bobipp
Let's cook!
- Член од
- 15 август 2008
- Мислења
- 12.480
- Поени од реакции
- 7.913
Другари, дали може некој од искуство да сподели, колку е добро/лошо да се земе Виолетов пакет од НЛБ? Најмногу ми е за можноста да се оди 2 плати во минус, не ме интересираат опциите за кредитни картички и купување на рати со нив. Како се наплаќа тоа што си минус салдо на крај од тековниот месец, односно пред стигнувањето на новата плата? Дали самото си одзема % од новата плата, пропорционално на минусното салдо или излегува во извештај како рата која треба да се плати? Претпоставувам дека ако си во плус, нема камата или има некоја незначителна од редот на 0.01%?
Минусните плати ќе ги вратиш НИКОГАШ, додека со кредитната картичка можеш да си играш, да ја полниш откако ќе земеш плата и да не ти земе камата и да ги вртиш парите. Или ако не сакаш кредитна тогаш земи си мал потрошувачки кредит, бар така ќе знаеш дека толку и толку враќаш рата месечно и лека полека го отплаќаш кредитот. Со минусните плати е заебано, ако еднаш влезеш у минус после потешко е за враќање, ќе бидеш константно во минус, ќе ти земаат камата на крај на месец, моментално е 14%, и не дај боже ако останеш без работа и не земаш веќе плата во банката каде што имаш минусни плати 3 месеци со ред тогаш ти се укинуваат минусните плати и сметката ти оди во минус за износот кој што ти бил искористен од минусните плати (ако имаш искористено зборам) и ќе мора да ги платиш во брзо време за да не заглавиш не дај боже на извршител.