Вие и форумот!

  • Креатор на темата Креатор на темата Гладиус
  • Време на започнување Време на започнување

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Добро знаеме дека форумов е место каде сите меѓусебно треба да дебатираме на одредени теми кои всушност самите и ги создаваме. Свесни сме дека на форумов се’ е релативно и дека она кое го претставуваме тука може да биде многу поразлично од она кое сме надвор...
Но некако во последно време поголемиот дел од членовите форумот го имаат сфатено како витален дел од нивниот живот. Темите кои се отвараат, голем дел од присутните скоро секогаш ги сведуваат на лично ниво и веднаш, наместо солидна дебата, се развива жестока расправија...
Што е всушност форумот за вас? Дали е место каде секој треба да ислуша секого (што во глобала и всушност е)? Или пак е само место каде доаѓате само колку да се покажете пред другите кои сте и што сте?
Исто така едно прашање кое доста долго време ме мачи е како тоа новоотворените теми, иако се од општ карактер, веднаш се прилепуваат како теми на кои совети бараат самите автори?
Зар ова не е место за активна дискусија и интеракција помеѓу членовите?
 
Кајгна стана веќе социјален сајт како пријатели.ком или фејсбук затоа е толку лично сватено,плус за разлика од останатите земји каде се користи форумот како место за дискусија и дебата,кај нас се користи за еректирање на самодовербата и хранење на егото,пропатно за фаќање дечко и девојка,а не ретко и го прошируваме кругот на пријатели и познаници преку кајгана...па сеа ти види затоа е на лично ниво сведено и е сватено лично овој форум.
 
Потполно разбирам дека многу работи тргнуваат од форумот (врски, пријателства, бла бла бла). Но да тргнеме од фактот дека има членови кои никогаш во животот не те сретнале, а постот кој ти си го напишала општо за темата, го сфаќаат како навреда упатена кон нив. Поентата беше колку луѓето ја разбираат улогата на форумот? И што е тој за нив
 
Сепак имам линија што е форум што е место за социјализирање иако знам да пишам очајни постови како следниот.

draga daj zakani mu se na stariot da plati net. nemozam veke od internet kafinja kade sto nema kafe. pobrzo ako mozes. i da....izvini za latinicata
 
Добро знаеме дека форумов е место каде сите меѓусебно треба да дебатираме на одредени теми кои всушност самите и ги создаваме. Свесни сме дека на форумов се’ е релативно и дека она кое го претставуваме тука може да биде многу поразлично од она кое сме надвор...
Но некако во последно време поголемиот дел од членовите форумот го имаат сфатено како витален дел од нивниот живот. Темите кои се отвараат, голем дел од присутните скоро секогаш ги сведуваат на лично ниво и веднаш, наместо солидна дебата, се развива жестока расправија...
Што е всушност форумот за вас? Дали е место каде секој треба да ислуша секого (што во глобала и всушност е)? Или пак е само место каде доаѓате само колку да се покажете пред другите кои сте и што сте?
Исто така едно прашање кое доста долго време ме мачи е како тоа новоотворените теми, иако се од општ карактер, веднаш се прилепуваат како теми на кои совети бараат самите автори?
Зар ова не е место за активна дискусија и интеракција помеѓу членовите?

Фазата низ која поминуваш сеа ти е таква друже, со тек на време ќе видиш дека е сеедно. Кајганистична метаморфоза. :D

Претпоставувам во која насока ќе летне темава ако има преку 3% излезност на кајганџиите, ама ајде да и дадеме шанса.
 
јас сакам да видам туѓи мислења...не дека ги прифаќам или ми менуваат нешто.

а инаку ништо лично не сфаќам, оти нема личности за мене на форумов. Никого не знам... не ни сакам да знам :) Животов не ми почнал тука, нема ни да ми заврши.
 
Потполно разбирам дека многу работи тргнуваат од форумот (врски, пријателства, бла бла бла). Но да тргнеме од фактот дека има членови кои никогаш во животот не те сретнале, а постот кој ти си го напишала општо за темата, го сфаќаат како навреда упатена кон нив. Поентата беше колку луѓето ја разбираат улогата на форумот? И што е тој за нив
во тоа општо не ретко многу луѓе си се препознаваат ,и го сваќаат како навреда или пак некоја карактеристка која е претставена како негативна а ја поседуваат одредени членови тогаш ја бранмат и се осеќаат навредено .
 
Форумов на некој начин го сфаќам како место каде што можам да кажам некои работи за одредени теми на кои во приватниот живот скоро на никои од познаниците не би ги интересирале.
Сега за да ислушаш секого,баш и неможе..ама воглавно секогаш ги читам прво мислењата на другите пред да оставам мое мислење.
Мислам дека нема потреба да се покажувам која сум и што сум, тука сум дојдена да споделам мислење, дури и да оформам.. да научам некои работи, да дознавам.
А,за тоа што рече дека секоја дебата се претвора во караница..вистина е. Сепак тука се работи за спротиставени мислења и неможиме против тоа.
Ретко се карам.Не сум дојдена тука за да се нервирам уште толку, туку да се опуштам. Штета што повеќето тука се напнати и сите фрустрации ги искажуваат на многу погрешен начин. Некои го сфаќаат и премногу лично...што 24/7 тема на муабет е Форум.
 
