Vip Survivor

  • Креатор на темата Креатор на темата ZOTE
  • Време на започнување Време на започнување
Сомнителни се овие.
Ако не изгубииа намерно заради Алекс еве на... опасен е Себо

Бла бла бла ова се сето трчаеви :tapp:
Како за почеток, никој не знаеше за кого гласаше Алекс....
 
Аууу порно филмови им пуштија. Сега кога ќе се фатат..
 
Бла бла бла ова се сето трчаеви :tapp:
Како за почеток, никој не знаеше за кого гласаше Алекс....
Трачеви се да, ама многу е реално.
Себастијан од почетокот кажа дека ќе направи се за Алекс да не влезе во финалето, а денес изгуби од Никола и Ава... Баш тој Себастијан што скоро во сите борби победи. Он гледа за него, си знаеше дека ќе оди по таен имунитет, па така да не му беше многу важна борбата.
А тоа дека не се знаело за кој ќе гласа Алекс е смешно, се знаеше дека ќе гласа за тимот кај што се Себастијан, Милан и Кристина а не за тимот на Влада и Никола. :)
 
Трачеви се да, ама многу е реално.
Себастијан од почетокот кажа дека ќе направи се за Алекс да не влезе во финалето, а денес изгуби од Никола и Ава... Баш тој Себастијан што скоро во сите борби победи. Он гледа за него, си знаеше дека ќе оди по таен имунитет, па така да не му беше многу важна борбата.
А тоа дека не се знаело за кој ќе гласа Алекс е смешно, се знаеше дека ќе гласа за тимот кај што се Себастијан, Милан и Кристина а не за тимот на Влада и Никола. :)
Е во играава беше баш пологично да се кладиш на другиот тим.
Барем од старт јас помислив дека Влада тепаат, а и Ава изненади денеска пријатно. Ќе биде весело на племенскиот, Милан само чудо го спасува.
 
Знаете што,оние женскине се дунди во смисла на внатрешно.... Надворешно пу пу да поплукам... :pos:
Наместо да го исфрлат Себастијан кој јадеше витамини за нив како тие не биле кадарни за во финале итн... Тие ги бркаат оние штто ич не ги интересира такви работи или не се ни иницијатори.... :tapp:
 
Многу работи не зема во предвид Алекс кога бираше фаворит. Фактот дека Себастијан имаше можност да оди по тајниот имунитет(кој е многу важен во оваа фаза) значеше дека веројатно нема да се претргне многу во борбата. Од друга страна Никола и Ава би требало да се чувствуваат најзагрозени па логично ќе беше да имаат најголема мотивација за победа.
Се на се лоша одлука на Алекс.
И да, ауфидерзен Маја Лена. Ваљда нема Милан да го шутнат, не заслужува човекот.
 
Според мене фаворити се Владо Себастијан и Милан ...
 
Жаре им направи јак филм на овие ретардираниве на островов, се попалија сите до еден... утре ќе биде смеење. :pos:
 
Жаре им направи јак филм на овие ретардираниве на островов, се попалија сите до еден... утре ќе биде смеење. :pos:
Оти филм? Нема можност Јелена да прави замена?
 
Нема, му текна на Жаре да ја заебава и го допиша тоа во пораката... Му кажа само на Радован. :pos:
А и Огњен влезе у филмот дека Јелена ќе го врати назад.

Инаку,почнаа по малку сите да бидат патетични во нивното однесување само Влада и Милан се воздржани и не се многу оптоваруваат со целава оваа игра и хаос кој го направија.Јелена цело време беше против Огњен како тој се однесувал спрема жените и што не изнакажа за него,за тоа дали тој е свесен дека има живот и после сарвајвар,цело време беше у филм као жените треба да се обединат и да ги отфрлат машките еден по еден и одеднаш,зашто го направиле тоа се прашувам дали таа го гледа сега сето ова од дома или од психијатрија.А Огњен као во ред било тој што имал договор сите пет да влезат у финале машки на крај кој победи у тие борби тој да влезе во супер финале и сега као Алекс била таа која го исфрлила,а не е свесен дека Себастијан и Кристина го исфрлија,зашто Себастијан напросто не поднесува конкуренција(не дека Огњен е нешто многу јак или паметен далеку од тоа),бидејќи на Мартина ужасно и пречеше Огњен и сето тоа страшно умешно го изведоа со Кристина со помош на Себастијан(повеќе му одговараше Никола да остане зашто е послаб и од Мартина која е најслаб такмичар).Инаку на сите Алекс им беше ок,се додека не победи во првата борба,од тогаш им е ноќна мора посебно на Себастијан и Огњен,толку злоба и завист во нив има што мислам дека Јелена ја надминуваат во некои моменти,ајде Јелена ќе ја сфатам била исфрлена,а они затоа што биле победени(кој спортски дух),па таа со борба дошла до имунитет,не со лижење газови.
 
мислам дека треба да се измисли некој нов збор за лик како што е Кристина, од секоја негативна особина да се земе по една буква и да се склопи едно универзално име од едно добри 10 букви

Маја да ја држеше устата затворена и да немаше таков став за излегување надвор можеби ќе преживееше после се што изнакажа Кристина... Алекс немаше храброст и овој пат да ги склопи девојките да гласаат за Милан бидејќи со сигурност ќе леташе ама ете го има имунитетот па си тера така, уште две шанси има за финале

Жаре онаков таков само он внесува може да се каже позитивна енергија и искрено знае понекогаш да биде доста духовит (уште пет дена да правиме циркуси и после фиууууу :pos:), се виде на Оги дека не му беше се едно кога Жаре им каже дека се е измислено бидејќи се надеваше Јелена да го врати али како и го спопика на Кристина не знаеше кај се наоѓа

Ава гледам почнала да плаче бидејќи ја потценувале и навредувале... ах сите да беа како тебе кога ќе им се упати лош збор ќе имаше поплави... али ајде со таква нејзина наивност и не знам сега дали глуми или навистина е приглупа и преемотивна ама ете ја гура се понатаму и ништо чудно да го закачи финалето

машкиот клан сега пак е во водство и да се потрудат да освојат дупли глас и ако се доволно паметни да почнат да исфрлуваат жени супер ќе биде
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom