Вицеви без наслов 2 дел

Младо влавче наоѓа 50 денари и му вика на татко му: Тато што да правам ао овие 50 ден?? Потроши ги бе сине, еднаш се живее!!!
 
Другарите го прашуваат Трпе како му е во брак.
– Лошо, мислев дека Трпана ќе готви како мајка ми, а испадна дека пие како татко ми!

:icon_mrgr:
 
Полицаец сопира студент и му вика:
- Лична карта ќе ве молам!
- Немам!
- Добро имате некој друг документ за идентификација?
Студентот му вади индекс и го дава на полицаецот. После некое време полицаецот:
- Брееј па ти си се изнапатувал!
 
Едно семејство оди на нудистичка плажа. По некое време доаѓа детето и ја прашува мајка си:

– Мамо, какви се жените со големи гради?
– Тие се глупи, сине.
– А жените со мали гради?
– Тие се паметни.

Момчето задоволно од одговорите оди да си игра. По малку пак доаѓа и ја прашува мајка си:

– Мамо, какви се мажите со големи пениси?
– Нели ти реков, дека мажите со големи пениси се глупи.
– А мажите со мали пениси какви се?
– Мажите со мали пениси се паметни.

Момчето задоволно од одговорите оди пак да си игра. По некое време детето пак оди кај мајката:

– Мамо, мамо, тато зборува со една голема глупача и колку повеќе зборува со неа толку поглуп станува.
 
Малиот комарец се враќа дома после првиот, пробен лет.
- Како беше сине? - го прашува мајка му.
- Фантастично мамо! Сите ми ракоплескаа.

:D
 
Лето. Горештина. По улица оди многу згодна, убава и надарена плавуша. Се си е во ред, само има еден мал проблем.
Едната града и излегла надвор од деколтето на маичката. Сите мажи зјапаат без да трепнат. Зјапаат, но никој не се осмелува да и прозбори.
Конечно еден полицаец решава да си ја исполни обврската. И се приближува и вели:
– Добар ден, госпоѓо!
– Добар ден! – Одговара плавушата.
– Има еден мал проблем кај Вас.
– Така ли?! Каков?
– Едната града ви излегнала надвор. Приберете ја ве молам, бидејќи многу им го одвлекувате вниманието на мажите, ќе направат некоја сообраќајка.
Плавушата си го погледнува деколтето и извикува:
– Оф леле, Боже! Сум го заборавила бебето во трговскиот центар!
 
Си биле двајца охриѓани и решиле да си купат папагали. Отишле во продавница за миленичиња и му рекле на продавачот сакаме папагали шчо зборвет, имат такви?? Имат, како немат им рекол овој ама курназ имал само еден папагал а на едниов му подментал буф. Е кога ќе почнат да зборвет го прашале продавачов? Па после еден месец ќе почнат им рекол. И се договориле да се најдат после еден месец. Поминал еден месец се наоѓаат фациве да си кажат чив папагал прозборел прв и овој со бувот го прашува овој со папагалов: Како бе зборвит твојот го поднаучи? Зборвит бе почна по малу ама кажвит по нешчо. Твојон како го научи да кажвит нешчо? Не бе ама цело време дур го уча шчо да кажит ми се пулит многу внимателно:D
 
^ да изгледа поавтентично :)

Си биле двајца охриѓани и решиле да си купат папагали. Отишле во продавница за миленичиња и му рекле на продавачот сакаме папагали шо зборвет, имат такви?? Имат, како немат им рекол овај ама курназ имал само еден папагал а на едниов му подментал буф. Е ко ќе почнет да зборвет го прашале продавачов? Па после еден месец ќе почнет им рекол. И се договориле да се најдат после еден месец. Поминал еден месец се наоѓаат фациве да си кажат чив папагал прозборел прв и овој со бувот го прашува овој со папагалов: Како бе зборвит твојот го поднаучи? Зборвит бе почна по малу ама кажвит по нешо. Твојон како го научи да кажвит нешо? Не бе ама цело време дур го учам шо да кажит ми се пулит многу внимателно:D
 
Трпана и раскажува на комшиката:
- Знаеш дека си купив нови чевли и пола плата ми отиде?
- Леле, којзнае какви чевли си купила.
- Чевли ко чевли, платата е никаква.
 
јбг копирано ама актуелно :D

Одат на кино Хрват, Словенец и Македонец, и на сите на седиштето им бил закачен клинец. Седнува Хрватот и го здоболело, почнува да се дере и го фрла клинецот. Седнува Словенецот и го здоболело, го вади клинецот и го става в џеб и си мисли, да го земам, можда ќе ми треба за другпат. Седнува Македонецот, станува од болка, го гледа клинецот и си вика, можда така треба да биде и си седнува пак на клинецот.
 
Секс на шведски:
Бар, мажи пијат пиво и гледаат стриптиз.
Секс на полски:
Бар, мажи пијат пиво и гледаат телевизија на која емитуваат секс на шведски.
Секс на македонски:
Кафана, мажи пијат пиво и слушаат човек кој бил во Полска и гледал на телевизија секс на шведски.
 
^Некој влав му вика на пријател му: Море знаеш ли колку е убаво да јадиш бурек?
-Е од каде знаеш?
-Па брат ми гледал како некој човек јаде.
:pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom