Вие и кафето

  • Креатор на темата Креатор на темата fsreplay
  • Време на започнување Време на започнување
Не дека јас сум читал наука за варење на кафето :D
Имам правено на три начини:
Првиот класично го ставаш во гезве и го вариш додека не крене.
Вториот ја вриеш водата и го потураш кафето па промешуваш да се раствори добро. Сега имаш дури и мали кесички со турско (блек н изи шо би рекле тие пофенси).
Третиот (најмалку кајмак, ама демек теоретски излегува најмногу кофеин) - го вариш го гезве и откако ќе крене го тргаш на страна, по пола минута пак го враќаш на оган и пак зоврива, али го губи кајмакот и мене не ми се допаѓа на вкус (имам другар кој само така пак го пие, но нели за вкусови не се дискутира :)).
Има и четврт као компромис меѓу 1 и 3. Го вариш од старт со кајмак, се крева, го тргаш кајмакот на шоља, го враќаш назад на оган го превриваш уште некоја минута и го префрлаш во шољата со кајмак.
Автоматски споено мислење:

Мислам дека тоа е Минас, посебен тип кафе или бразилска варијација на некое од основниве две и некаде имам прочитано дека само во овие региони на Балканот се пие уште, дури и на берза е тешко да се најде, најверојатно поради слабиот квалитет. Така да, може и да не содржи наут, едноставно е неквалитетно кафе.
Сум приметил и дека често знаат да го испечат повеќе од што треба или самата мелница им го гори и вкусот е ѓон. Не сум сноб, би пиел и турско, ама од што немаат луѓево критериум, пакувачите на кафе кај нас, го имаат сведено на помија.
Најчесто црногорците и албанците ја имаат таа „дарба“ да го загорат минасот, па затоа испаѓа тешко ѓубре. Имаат и грциве, го викаат Scouros што у превод би значело темно, горко кафе. Бар се искрени у своите „намери“ :D
Автоматски споено мислење:

Nescafe Cote D'Ivoire, би требало се уште да можеш да го најдеш. Limited edition е демек, ама уште го гледам по рафтови.
Автоматски споено мислење:

Јас барав на форумов и мислам дека ти ми предложи да видам во 7г, ама немаат инстант. Ако најдеш во некој маркет плс сподели :)
Cotte d`Ivore е доста горко но по интензитет е мање више исто како обичното кафе. Не знам дали има и други „регионални“ кафиња, но ако да, би требало нашиве добавувачи да се сконцентрираат да ги донесат.
 
Последно уредено:
како пиете вриено кафе, тоа само што ќе крене се вади од оган, вриено е рамно на мочка
 
Од кога ќе ја туриш колку време се чека, што се праи? Јас уствари не сум некој кафеџија де :D
Се чека некоја минутка да падне талогот долу. Овде турско да си порачаш така ќе ти го направат како што опиша Lester. Мене ми е блјак затоа што ич несакам студено кафе, а за некоја минута се подоладува. А ако го пиеш одма тогаш уствари го пиеш и талогот што треба да падне долу. Мислам дека ваквиот начин на подготовка се прави исто со покрупно мелено кафе,скоро како тоа што се става во мока.
Туку за аромата или за силината мислам исто дека е добро кога е тогаш сомелено. Ја си земав некое минијатурно рачно мелниче и за минутка имам свежо кафе, обично го правам во мока. Овде чоек нит ѓезве, нит салам турско може да си купи.
За инстантните, шо знам мене Jacobs најмногу ме ококорува и кеф ми е да го пијам, многу убава пена прави и има баш кафе мирис.
 
Последно уредено:
пијам турско, понекогаш, ако не ме мрзи да сварам... Порано не можев денот да го почнам ако не пијам кафе, али сеа неам гајле.
 
Не дека јас сум читал наука за варење на кафето :D
Имам правено на три начини:
Првиот класично го ставаш во гезве и го вариш додека не крене.
Вториот ја вриеш водата и го потураш кафето па промешуваш да се раствори добро. Сега имаш дури и мали кесички со турско (блек н изи шо би рекле тие пофенси).
Третиот (најмалку кајмак, ама демек теоретски излегува најмногу кофеин) - го вариш го гезве и откако ќе крене го тргаш на страна, по пола минута пак го враќаш на оган и пак зоврива, али го губи кајмакот и мене не ми се допаѓа на вкус (имам другар кој само така пак го пие, но нели за вкусови не се дискутира :)).
Само првиот начин го знам :D Толку од мене и кафињата.
Да се разбереме, не пијам дека обожавам или не може денот да ми почне без него. Пијам зашто станувам у 4 ипол, демек ќе ми помогне малце за поспаност, втората и побитна причина, пијам пред вежбање, pre workout :D И двете причини којзнае дали се само психа. Генерално можам и месец дена да не се напијам кафе па никому ништо :) Али па кога пијам убо ми е, па нека биде боље ако може :)
 
Нема филозофија, ете пробај и со другите и ќе кажеш мислење :)
Јас до пред година-две пиев многу кафе, па го намалив и сега пијам 2 шолји на ден (ако се споредат со тоа што го прават постариве во филџан, тогаш пак пијам 4 кафиња :D) со исклучок на денови кога е надвор апла облачно и тиња (низок притисок, па воведувам + уште една шолја). Првата ја пијам скоро цел ден т.е се дозирам со кофеин по малку преку цел ден, втората попладне после 17h и обично пијам тогаш и таурин, оваа ме држи и за работа до подоцна, или пак ја користам како преворкаут.
 
Јас не знам како може да приметите кое ве ококорува повеќе, а кое не. :D
Мене се исто ми е, ако е појако го осеќам на желудник повеќе, неголи во енергија. Затоа гледам да ми е на вкус погодено, некогаш додавам млеко, некогаш не, како ќе ми текне.

Во последно време некако почнав да го отсакувам кафето, обично пиев по две, сега исклучиво едно, насред ден. Се презаситив и од него, скроз би го исфрлила дури на некој период.
Некоја замена за кафе, поздрава, зашо сепак ми треба нешто во денот, иам низок притисок колку и да пијам вода.
 
Црн чај?
 
Немам пробано.
Погрд ли е на вкус од зелениот?
Многу подобар на вкус. Во чаршија бе вајда имате пиено, во оние чашкине, епруветки ги викам :)
 
Многу подобар на вкус. Во чаршија бе вајда имате пиено, во оние чашкине, епруветки ги викам :)
Кој чај од продавница е најблизок со вкус како тој во чаршија?
Јас овој го пиев едно време како замена за кафе, ама не е ист вкусот со тој од чаршија.
 
Многу подобар на вкус. Во чаршија бе вајда имате пиено, во оние чашкине, епруветки ги викам :)
Тоа е цејлонски чај. Чајот е црн, течноста кога ќе се свари е црвена. Јас многу го сакам, посебно зиме и, сам го спремам
 
Многу подобар на вкус. Во чаршија бе вајда имате пиено, во оние чашкине, епруветки ги викам :)

Немав поима дека тој е црн, али не е лош вака за пиење. Ќе пробам од продавница што имаат. (y)
 
Порано како ништо пиев по 5-6 шољи кафе на ден. Сега намалив малку ама пак не можам без барем три кафиња дневно. Ако не се напијам кафе после будење не може да ми почне денот. Колку и рано да треба да станам секогаш наоѓам време за прво утринско кафе и настојувам обавезно да е турско.

После во тек на денот како се погоди. На работа обично пијам Нескафе 2 во 1 или Јакобс. Во кафич строго еспресо.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom