Вие и кафето

  • Креатор на темата Креатор на темата fsreplay
  • Време на започнување Време на започнување
Jas i kafeto sme dobri prijateli. Sabajle go pijam sekogash. Nemam problemi so nesonici, mozham kofa kafe da ispijam pred spienje. Ozbilno.
Кога се праиш тиква, по цел ден - така е. Ни кафе ни курташак не смета за спиење.
 
Почнав decaff да пијам :) Редно време беше, минативе 5 години дневно без три кафиња не бев, и тоа едно за пред тренинг бајаги јако :d
 
Голем зависник сум, со тоа што не пијам повеќе од три, ама морам да ги испијам - ако не, не функционирам баш како што треба.
Се обидувам да не сум junkie за било што, ама кафето и некако потсвесно ми е влезено и сакам на рутината/ритуалот да си држам ниво и да го подобрувам. Долго време пиев филтер, најчесто Jacobs или Tschibo. Одамна имам гледано како го припремаат прашокот за инстант-кафе и тоа ми е многу, многу сомнителна хемија, затоа и ги избегавам. Екстрактот се прави со додавање на чудни супстанци, па ја замрзнуваат смесата со течен азот....гадно.
Исто така и млеко и шеќер не додавам, затоа што го гушат вкусот.
Патував низ арапскиов свет, од каде што и потекнува кафето и некако добив чуден впечаток. „Комерцијалново“ кафе што се пие по светов е нешто сосема друго од тоа што тие го пијат. Вистинското арапско се кува цел ден, се пие во многу мала количина и има многу тежок вкус, кој многу од нас овде не би го издржале, не па да уживаат. А се смета за голема навреда ако ти го сервираат, а не го испиеш. Најпопуларно е turkish, нели, иако ги арапите ги мразат турците до срж, меѓутоа се кува арабика со специфични додатоци како кардамом (и чај се прави многу добар, индиски), некои цветчиња кои му даваат малку лимонаст вкус, кој според мене е фантастичен (криво ми е што не си купив повеќе за дома).
Тоа што кај нас се продава во овие кесички, од типовите минас (и не ми текнува на другото), се типови кои изумираат и веќе ретко се садат, како кафиња со слаб квалитет. Плус и нашиве „пакувачи“ често знаат да утнат, да го препечат, изгорат - многу аматерски.
Си купив мока-пот летово или такозван самовар од Bialetti. На многу слаба рингла го праам кафето и пак не ми праи ни малку крема и затоа следна инвестиција ми е во некој кафемат со мелница, затоа што овие „капачињава“ се огромен, непотребен загадувач - купишта пластика заради човекова мрза.
 
Кафе. моја омилена тема, а богами и филџан да превртиме онака за забава :)

Arabika_vs_robusta.jpg

Arabika (Coffea arabica) и Robusta (Coffea canephora), и двете имаат специфичен вкус, на различни места одгледувани на различни надморски височини, со раличен состав на кофеин....итн
Arabika е кафе со ароматичн сладок вкус помалку киселост на зрното според што се смета за квалитетнo кафе, за разлика од тоа кафе, Robusta кафе ретко се пие како такво чисто поради опориот вкус, ама кога се меша со предходното кафе се добива комбинација која чуда прави на вкус, барем лично за мене, инаку Robusta има дупла содржина на кофеин од Arabika и затоа секогаш идат во комбинација, што ако Arabica е префинето и поквалитетно кафе кога е сиромашно со кофеин, оти кафе не се пие како сок туку ги користиме бенифитите на кофеинот врз нашиот организам...
инаку Гранд кафе Голд, онака ми лежи во вкус и мирис токму како рекламата, а и поради „разгледаниот состав“ ми е омилено кафе работно и утринско и толку, можеби некогаш второ ќе испијам ако некаде патувам или едноставно имам некои долги едукативни работилници да ме одржи во форма, можеби за други не е некој избор, ама мене ми одговара некако „таман“...
инаку, дејството на кафето кај луѓето е различно,
да да, кај некој им делува на парасимпатикус, на некој само на симпатикус, а кај некој рамномерно и таму и таму, затоа кога ќе слушнете некој да рече „морам да се напијам кафе“ за да се опуштам и релаксирам и подобро да заспијам тој спаѓа во првата група, ако некој ќе рече дека мора да испие едно кафе за да се расони и да почне да функционира тој спаѓа во втората група што кофеинот делува на симпатикус и на крај трета група на луѓе и цело шише да испијат не им делува никако ни да се опуштат и да заспијат, ниту да се расонат и да почнат да функционираат наутро ... :)

Што инстант кафе пиете? Не ми е прва опција туку ми треба за на места каде не можам друго кафе да се напијам, пример на работа. Некако што и да пробам друго пак на нескафе класикот се враќам. Едноставно сакам да е јако кафето, најјако што може. Несов како за количината што ја ставаш да има најјака јачина, збориме лажиче за лажиче па и вкусот. Можеш од поевтините или послабите инстант кафиња да ставиш повеќе лажички за да добие јачина али не ми е тоа поентата.
Имате ли омилено инстант кафе, што би препорачале вие?
 
За јачина јас земам нескафе стронг, за шмек нескафе голд.
Криво ми е што веќе не го носат никаде (или барем јас не сум успеал да го најдам) Jacobs Velvet, инаку тоа го пиев често, особено подоцна во денот (полајт беше).
 
Стронгот само во големите пакувања го има така?
 
Да големи и за жал многу ретко е на акција, како што го има на пример класикот.
Ќе го проверам, има драстична разлика со класикот? Штета помали пакувања што не прават, знам ова со зелено го пишуваше Strong, али никако да земам, зашто само големи пакувања се.
 
Ќе го проверам, има драстична разлика со класикот? Штета помали пакувања што не прават, знам ова со зелено го пишуваше Strong, али никако да земам, зашто само големи пакувања се.
Има и на вкус, а и појако е од аспект на кофеин, ме „ококорува“ повеќе од обичното :D
 
https://cdn3.volusion.com/p4z72.nopj3/v/vspfiles/photos/TC006-2.jpg?v-cache=1495087053

Ова го пијам моментално. На вкус ми е убаво, али на јачина далеку послабо од несот. Две лажички од ова како една од нес, поголема потрошња прави :D
Е ова го немам пробано, а менувам и пробувам различни често, следно купување ќе го земам.
Сум ги пробал и оние во Стокомак голд и обично, ако ги пиеш со млеко и тие не се лоши колку да туриш кофеин во тебе :)
Често земам филтер и го правам во мока-пот (ама ова нема толку кофеин), а последно време обавезно едно кафе во денот ми е турско (менувам гранд-стронг зеленото, гранд класик кафеавото паковање, следно сакам да го земам тоа гранд делукс).
 
Не пијам јас со млеко, турско и еспресо ми се омилени кафиња. Grand Gold од турското пијам. Имам и јас од мока потот :D Од мока потот пробав неколку филтер кафиња, е од тие Tchibo е дефинитивно најдобро од тие што ги пробав, али ќе го земеш црното пакување со најјак интензитет.

Ако сакаш повеќе кофеин земај кафиња со поголема количина на робуста или 100% робуста, има двојно повеќе кофеин од арабиката :)

Инаку следен пат ќе го пробам ова :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom