Во некое мало место во Македонија дошол познат светски авантуриста, шо се качува по зградипо високи, скока банџи од опасни места ширум светот, слушнал за некое опасно место во Македонија, карпа над провалија од која до сега никој не скокнал. Измерил - премерил, отишол во локална продавница, зел точно 41,5 метри јаже се врзал пуштил камерите и пред населението, скокнал, паѓа, паѓа, жени пиштат деца плачат и таман на пола метро од карпите долу, јажето се оптегна и го застана... сите воодушевени и среќни
Следниот ден најголемиот мангуп од местоито вели - Ако може тој , можам и јас... отишол и тој во истата продавница, купил и тој 41,5 метри јаже, се врзал, и пред собран народ скокнал - и се растури на земја.
Собраа остатоците, го погребаа и сега прави полицијата увид, и меѓу друго одат во продавницата од каде е купено јажето:
“Некни дојде еден странец и купи 41,5 метри од ова дебелото, следнио ден дојде Мите покојниот и тој побара 41,5 метри од истото јаже, али му измерив 45 ... втор брачед ми е, наш чоек, многу фино дете...“