Вицеви без наслов 2 дел

Едвај успеал некако Трпе да ги собере внуците кај него дома:
- Слушајте деца, еден ден, ако умрам, сакам на гробот да ми поставите ви-фи рутер.
- Зошо бе дедо?
- Па, за почесто да ме посетуете, да ви ибам тоа копиљаците!!!
 
Домаќинот забележал дека неговите гости многу му запнале на виното, а покрај пиењето како и да не планирале да си одат. Затоа, на следното полнење вино од визбата, наместо вино им донел оцет. Едниот од гостите продолжил да пие, како ништо да не се случило, а другиот го прашал:
– А бе, ти не ли осеќаш дека ни стави оцет?
Колку оцет може да има во една куќа? Шише, две… после пак ќе ни стави вино
 
Oди некој дедо 80 годишен на преглед и докторов му вика:
-Браво бе деде имаш супер крвна слика, притисокот ти е ко на младич, добро се движиш...како бе вака се одржуваш во кондиција?
-Абе види, станувам сабајле рано, ги пуштам тоа патките по дворот и ги бркам цел ден и така вежбам!
-Ех не е до тоа сигурно, од патки бркање не се чува здравјето, сигурно е нешто ген...кажи ми на колку години почина татко ти?
-Кој бе починал скраја да е...жив е човекот!
-Како бе жив?!?!? Колку години има?
-99
-Жити се, па он како се одржава?
-Исто бе исто, стануваме од сабајле ги пуштам патките и трчаме!
-Абе ти викам неможе од тоа да е...кажи ми дедо ти на колку години почина?
-Ти бе ненормален да не си? Какво умирање...супер си е дедо...120 години има!
-И ДЕДО ИМАШ??? Па добро бе и он ли трча по сабајле со вас?
-Па како, ама денес неможеше пошто ќе се жени па има обврски нешо...
-Ќе се жени?!?!?! Па добро бе што му текнало на 120 години да се жени жити се?
-Абе и он нејќе, ама неговите го тераат....

:D
 
Еден човек купил најнов мерцедес и на патот кон дома, на семафорот крај него застанало едно Југо. Човекот од југото отворил прозор и викнал:
– Имаш ли ти ТВ во тој мерцедес?
– Имам, имам.
– А GPS?
– Имам, имам и тоа.
– А кревет?
– Кревет? Немам кревет.
– Е гледаш. Јас имам, хахаха – и продолжил да вози.
Човекот од мерцедесот се изнервирал што нема кревет и нарачал специјално да му се направи.
Му направиле кревет и тој сиот среќен се возел низ цел град и го барал човекот со југото да му се пофали. Најпосле го видел на некој паркинг, а таму сите прозорци биле замаглени. Тропнал на прозорецот, тропал, тропал, на крајот се отворил.
– Што тропаш бе луд?
– Епа и јас имам сега кревет!
– Ех будало една. Ме извади од под туш за да ми го кажеш тоа?!
 
Болница во Скопје, оддел за брза помош. Лекарот излегува пред кабинетот и гледа редица од баби и дедовци со расцепени глави.
Докторот го прашува првиот дедо:
– Од што ви е ова?
– Од рачка од метла…
– А вам? – Ја прашува и првата баба.
– Од рачка од метла…
– А вам? – Го прашува третиот дедо.
– Од рачка од метла, докторе…
– Каква ви е таа рачка од метла на сите денс? Што се случува? Да не сте полуделе?
– Не, докторе… Го гледате ли оној таму, што лежи на количката… тој младиот што е во кома, го гледате ли?
– Да, а зошто само тој е млад и најмногу повреден?
– Смотаниот бегаше од својата жена, која го бркаше со метлата… И замислете, кретенот најде да се крие баш во 65-ка во петок…
 
Дошол Мујо во породилиште, па прашува:- Што добив?
- Син му вели медицинската сестра.
А тој:- Знаев... Кога јас ќе го прочистам мојот оџак не можам да промашам, мора да биде машко.
- Да, ама вие не го чистите редовно оџакот - му вели медицинската сестра, детето е црнче.
 
Патувале во авион Обама, Путин и Грујо.
По едно време авионот почнал да паѓа, а во него имало само еден падобран.

Обама веднаш рекол дека треба тој да се спаси, бидејќи е лидерот на најголемата и најсилна држава во светот и е одговорен за 25.000 нуклеарни проектили со кои којзнае што ќе се случи, ако него веќе го нема.

Путин рекол дека државата му е исто така силна, а и руските генерали се понеразумни дури и од американските, па ако не се спаси тој, целиот свет може да настрада.

Грујо сепак ги потсетил дека и во трите земји основниот принцип е демократијата, затоа е убаво да се утврди кој да се спаси преку тајно гласање. Немало што да кажат против таков аргумент, па се согласиле. Грујо собрал најмногу гласови и скокнал со падобранот, а Обама зачудено го прашал Путин:
– Добро бе, во авионот бевме само тројца, нели така?
– Да де, се разбира.
– А тогаш како тој успеа да победи со 13 гласа разлика!?
 
Утро во алпско одморалиште. На терасата излегува Англичанецот и воздивнува:
– How wonderful!
Излегува Германецот и воздивнува:
– Das ist wunderbar!
Излегува Македонецот и вика:
– Еј, пи*ка му мајчина! :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom