Вицеви без наслов 2 дел

Представникот на лекарите од Велика Британија известува:
Најдовме човек без 'рбет, му пресадивме 'рбет.
И сега, после само седум дена поминати во болница, а благодарејќи на откритијата на британските научници, тој човек одлично се чувствува, веќе е надвор од болница и бара работа. Представникот на лекарите од Францијаизвестува:
Ние во Франција направивме многу по значајна работа!
Земавме човек кој немаше ниту едно белодробно крило, му пресадивме едно белодробно крило и само после три дена пациентот одлично се чувствува, веќе е надвор од болница и бара работа!

Представникот на лекарите од Италија известува:
Ние зедовме два пациента без срце, им пресадивме на секој од нив по половина здраво срце и после само два дена, двајцата одлични се чувствуваат, веќе се надвор од болница и бараат работа.

Представникот на лекарите од Македонија известува:
Нас сепак никој неможе да не стигне. Ние зедовме тројца луѓе без нималку мозок, ги поставивме на чело на нашата држава и во рекордно време повеќе од половина од работоспособното население е надвор и бара работа!!!
 
Се шетала црвенкапа низ шумата кога од некоја грмушка слушнала глас:
-Што имаш во кошницата Црвенкапо ?!
- Колачи, торта и џем.
- Друго што имаш ?!
- Цвеќe.
- А тоалет папир имаш ли ?!


Учителката го прашува Трпе:
- Трпе, што ќе земеш, мозок или пари?
- Пари
- УЧИТЕЛКАТА: Јас мозок!
- Епа учителке, секој си зема тоа што му треба.

:D
 
Прават муабет две жени:
- И сега? Што да му кажам?
- Па незнам... Кажи му ја вистината!
- Која вистина?
- Од кај да знам која.... Измисли нешто...

:D
 
Учителката по математика го прашува малиот Трпе:
- Колку се 2+2?
- 5 учителке!
- 2+2 , Трпе?
- 5 учителке!!!
-Трпе ај размисли 2+2 колку се?
- 5 да ти ибам глувата!


:ROFLMAO:
 
- Жено, ајде соблекувај се!!!
Абе не може, малиот се`уште не заспал.
- Како не, гарант спие.
Не, не е.
- Е сега ќе видиш. Синееее, ќе му донесеш ли на тато една чаша вода?
Тишина, нема никаков звук. Потоа следува див секс, двајцата лежат исцрпени, а од темнината се слуша детски глас.
- Јас се`уште стојам овде со водата. :ROFLMAO:
 
Си било некоја прекрасна женска особа , арно ама нон`стоп викала НЕ. . се што ќе и рече човек таа негирала.
И сеа проблем им било на дечковциве , како и што да направат ...за да седнат до неа .
Се нашол Мали Ѓокица , му текнало ... и и пошол!
- Здраво Мала
Таа - Не
- Кажи дека немаш ништо против, да седнам до тебе !?
Таа - Не ..
 
Дошја Тарзан у Куманово, качија се на мост да рипа у Пчињу и некој Кумановац му викнаја:
- Немој да рипаш, доле има пуно шкољке, опасни су!
- Ја сам Тарзан! Мене не ме стра од лавови, тигри и мечке, ќе ме стра од ваши шкољке! Пффф!
Рипнаја Тарзан у воду и нема га да искочи 5 минута. На крај искача, цел крвав и га прашуе кумановца:
- Какви су овија шкољке, одвај искочи?
- Мислу дека има две од Фиќо и една од Ладу...

:D
 
Едно детенце без нозе, во инвалидска количка, седи пред прозор и гледа надвор. А надвор некои деца играат фудбал, се смеат, среќни и радосни. Детево ги гледа, цело тажно, ужалено, на раб на депресија, готово да заплаче од мака. Мајкава го гледа, доаѓа кај него и му вика:

- Сине, што не излезеш и ти надвор да поиграш фудбал со дечињата?
- Ама мамо... немам нозе...
- Знам бе сине, се заебавам.

:D
 
- Добар ден, имате апчиња против сомнеж?
- Имаме.
- А сигурно не се за нешто друго?


Како се вика сељак што носи блуза во Ве?
- Весељак!
 
Се јавуваат од лотарија:
- Трпче Трпчевски на телефон?
- Да.
- Вие сте најсреќниот човек во Македонија! Ќе добиете 50.000 евра ако одговорите со НЕ на нашето прашање. Подготвени ли сте?
- Да!

:D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom