Аман бре... од каде толкави стручњаци сте станале сите...
Заклучоциве ви се смешни...
Како дете бил повлечен и тивок, бил добар ученик... па и јас сум бил повлечен и тивок и сум бил добар ученик, на одморите не сум имал обичај да лумпувам, а сум имал моменти и кога сум се степал со некој (а кој не се степал некогаш?), сум учел во друг град, сум бил во мизерни услови во интернат, каде разни лудаци ни земаа рекет, па според вашите мислења сега сите околу мене можат да мислат дека имам профил на сериски убиец... Еве сега ме нервираат професориве од факс и да ја земам секирата од подрум и да ги решам, ааа??? Изгледа среќа е што никогаш не сум го читал Достоевски, па можеби има спас за мене... Мене овде нешто ми смрди, не знам, ама доколку имало толку докази, 200 сведоци и ако типот порано бил притворуван зашто им требаше девет месеци за да го уапсат... Ја прочитав цела тема и некој/а тип/типка кажува дека
Расколников учел со него/неа во основно и дека не е изненаден од неговата постапка, а сега личноста со истиот тој
user кажува дека типацов е наместен... Лесно е да зборуваш кога (мислиш дека) си анонимен, кога се претставуваш со некое друго име, псевдоним, но темава е доста чувствителна, па не знам колку е паметно да зборуваш нешто од рекла-казала, или да лажеш само за да одвлечиш внимание, верувај, не си толку анонимен колку што ти изгледа.
Инаку после ова не отварам на никој непознат, по Скопјево шетаат секакви лудаци, не ти е сигурно ни да пешачиш по улициве... Од дента кога објавија веста дека личноста која се сомничи за убиствата проси од врата на врата до денес, на врата ми се појавија двајца непознати. Ама не отварам веќе на никој, посебно не на овој денес, го гледам со торбици ова, она... можеби крие некој калаш, а???
