Вие - политичар

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
277
Возраст
39
Дали до сега некогаш сте размислувале на оваа тема:

Дали се гледате некогаш во иднина на некоја висока функција во државата?

Која функција би ја избрале? Што би сакале да бидете?

Доколку би биле министер кој би бил вашиот ресор?

А, пратеник?

Како се замислувате како политичар?


Кои се главните работи и начела за кои би се залагале на вашата функција?

Дали можеби некогаш за многу години, се гледате на нечија кандидатска листа, за пратеник, градоначалник и сл.?

И уште ова, ветувате ли привилегии за секој наш форумџија. :) (да знаеме дали да гласаме за вас?)
 
Ќе си бидам искрен:
Не ме бидува за политичар. Никогаш не сум ни размислувал на таа тема. Незнам да лажам, незнам да ветувам, а да не го исполнам ветеното. Затоа и не се мотам по партии.
Немам амбиции за никаква јавна функција, ни како пратеник, министер, премиер, градоначалник...
Доволен ми е мирниот живот кој го живеам и чесниот леб кој го заработувам како најобичен граѓанин на Македонија.
 
Политичар? Не Благодарам...Многу Обврски,критики...:wink:
 
Па искрено се гледам како политичар во иднина.....ме интересира многу политиката плус наследно е то од таткоми :)....
А за политичка функција сакам пратеник да бидам или Прецедател....наjпривлечно ми е....
А ако бидам прецедател ке се залагам етничка чиста Македонија...
а пратеник ако бидам ке се залагам да се донеси закон за привилегии за децата чии родители имаат над 3 деца...(се разбира само за Македонците)...
и то ке пробаме ке вдиме има уште мнгоу време 16 години сум само.......ама само едно знам...дека убо сум исфилман :pos:
 
Дали се гледате некогаш во иднина на некоја висока функција во државата?

Да,се гледам.Впрочем студирам политички науки,ме интересира политиката и мојата иднина и кариера ја гледам во политиката.

Која функција би ја избрале? Што би сакале да бидете?

Доколку би биле министер кој би бил вашиот ресор?

А, пратеник?

Хм..дококолку би бирала,би избрала Министерка за Надворешни работи.Има и уште некои кои ме интересираат,но највеќе сум заинтересирана за тоа.

Како се замислувате како политичар?

Хм..интересно...Често размислувам за тоа,бидејќи сепак би сакала тоа да бидам,но каква би била како политичарка,не можам да кажам,бидејќи треба уште да се развивам и карактерно и како личност,така да не можам да какжам каква би била.

Кои се главните работи и начела за кои би се залагале на вашата функција?

Па како главни начела на мојата функција,воспоставување добри дипломатски односи со останатите земји и работење на подобро претставување на Македонија надвор.Има уште некои работи кои би сакала да ги постигнам во текот на мојата кариера и мандат,но тоа би било премногу долго,а ми се спие и ме мрзи да пишувам.:)

Дали можеби некогаш за многу години, се гледате на нечија кандидатска листа, за пратеник, градоначалник и сл.?

Да,дефинитвно.
 
А не, не би бил никогаш политичар ниту би се занимавал со нешто поврзано со политиката. Сите се тотално неефикасни и лажговци и сите плукаат по нив. Ниту градоначалник ниту ништо.
 
Не можам да сум политичар немам нерви за тоа одма бувнувам и гледам да се испразнам гарант би се степал со некој од опозиција одма:)
 
Мислам дека одлично би се снашол на функцијата председател-премиер но истовремено здржена во еден мандат,невработеноста би ја намалил на 5% а платите би ви биле окулу 1000 евра,нето,за само година-две.Но тоа е еден обичен и тешко остварлив сон,нели?:)
 
До пред некое време имав голема желба да запливам во политичките води, и имав таква можност. Да се зачленам во една партија(не ја именувам) и да почнам од ептен мала функција, па даље ќе видиме. Ама мислам дека неам доволно нерви за та работа, лесно избувлива личност сум, па ќе морам да се карам насекое со некој..така да, сега засега не размислувам за таква работа. Во иднина доколку сменам нешто од моите избувливи карактерни особини, би можела да се обидам.
 
За да бидеш политичар треба да си човек без чувства, човек кој знае да гледа во очи и да лаже, човек кој нема да го јаде совеста што си ги наполнил џебовите, за сметка на некој кој умира од глад итн. итн.

Но, ако зборуваме општо, тогаш од сите наведени функции, мислам дека најдобра е функцијата пратеник. Гледајќи кој се не стана пратеник и како го помина мандатот од 4 години, кај присутен, кај отсутен, притоа без ниту еден збор да каже од говорницата, мислам дека најдобар избор е пратеник. Само дигаш два прста, или притискаш копче и ич не му ја мислиш, други мислат за тебе и ти кажуваат кое копче да притиснеш. :)

Мислам дека одлично би се снашол на функцијата председател-премиер но истовремено здржена во еден мандат,невработеноста би ја намалил на 5% а платите би ви биле окулу 1000 евра,нето,за само година-две.Но тоа е еден обичен и тешко остварлив сон,нели?:)
Напред Бранко!!! Само не кажа дали по еден или по двајца членови ќе вработиш од секое семејство? :pos2:
 
Мислам дека одлично би се снашол на функцијата председател-премиер но истовремено здржена во еден мандат,невработеноста би ја намалил на 5% а платите би ви биле окулу 1000 евра,нето,за само година-две.Но тоа е еден обичен и тешко остварлив сон,нели?:)


Mislis na toa da se najdes na funkcijata ili na namaluvanje na nevrabotensosta i platite od 1000 evra???:)
Prvoto ti e epten neostvarlivo.....:)!!! Redot na cekanje e veke 100 km.dolg...
 
Пред повеќе години јас и едно другарче решивме да станеме еколошки активни. Цели среќни и полни со ентузијазам отидовме на состанок на една (позната) еколошка организација со надеж дека тука ќе можеме да придонесеме со конкретни акции (имавме добри и остварливи идеи) Македонија да стане пример за еколошка свест.

За три часа колку што траеше состанокот се наслушавме такви глупости во кои се зборуваше најповеќе за политика (кој на кого и по каква цена) а најмалку за екологија, се погледнавме и си заминавме.

Ама тоа беше одамна, можеби денес се промениле работите.

Инаку за темата. Можеби, но треба ептен да се намести и да ми е поврзано со струка. Инаку таму да градам кариера и да губам нерви-нема шанси.

Сепак ако никој што го бива не оди во политика (95% од случаите) тогаш и нема шанси било кога да се извадиме од калта.
 
100% ke bidam politicar me biduva iskrenoza toa i moja zelba e da bidam ministerka ili lider na nekoja partija koja ke dozivee neviden uspeh ama ke videme kolku od moite zelbi ke se ispolnat
 
Нема шанси....за да бидеш политичар у државава треба да мислиш и работиш ко останатите за да успееш....искрени политичари што се залагаат за народот тука нема, кога би имало ке бидат исфрлени од овие другиве...затоа никако политичар, нејкам да ме пцуе толку народ :pos:
 
Back
На врв Bottom