Oди некој дедо 80 годишен на преглед и докторов му вика:
-Браво бе деде имаш супер крвна слика, притисокот ти е ко на младич, добро се движиш...како бе вака се одржуваш во кондиција?
-Абе види, станувам сабајле рано, ги пуштам тоа патките по дворот и ги бркам цел ден и така вежбам!
-Ех не е до тоа сигурно, од патки бркање не се чува здравјето, сигурно е нешто ген...кажи ми на колку години почина татко ти?
-Кој бе починал скраја да е...жив е човекот!
-Како бе жив?!?!? Колку години има?
-99
-Жити се, па он како се одржава?
-Исто бе исто, стануваме од сабајле ги пуштам патките и трчаме!
-Абе ти викам неможе од тоа да е...кажи ми дедо ти на колку години почина?
-Ти бе ненормален да не си? Какво умирање...супер си е дедо...120 години има!
-И ДЕДО ИМАШ??? Па добро бе и он ли трча по сабајле со вас?
-Па како, ама денес неможеше пошто ќе се жени па има обврски нешо...
-Ќе се жени?!?!?! Па добро бе што му текнало на 120 години да се жени жити се?
-Абе и он нејќе, ама неговите го тераат....
