Вино

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
Има некој пробано Chianti? И какво е ако има пробано?
 
Т"га за Југ....Нема поубаво вино за мене од ова....
 
Т"га за Југ....Нема поубаво вино за мене од ова....

Енд оф дискашн :)

Иначе да се разбереме збориме за вино што е одлично во поглед на квалитет а е со достапна цена, ова го прави "Тга за Југ" незаманелив но и подобар избор од другите вина со слична цена, па дури и поскапите!

П.С. Суви вина рулз!
 
Т"га за Југ....Нема поубаво вино за мене од ова....

После едно шише главата на берза ја ставам :)
Во последно време се навлеков на Вила Марија,убави вина со достапна цена.
 
... Вила Марија,убави вина со достапна цена.

Богами не би се сложил, а цената е достапна стварно.

--- надополнето ---

Има некој пробано Chianti? И какво е ако има пробано?

Какво прашање, бре. Па разни Кианти имаш.
Тоа е од жабарскиве вина најпознато у широки народни маси. Го има по големиве маркети, али најефтино ти е да го купиш директно од увозникот, тоа ти е винотеката позади Универзална, ВинАрт се вика.
 
Правиме домашно вино, од наши лозја, па со купечките некое преголемо искуство немам, освен со оние попознатите како Т`га за југ, Тиквешко црно, Александрија (бело и црвено), Витач и сл.
Најдобро е човек сам да си направи вино кое ќе му одговара, од едно или повеќе видови грозје (хамбург, вранец, памит и можеби малку таљанка, за мирис). „Правењето“ вино само по себе не е тешко, потребно е грозје, бочва, преса и малку работа. Резултатите зависат најмногу од комбинациите на видовите грозје. Смедеревката е дно дна кога се работи за добро вино, ама затоа е најефтина и најмногу раѓа.
Сепак некој голем винопиец не сум, само понекогаш сакам да си се напијам. Пијанството тешко го поднесувам, па сум штедлив со вино и ракија.
 
Мислам дека ќе се согласиме дека "Тга За Југ" е општо омилено вино на нашиве простори.
 
Најдобро е човек сам да си направи вино кое ќе му одговара, од едно или повеќе видови грозје (хамбург, вранец, памит и можеби малку таљанка, за мирис). „Правењето“ вино само по себе не е тешко, потребно е грозје, бочва, преса и малку работа. Резултатите зависат најмногу од комбинациите на видовите грозје. Смедеревката е дно дна кога се работи за добро вино, ама затоа е најефтина и најмногу раѓа.

Се согласувам,нема подобро вино од домашното.
Eдвај чекам дедо ми да направи црвено вино и првата чашка е моја:pipi:
 
Цело зимо се пие црвено домашно, посебно после ручек или бамбус некој, кога како , али во ширата уживам :D
 
Се согласувам,нема подобро вино од домашното.
Eдвај чекам дедо ми да направи црвено вино и првата чашка е моја:pipi:

Да, ама и ширата не е лоша. Јас ја пијам веќе следниот ден откако ќе се стави грозјето во бочвите. Најприроден сок од грозје :) без никакви додатоци. Набрзо потоа почнува процесот на нејзино вриење и скислување, ама и тогаш е вкусна, за по две - три недели да се добие првото винце. :smir:
 
Ширата владее!!! :)
 
„Онај ко буде пио сок од зрна грожђа, постаће необуздан, прождрљив, бучан и разуздан као ова животиња!”:smir:
линк
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom