Вино

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
Што се случува со Тиквеш, срам ми е веќе да му го препорачам на некој како добро македонско вино.
Како го направија ребрендингот со луда мара така квалитетот тргна надоле.
Класична Темјаника беше супер вино за таа цена, сега е на ниво на Смедеревка.
Почна одамна, Свето кога ги купи. Одма го усра квалитетот. Оттогаш наваму трендот на усерување продолжи и со следните газди. Непрепознатливи се сега, класична брзосмртка вино отруено со сулфиди а веројатно и со ароми.

Некогаш и Кратошија беше класа пиво за денешниве Александрија/Т`га. Домашново вино во лоша година ми е класа за вината од Тиквеш.
 
А Смедеревка стигна до 200 ден. За таа цена ќе купиш некое добро бело вино :) Порано Темјаника ми беше омилено бело вино, но не сум го пиел одамна, може со години.
 
виното многу ми го мати мозокот, затоа не го пијам, а и ретко алкохол, не се сеќавам кога се имам напиено задње.
 
Вино не е за напивање, поточно не е за препивање. Вино се пие со добро јадење, две-три чаши. Добар вранец секако ќе те унереди ако испиеш повеќе.
 
Јас од црвено вино ретко кога имам мака, а белото не ми годи баш веројатно многу повеќе хемија се користи во производството
 
Вино не е за напивање, поточно не е за препивање. Вино се пие со добро јадење, две-три чаши. Добар вранец секако ќе те унереди ако испиеш повеќе.

Во право сте.
Јас три пати во живот сум бил пијан и сите три пати исклучиво вино сум пиел.
По 3,5 литри отприлика сум испил вино во сите тие три пати кога бев пијан.

Од куповно вино беше, еднаш од Тга за југ, еднаш од Темјаника, е третиот пат од Тиквеш.
Повеќе бев разочаран од некои животни настани и од некои луѓе, па барав утеха во алкохол и во црвеното вино.

Еднаш испив 1,5 црвено вино и никакво пијанство немав, ме фаќа после 3 литри испиени. Е сега домашното вино е појако со алкохол од куповното.

Понекогаш сум пиел по една чаша, некогаш и до 3 чаши, но поминаа веќе 3 години, и 3 години не сум капка вино испил, завршив со виното. После последното трето пијанство, имам одбив кон виното, пробав два пати по неколку голтки вино и ми беше ептен мачнина. И три години не конзумирам вино. Некаде до 15 литри вкупно сум испил.
 
IMO

Oд поефтини вина што ги има у Кам, не ги препорачувам чилеанските (Тагуа or somethin') што се по 350. Изглеа им се заебале нешто. Две до сега што отворив режеа.
Има венецијанско (Roka or somethin') од по 200 и истата фирма од 550. Тоа од 550 е супер за тие пари, тоа од 200 не е баш добро.
(за бели вина зборам)

Тиквеш никад не купувајте. Има за тие пари многу други подобри македонски вина.
За таа цена ќе купиш некое добро бело вино :)
па не баш, ама Смедеревката не ја сметам за нешто посрање одошто била
Никад не била нешто посебно. Вино што се меша со кисела вода се знае какво е.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom