Вицеви без наслов 2 дел

Трпе сe враќа од работа и Трпана му вика:
- Син ти ме нарече кучка...
- Aх тој кучкин син!!!

Секаде на 21 јуни доаѓа лето, а само кај нас Жељко Јоксимович.:pos::pos:
 
Трпе и Трпана спијат и во сред ноќта се слуша некоја галама од надвор. Трпана цела збунета и преплашена почнува да вика:
- Леле, ова мора да е маж ми!
Трпе скока од кревет, пиштол гол, бега накај терасата. После неколку минути се враќа во спалната соба и се дере на Трпана:
- Објасни ми што ти значи она „ова мора да е маж ми“... па јас сум ти маж!!!
А Трпана на тоа:
- Прво ти мене објасни ми, зошто тогаш бегаше?
 
Имаш ФБ?
-НЕ.
Имаш твитер?
-НЕ.
Епа што имаш?
-Живот.
Ееее супер, ај прати ми го, ми треба за Candy Crash Saga.

Плавуша во секси шоп:
-Извинете, а кога е произведена оваа машка кукла на надувување?
10 Јануар?!
-Значи, ЈАРЕЦ, ништо, не си одговараме.
 
Последно уредено:
Во денешно време најсумљиви се оние кои немаат ФБ-профил.Не знаеш ни кај се ,со кого се ниту пак како се чуствуваат...

Со три напред и едно назат ја зeмаат неестата од дома... , си мислам -Да не се двоумат?
 
Мамо! летаат ли ангелите??
-Да душо!
-Тато вчера и рече на чистачката дека е ангел, а јас никогаш не сум ја видел да лета.
-Утре ќе ја видиш.:pos::pos:
 
Еден млад монах пристигнува во манастир и игуменот го расшетува низ просториите . Влегуваат во една соба, во која има маса, натрупана со секаква вкусна храна и игуменот му кажува:
- Тука, чедо мое, можеш да јадеш што ти душа сака и колку сакаш секој ден, само во петок - не!
Влегуваат во друга соба со маса, пренатрупана со секакви пијалоци .
- Тука, чедо мое, можеш да пиеш што и колку сакаш секој ден, само во петок - не!
Влегуваат во трета соба , полна со разна облека .
- Тука, чедо мое, можеш да се преоблекуваш колку сакаш секој ден, само во петок - не!
Накрај го воведува во една мала собичка, кадешто има еден шкаф, го отвара шкафот и се гледа еден гол задник.
- Тука, чедо мое, можеш да доаѓаш и да е*еш колку сакаш, само во петок - не!
Младиот монах бил многу задоволен и му рекол на игуменот:
- Оче Игумене, се во манастирот многу ми се допадна и со радост ќе останам да служам , но зошто не можам да ги користам сите тие блага и во петок ?
- Затоа што, чедо мое, во петок ти си дежурен во шкафот.
 
Путин и Обама се натегале чија бања е поубава. Обама тврдел:
- Мојата! - и го поканил Путин да се избања во неговата.
Влегол Путин во бањата,го стиснал црвеното копче. го измиле , го избришале , го напарфемирале и го облекле.По некое време тој го поканил Обама да ја проба неговата бања. Обама го притиснал црвеното копче, но ништо не се случило.Се измил сам, излегол и налутен рекол :
- Не ви работи црвеното копче!
- Како не работи?! Цел час ве даваа по телевизија!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom