Вицеви без наслов 2 дел

Мало девојче ја прашува својата мајка:
– Мамо, што значи изразот размена на мислења?
- Мила, тоа е кога татко ти ќе дојде дома со свое мислење, а ќе замине 5 минути подоцна со мое мислење
.


 
Еден ден Tрпе не отишол на училиште, другиот ден учителката го прашува каде бил, и зошто отсуствуал.
Трпе: Па учителке бев на погреб
Учителката: Кој умре?
Трпе: Баба ми!
Учителката: Жал ми е, а што се случило?
Трпе: Епа вака, се качила на чатија и се затетеравила и почнала да паѓа, се фатила за ѓерамидите, сите ги срушила, после се фатила за олукот и олукот партали, па го скршила прозорот, па се фатила за терасата и терасата ја откорнала.....
Учителката цела во паника: Ииииииииииии ПОСЛЕ?????
Трпе: Што и?! Да не ја убиел дедо со пушката цела куќа ќе ја срушеше............
 
Си шетал некој чоек со кучето и поминал друг чоек и му рекол:
- Напаѓа кучево бе?
- Не бе голман е!


Се натпреварувале тројца вампири кој ќе испие повеќе крв за еден час. Оди првиот вампир и се враќа за еден час, а устата цела раскрварена.
- Го гледате оној парк таму? Епа не остана ни капка крв!
Оди вториот вампир и се враќа за еден час до половина облеан во крв.
- Го гледате она село? Епа цело го испив!
Доаѓа на ред третиот вампир и се враќа за пет минути целиот облеан во крв. Се зачудиле другите како можел толку брзо да се врати со толку крв:
- Ја гледате онаа бандера онаму?
- Ја гледаме.
- Епа јас не ја видов!


Некој пијаница отишол на групно крштевање во река. Дошол на ред, попот го фатил и му рекол:
- Сине подготвен ли си да го најдеш Исус?
- Да оче - му рекол пијаниот.
Тогаш попот го турнал во водата и веднаш го извлекол.
- Го најде ли Исус? – Прашал попот.
- Не! - му одговорил пијаниот
Попот го турнал уште еднаш во водата и брзо го извлекол.
- Го најде ли Исус? – Прашал пак попот.
- Не! - му одговорил пијаниот
Тогаш попот го турнал во водата и малку повеќе го задржал.
- Сега го најде ли Исус?
- Оче, сигурен си дека баш тука паднал?


Го прашува синот таткото:
- Тато, како можам да препознаам алкохоличар?
- Епа сине ги гледаш одние две дрва? На пример алкохоличарот би видел четири!
- Тато, таму има едно дрво, а не две.


Си седел зајакот на една карпа и читал весник. Поминала лисицата и го прашала:
- Што правиш бе зајко?
- Еве ја чекам мечката да ја скршам од ќотек!
По некое време поминал волкот:
- Како си бе зајко, што правиш?
- Да ти кажам право, чекам да дојде мечката и да ја претепам!
По некое време, оди од некоја страна мечката и му вели на зајакот:
- Што правиш бе зајче?
- Еве ништо, седам и тресам глупости.
 
Мајката му вели на синот:
Сине ти спаковав леб,маргарин и шајки.
А зошто ?
Па да си намачкаш леб со маргарин кога ке огладниш!
А шајките ?
Да и шајките ти ги спаковав.
 
Блажо и Нацо у кафен'то си пијат, и Нацо го прашуе Блажо:
---Море, те стра ли од пајаци....
---Неам гајле бре, а шо прашујш....
---Оти гледам, еден ти а дига колта од пред кафене...
 
Слетал орелот на врвот на планината кога таму на негово големо чудење полжав.
-Е како бе ти полжав се најде волку високо ?
-Со лигавање брат, со лигавење !!
 
Гледам на National Geographic дека Сонцето после 4-5 милијарди години ќе згасне и си велам:
- Таман ќе влеземе во Европска унија и ете ти нов проблем.
 
- Трпе, ја гледаш ли Трпана за време на секс во очи?
- Уф, еднаш ја погледнав.
- И...?
- Жива катастрофа!
- Е зошто?
- Баш тогаш влегуваше во спалната.
 
Си иде Мара од доктор, а отвара кутијата и се чуде, тоа унатре ама ич не и личе на апче, и го прашуе Блажо:
---Море Блажо, како се пие воа чудо..
---Од кај да знам, багомате, питај го докторот..
Мара му звоне и го прашуе;
---Че извиниш докторе, воа шо ми го препишате, шо е и како се пие....
---Тоа се чепчиња, и не се пијат туку се зимат ректално...
---Фала докторе, пријатно..
Мара му вика на Блажо:
---Виа вика ректално, а ја абер немам шо е тоа....
---Ами шо не праша, туу ама си шута....
Ваа па му се јавуе:
---Море докторе, че извиниш ама не знам како е тоа......... ректално..
---Анално маре, анално...
---Ааа, тоа е ноа де, така де........фала докторе....
---Тоа е исто каа ректално......
Блажо а прашуе:
---Шоа кажа, шо кажа докторот ма...
---Анално...
---Шо анално мори...
---Анално бе Блажо, исто било каа ректално...
---Е ај де шо чекаш, зимај го....
---Море незнам шо е тоа анално...
---Леле, види овца глупа, ами два пати правеше муабет шо не го праша, јави му се па....
Мара се јавуе:
---Докторе че извиниш па е Мара, ама и воа анално не ми е јасно како е...
---Слушај Маро, че земиш едено чепче, и че си го напикаш у газот....
Мара а затвара слушалката и му вика на Блажо:
---Ее Блажо, ете ти го твојто јави се, јави се, сеа човекот се налути....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom