Free напиша:
Батка! Го читав твојот прв пост.Разбирам што сакаш да кажеш ама у суштина ме интересира зашто толку си уфилман во овие работи:?:
Знам дека никој не ме тера да верувам во овие „филмчиња“ за кој никој не ми гарантира дека не се измислени од некоја битанга,
а ако некој ме тераше тоа ќе беше сто посто неуспешно.
Еве ти го одговорот конкретно на твојата зададена тема: Ако имав такво искуство, незнам зашто не би верувал.Меѓутоа не ми се случило такво нешто нити на мене нити на полно луѓе што ги познавам(на сите што ги знам до сега)
Капираш БАТКО??? :lol: :lol: :lol: :lol:
Капирам јас одамна батко, само тебе ти требаше време да сфатиш што е целта на топикот, дека не е само постови, туку да се соберат преданијата и старословенската митологија на едно место. Има луѓе кои работат на таков проект и се многу заинтересирани за преданијата кои се пренесуваат во Македонија. Едноставно, да се спасат од изумирање и заборав.
Да се вратам на топикот....
За вилите и вилењаците обично се мисли дека се мали суштества кои можат да бидат видливи, некои невидливи. Најчесто живеат во шумите, можат да им помагаат или одмагаат на луѓето, во главно ги поистоветуваат како добри битија.
Малку луѓе знаат дека во суштина се работи за митолошки битија и се како наследство од старословенските верувања. Ако се погледне неколку стотини години наназад, ќе се види дека луѓето навистина верувале во тие суштества и дека тие суштества живееле помеѓу луѓето и со нив. Тогашните свештеници овие суштества ги поистоветувале со демони и ги осудувале, но народот успеал да ги вклопи и адаптира во христијанската религија. Според некои преданија, вилите се спомнуваат како „скриените деца на Ева“ и на тој начин се поистоветуваат со луѓето. Исто така, постојат преданија кои ги поистоветуваат со ангели, но кога Луцифер се побунил, тие не знаеле на чија страна да се приклонат. Поради тоа, протерани се од рајот, но бидејќи не биле зли, Бог не ги ставил во пеколот, туку ги оставил да живеат онаму кај што паднале- на земјата, во водата, на небото...