јас сакам да видам туѓи мислења...не дека ги прифаќам или ми менуваат нешто.

а инаку ништо лично не сфаќам, оти нема личности за мене на форумов. Никого не знам... не ни сакам да знам :) Животов не ми почнал тука, нема ни да ми заврши.

Во право си еден сегмент од животот е и форумот. Убаво е кога тој сегмент е исполнет со убава дискусија од која можеш да научиш нешто,а и ако не научиш никому ништо. Животот не ни почнал тука, тука моментално поминува, застанува, ѕирнува, се задржува, влијае на некого, му влијаат на него, продолжува понатаму. Следниот пат пак така. Можеби честото ѕиркање овде на форумов некаде и некогаш ќе ни биде од корист, можеби некаде и некогаш истите ние непознавајќи се ќе се сретнеме и ќе размениме искуства како резултат на искуствата што сме ги добиле на форумов едни од други, а во реалниот живот обратно едни на други ќе си ги кажеме. Се на се тркалото се врти, но без никаква обврска, ние и на нас.
 
Форумот - место каде што можам да го кажам своето мислење без проблем, а притоа да бидам сфатена совршено од едни, и сосема грешно протолкувана од други. И едните и другите не ми се никаков фактор во животот.
 
Еххх...за ова праев муабет пред некој ден со едни пријатели од форумот :)...
Форумот е социјален клуб. Тука сме да дебатираме, дискутираме, разменуваме ставови, да се шмекнеме :), да си дадеме зеленко за нечив добар пост на некоја тема, да си отвориме профил, да гледаме фотки у Галерија, да се прават собиранки некад...па и да се упознаеме...е тоа треба да е форумот! НО...за жал како во реалноста така и овде има луѓе коишто навлегуваат у некои работи безпотребно. Дали имаат живот....надвор од форумот или немаат...не знам (најверојатно немаат)...не ме занима. Аама има некои што мислат дека ако прочитаат некои твој пост или шо знам според аватарот...си градат претстава за некого каков е...Ок, добро е додека е само претстава...но доаѓаат и до заклучок замислете. Хехе...коа се регистриртав на форумов и коа почнав да ве шмекам сите...еден форумџија (не е битно кој)...според постевите кај шо ме читал...ми праќа приватна порака со содржина..."кутриот ти...човек без допир со реалноста...се гледа дека си некој повлечен тип у животот и немаш шмекнато ниедна пичка во реалноста...и дека овде надоместуваш за тоа што не си во реалноста...дај олади малку и не го тупи со шмекот...мизерен си" Го прочитав ова и најискрено се засмејав...дека некој ми упатува ваква критика. Мислев да му реплицирам нешто иронично...ама откако си го почешав левото јајце...си реков маа нема потреба...нека си мисли сега дека немам што да му одговорам и вратам и дека ми го плеснал у фаца со тоа шо ми го пишал. :)
Јас кон овој форум пристапувам со цел да видам некое мислење на одредена тема! Нешто да научам околу нешто што незнам...пример некоја информација...и овде сум најмногу поради тоа...веќе добро знаете да шмекнам колку што можам повеќе форумџиКИ :)...Убав форум е кајгана...има шмек во него :)...ајде толку од мене
 
Форумот - место каде што можам да го кажам своето мислење без проблем, а притоа да бидам сфатена совршено од едни, и сосема грешно протолкувана од други. И едните и другите не ми се никаков фактор во животот.
или уопште несфатена од трети :pos:....иначе се сложувам
форумот од сајт стана место, еволуција :)

форумот го сметам за сајт, на кој можеш да го изјасниш своето мислење, да корегираш други и да те корегираат тебе...да ги разгледаш гледиштата на другите, да ги истражиш можностите....
сајт на кој можеш да дознаеш нешто ново, нешто интересно, и нешто непотребно :)....
 
Културно катче каде што го студирам човековот/нечовековото размислување..
 
Форумот е get-away карта од реалниот свет , каде што своето алтер его можеш да го наполниш со читање на бесмислени постови , правејќи те тебе гениј.
Или пак обратно , да пишуваш бесмислени постови полнејќи го туѓото его.

Патем и место каде што можеш да се информираш за работи за кој што мислиш и дека не постоеле.
 
За мене форумов е место каде уживам да поминам неколку добри часови дневно, место каде можам да се информирам, да комуницирам, да споделувам мислења, да читам мислења за многу области од животот кои ме интересираат, на неколку илјади луѓе истовремено од различна возраст, пол, националност...
Пред на напишам некој одговор двапати размислувам да не повредам некого со тоа, да е убаво напишано, напишаното да биде логично, да биде на КИРИЛИЦА, да нема печатни грешки. Со тоа не сакам да импресионирам некој, туку повеќе сакам да се импресионирам самата себе, а ако успат успеам да импресионирам некого би ми било мило:smir:
Би рекла дека форумов за мене е Македонија во мало, а мене ми е драго што сум дел од него:back:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom