Гладиус
notusually
- Член од
- 14 август 2008
- Мислења
- 5.508
- Поени од реакции
- 1.728
Добро знаеме дека форумов е место каде сите меѓусебно треба да дебатираме на одредени теми кои всушност самите и ги создаваме. Свесни сме дека на форумов се’ е релативно и дека она кое го претставуваме тука може да биде многу поразлично од она кое сме надвор...
Но некако во последно време поголемиот дел од членовите форумот го имаат сфатено како витален дел од нивниот живот. Темите кои се отвараат, голем дел од присутните скоро секогаш ги сведуваат на лично ниво и веднаш, наместо солидна дебата, се развива жестока расправија...
Што е всушност форумот за вас? Дали е место каде секој треба да ислуша секого (што во глобала и всушност е)? Или пак е само место каде доаѓате само колку да се покажете пред другите кои сте и што сте?
Исто така едно прашање кое доста долго време ме мачи е како тоа новоотворените теми, иако се од општ карактер, веднаш се прилепуваат како теми на кои совети бараат самите автори?
Зар ова не е место за активна дискусија и интеракција помеѓу членовите?

Животов не ми почнал тука, нема ни да ми заврши.
....иначе се сложувам