледање или пуштиле срце овие вака пред Black Friday, или пак е дефект нешто? :unsure:
Со оглед на фактот дека само Пинк каналите се отклучени, повеќе од сигурно станува збор за дефект, бидејќи кога Вип ТВ одлучуваат да бидат промотивно дарежливи, вообичаено ги отклучуваат сите дигитални ТВ канали.
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Дали само кај мене Пинк каналите се целосно декодирани односно слободни за гледање или пуштиле срце овие вака пред Black Friday, или пак е дефект нешто? :unsure:
Еве за што се работи: https://www.vip.mk/media-centar/vesti/-/news/read/2729726[DOUBLEPOST=1511476874][/DOUBLEPOST]
Со оглед на фактот дека само Пинк каналите се отклучени, повеќе од сигурно станува збор за дефект, бидејќи кога Вип ТВ одлучуваат да бидат промотивно дарежливи, вообичаено ги отклучуваат сите дигитални ТВ канали.
Погоре одговорив, промотивно е.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Еве за што се работи: https://www.vip.mk/media-centar/vesti/-/news/read/2729726

Погоре одговорив, промотивно е.
Јаката им дарежливост, подобро ќе беше да ги отклучеа каналите од Балканскиот пакет или HBO каналите.

Но најдобро е кога ги оставаат сите канали декодирани, бидејќи тогаш може да се снима било што и снимените содржини можат да се гледаат било каде, бидејќи не се кодирани.
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.411
Поени од реакции
2.753
Јаката им дарежливост, подобро ќе беше да ги отклучеа каналите од Балканскиот пакет или HBO каналите.

Но најдобро е кога ги оставаат сите канали декодирани, бидејќи тогаш може да се снима било што и снимените содржини можат да се гледаат било каде, бидејќи не се кодирани.
Целосно се сложувам. Таман повеќе српска пропаганда за Нова Година :)
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.896
Поени од реакции
7.570
Целосно се сложувам. Таман повеќе српска пропаганда за Нова Година :)
За дочек Нова Година уз трпеза кифлици, руска, сарми, ракија, пиво или вино да има пинково фолк микс весеље гратис :D

Вака и Телеком еднаш годинава ги отклучија Пинк каналите еден месец поради дефекти и технички проблеми што се дешаваа и понудија мислам беше плус бесплатно интернет на мобилните.
 
Член од
24 јануари 2015
Мислења
1.742
Поени од реакции
1.170
А шо бе, на ВИП имало Пинк?
На кого му е гајле за такво ср..е.

Sent from my SM-G930F using Tapatalk
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
За дочек Нова Година уз трпеза кифлици, руска, сарми, ракија, пиво или вино да има пинково фолк микс весеље гратис :D

Вака и Телеком еднаш годинава ги отклучија Пинк каналите еден месец поради дефекти и технички проблеми што се дешаваа и понудија мислам беше плус бесплатно интернет на мобилните.
Ќе барам да те банираат поради предвремено поттикнување апетит 5 недели порано.

Внимавај каде пишуваш за храна, како да не ни` се доволни 24 Kitchen и Food Network HD со Гај Фиери и неговите Diners, Drive-Ins and Dives. :D

http://www.foodnetwork.com/shows/diners-drive-ins-and-dives

Последно уредено:

StOrMK

Rain
Член од
24 јули 2015
Мислења
345
Поени од реакции
151
Дечки, дали може кабелски ресивер да се промени со CA модул поради нов ТВ и која е процедурата?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Дечки, дали може кабелски ресивер да се промени со CA модул поради нов ТВ и која е процедурата?
Ќе го однесеш кабелскиот рисивер заедно со далечинскиот управувач и каблите во салон на Вип, и ќе побараш да ти го заменат за кабелски CA модул.

Но вообичаено за кабелски CA модул се доплаќаат 100 или 200 денари месечно, освен ако ја користиш дигиталната кабелска телевизија на само 1 (ЕДЕН) телевизор.
 
StOrMK

Rain
Член од
24 јули 2015
Мислења
345
Поени од реакции
151
Ќе го однесеш кабелскиот рисивер заедно со далечинскиот управувач и каблите во салон на Вип, и ќе побараш да ти го заменат за кабелски CA модул.

Но вообичаено за кабелски CA модул се доплаќаат 100 или 200 денари месечно, освен ако ја користиш дигиталната кабелска телевизија на само 1 (ЕДЕН) телевизор.
Сега ќе земам за втор ТВ. Веќе на едниот мислам дека плаќам 100ден но за приклучокот. И за вториот ли се доплаќа? Мене ми е целта да ги намалам каблите, ама ако се плаќа ќе си седам со ресиверот.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Сега ќе земам за втор ТВ. Веќе на едниот мислам дека плаќам 100ден но за приклучокот. И за вториот ли се доплаќа? Мене ми е целта да ги намалам каблите, ама ако се плаќа ќе си седам со ресиверот.
Првиот телевизор секогаш влегува во редовната месечна претплата.

Доколку плаќаш месечна претплата само за дигитална кабелска телевизија, односно пакет Vip TV S или пакет Vip TV M, тогаш само првиот телевизор ти влегува во редовната месечна претплата, а за вториот телевизор се доплаќаат 100 или 200 денари месечно - не помнам точно колку наплаќаат сега, порано наплаќаа дополнителни 200 денари месечно за кабелски рисивер за вториот телевизор, односно дополнителни 100 денари месечно за кабелски CA модул за вториот телевизор.

Истото важи доколку си корисник на некој од Вип Комбо 3 или Вип Комбо 4 пакетите, освен ако си корисник на најскапиот Vip Combo 3L пакет, или на најскапиот Vip Combo 4L пакет - кај овие два најскапи пакети на Вип ТВ во редовната месечна претплата влегуваат 2 (ДВА) телевизора, додека дополнително се плаќаат 100 или 200 денари месечно за 3 (ТРЕТ), 4 (ЧЕТВРТ) телевизор и така натаму.
 
Јас имав направено кабелски ресивер + CA (доплата 100 ден.). Е сега ресиверот да го вратам и да земам модул (вкупно ќе имам 2 модула) треба + 100 ден. месечно?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Јас имав направено кабелски ресивер + CA (доплата 100 ден.). Е сега ресиверот да го вратам и да земам модул (вкупно ќе имам 2 модула) треба + 100 ден. месечно?
По логика на нештата, да - би требало да ти наплаќаат дополнително 100 денари месечно за кабелскиот CA модул за вториот телевизор.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom