Вие и кафето

Член од
3 мај 2014
Мислења
909
Поени од реакции
2.993
Да робустата има повеќе кофеин, затоа и повеќе и полесно се произведува, за разлика од Арабика, самото тоа што има поголема содржина на кофеин(дупло повеќе од арабика) ја штити од многу надворешни фактори кои можат да влијат на плодот.
Али рачунајте дека робустата и на вкус е далеку полоша од арабика има нота на изгорена гума, појак интезитет на кафето, но и повеќе кајмак, за разлика од арабиката која има поблага нота и е со покремаста структура, затоа многу компанија го користат односот 75%(арабика) со 25%(робуста).
А многу голем дел од инстант кафето е правено од робуста.
Интересен факт, има повеќе од 100 вида на кафе, а светот е окупиран со два вида арабика и робуста.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.720
Поени од реакции
13.441
Робустата сама по себе е тешко ѓубре и не ја препорачувам ако доминира во соодносот.
@AceCaleb ти препорачувам да го пробаш Нескафе Еспресо, тоа ти е нешто слично на Azera, појако од обичното нескафе а со арома приближна на Голд. Поскапо е, но вреди експериментот.

Него пошо лекар ми препиша да не се дрогирам со кофеин веќе ради хипертензија некој да ми препорача вкусно безкофеинско низ маркетиве?
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.912
Поени од реакции
11.267

Го имам пробано, добро е али голема потрошња има и тоа, а поскапичко е башка :D Може пак да земам сум заборавил каков вкус имаше додуше.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
Што инстант кафе пиете? Не ми е прва опција туку ми треба за на места каде не можам друго кафе да се напијам, пример на работа. Некако што и да пробам друго пак на нескафе класикот се враќам. Едноставно сакам да е јако кафето, најјако што може. Несов како за количината што ја ставаш да има најјака јачина, збориме лажиче за лажиче па и вкусот. Можеш од поевтините или послабите инстант кафиња да ставиш повеќе лажички за да добие јачина али не ми е тоа поентата.
Имате ли омилено инстант кафе, што би препорачале вие?
Nescafe Cote D'Ivoire, би требало се уште да можеш да го најдеш. Limited edition е демек, ама уште го гледам по рафтови.
Автоматски споено мислење:

Робустата сама по себе е тешко ѓубре и не ја препорачувам ако доминира во соодносот.
@AceCaleb ти препорачувам да го пробаш Нескафе Еспресо, тоа ти е нешто слично на Azera, појако од обичното нескафе а со арома приближна на Голд. Поскапо е, но вреди експериментот.

Него пошо лекар ми препиша да не се дрогирам со кофеин веќе ради хипертензија некој да ми препорача вкусно безкофеинско низ маркетиве?
Јас барав на форумов и мислам дека ти ми предложи да видам во 7г, ама немаат инстант. Ако најдеш во некој маркет плс сподели :)
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
До сега единствено инстант кафе што го памтам дека има специфичен вкус е она од Spar кај ѓупциве на југ. Сите други ми се многу слични меѓусебно и многу хемиски вкус.Има многу чудна процедура тоа гранулите како се формираат со течен азот.

Инаку не се сложувам дека робуста е ѓубре. Тоа е планински тип кафе од регионот на Етиопија и расте на поладна клима, односно на повисока надморска и повлажни региони. Има одредена киселост, која ако е рафинирана дава многу добар вкус на шоља кафе. Познатите брендови најчесто праат микс од робуста и арабика.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.370
Поени од реакции
30.782
Него пошо лекар ми препиша да не се дрогирам со кофеин веќе ради хипертензија некој да ми препорача вкусно безкофеинско низ маркетиве?
Cisto kakao, bez mlecni dodatoci i sekeri.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.720
Поени од реакции
13.441
Nescafe Cote D'Ivoire, би требало се уште да можеш да го најдеш. Limited edition е демек, ама уште го гледам по рафтови.
Автоматски споено мислење:

Јас барав на форумов и мислам дека ти ми предложи да видам во 7г, ама немаат инстант. Ако најдеш во некој маркет плс сподели :)
Освен што начекав Illy средно мелено (за мока пот) но изгор скапо и Папагалос Лумидис за турско, другиве немаат. Барам инстант прво па ако не за мока пот со пристапна цена.
Автоматски споено мислење:

До сега единствено инстант кафе што го памтам дека има специфичен вкус е она од Spar кај ѓупциве на југ. Сите други ми се многу слични меѓусебно и многу хемиски вкус.Има многу чудна процедура тоа гранулите како се формираат со течен азот.

Инаку не се сложувам дека робуста е ѓубре. Тоа е планински тип кафе од регионот на Етиопија и расте на поладна клима, односно на повисока надморска и повлажни региони. Има одредена киселост, која ако е рафинирана дава многу добар вкус на шоља кафе. Познатите брендови најчесто праат микс од робуста и арабика.
Прават микс со робуста и арабика но во оние производи каде сакаат да појачаат јачина, таму повеќе доминира робустата.
Овие нашиве Рио, Паскалин итн, кој им е соодносот со кафе и наут? У последно време ептен као да ја преминуваат границата.
 
Член од
22 септември 2018
Мислења
196
Поени од реакции
126
Jacobs кафето мене на вкус ми е многу подобро од Nescafe и поубава пена се прави. A најдобро еспресо до сега од сите овие што се достапни кај нас ми е Lavazza Crema e Gusto.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Освен што начекав Illy средно мелено (за мока пот) но изгор скапо и Папагалос Лумидис за турско, другиве немаат. Барам инстант прво па ако не за мока пот со пристапна цена.
Автоматски споено мислење:

Прават микс со робуста и арабика но во оние производи каде сакаат да појачаат јачина, таму повеќе доминира робустата.
Овие нашиве Рио, Паскалин итн, кој им е соодносот со кафе и наут? У последно време ептен као да ја преминуваат границата.
Мислам дека тоа е Минас, посебен тип кафе или бразилска варијација на некое од основниве две и некаде имам прочитано дека само во овие региони на Балканот се пие уште, дури и на берза е тешко да се најде, најверојатно поради слабиот квалитет. Така да, може и да не содржи наут, едноставно е неквалитетно кафе.
Сум приметил и дека често знаат да го испечат повеќе од што треба или самата мелница им го гори и вкусот е ѓон. Не сум сноб, би пиел и турско, ама од што немаат луѓево критериум, пакувачите на кафе кај нас, го имаат сведено на помија.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.681
Поени од реакции
37.665
... и колку да се декофеинизира кафето, сепак останува кофеинот во него макар во трагови, а и самата метода за извлекување на кофеинот ја прави цената на безкофеинско кафе, така да ,,поевтино,, безкофеинско кафе значи и послаб метод во отстранување на кофеин од тоа кафе,

...замената на кафето со оправдување дека не можеме да функционираме, а со тоа задржување на нашата навика на утринско пијуцкање со други напитоци што содржат помала количина на кофеин, како што се чаевите (зелен чај или со негова ферментација добиен црн - индиски чај) или какаото со уште помал процент на кофеин, нема да ја прифатиме по долгогодишната навика на психостимулирање со класичното кафе,

... пијалокот како ,,Кока кола,, а и чоколадите посебно ,,црните, содржат исто кофеин, редовното пиење кафе неколку пати на ден се одговорни за одржување на телото посебно психата во состојба која не е таа нормалната туку во еден повисок надрзнувачки стимул што ние го препознаваме како ,,освежување"на телото, несвесно за веќе направената навика на телото да биде постојано на тој левел што носи и негативни ефекти за кои можеби моментално не сме свесни, но е прашање на време кога негативно ќе го почувствуваме,

... телото нема потреба од такви психостимуланси ,, вештачко" одржувани во текот на целиот ден и тоа секојдневно, можеби некое напорно патување, некој испит, синпозиум, некоја прослава, забава што би побарало телото помош поради потрошнените резерви на издржување да му помогниме и освежиме со еден ваков психостимулативен пијалок како кафето и едно чоколадо дополнително, но никако да ни биде секојдневна навика слично како да се пие лек!

... лично, се мислев како ќе можам да не бидам навлечена на пушење на цигари како еден главен фактор за дружење и оправдување на било каква психолошка состојба (радост, тага, нервоза, секс, потреба, слабеење) посебно придружено со ритуалот пиење кафе - ете подолго време се имам откажано, па ете функционирам,
потоа следи период кога размислував дека немам секојдневната потреба од навиката на кафе, затоа што треба да прифатам тоа што ми кажува телото, а не да го стимулирам со пиење кафе, но како да го оставам тој утрински колегијален ритуал? па бидна и тоа многу лесно, јас веќе подолго време не пијам секојдневно кафе, но тоа не значи дека нема да го конзумирам ако сум преморена на некое патување, предавање, целодневни состаноци, симпозиум, конгрес или било кога ми треба навистина психостимулација и одржување на кондиција зошто е таков денот, но секојдневно ваков стимулацонен ритуал не е здравствено оправдан барем според мое мислење, а што се претерува денес со кафето тоа е факт !
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Оф:
во подфорум здравје отворете тема и дискутирајте дали е кофеинот добар или лош, темава е за нас „наркоманите“, совети и рецензии од кој дилер да набавиме и каква роба.

Он:
@AceCaleb пробај и кафиња на мелење „турско“ само да ги потураш со зовриена вода. Јас земам понекогаш од продавничка за здрава храна во зелената зграда спроти поликлиника Јане Сандански, ти го мелат на лице место и имаат повеќе сорти, мислам дека се појаки од класичното турско што се продава во продавница. Доаѓаат некој денар поскапо, ама пак аромата особено првиот ден е топ :love:
 
А така се спрема, само тураш зовриена вода?
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.912
Поени од реакции
11.267
Секое мелено (турско) можеш да го направиш само со зовриена вода.
Од кога ќе ја туриш колку време се чека, што се праи? Јас уствари не сум некој кафеџија де :D
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Од кога ќе ја туриш колку време се чека, што се праи? Јас уствари не сум некој кафеџија де :D
Не дека јас сум читал наука за варење на кафето :D
Имам правено на три начини:
Првиот класично го ставаш во гезве и го вариш додека не крене.
Вториот ја вриеш водата и го потураш кафето па промешуваш да се раствори добро. Сега имаш дури и мали кесички со турско (блек н изи шо би рекле тие пофенси).
Третиот (најмалку кајмак, ама демек теоретски излегува најмногу кофеин) - го вариш го гезве и откако ќе крене го тргаш на страна, по пола минута пак го враќаш на оган и пак зоврива, али го губи кајмакот и мене не ми се допаѓа на вкус (имам другар кој само така пак го пие, но нели за вкусови не се дискутира :)).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom