10-те Црнгогорски заповеди!
1. Човекот се раѓа уморен и живее за да се одмори.
2. Сакај го креветот како што се сакаш самиот себе.
3. Одмарај дење, ноќе можеш да спиеш.
4. Немој да работиш – работата убива.
5. Ако видиш некој да се одмара, помогни му.
6. Немој да го правиш денес, она што можеш да го направиш утре.
7. Работи помалку отколку што можеш, она што не можеш префрли им го на другите.
8. Во ладовината е спасот – од одморање уште никој не умрел.
9. Работата носи болест- немој да умреш млад.
10. Кога сакаш да работиш, седни, почекај. Ќе видиш дека ќе ти помине.
Си биле Германец, Англичанец, Французин, Швајцарец, Грк и Македонец и се фалеле што имале најдобро во нивната држава.
Германецов почнал: Ние имам најдобри коли - мерцедес.
Англичанецов вика, ние ја имаме најпознатата кралица, Елизабета.
Французот вика ние имаме Ајфелова кула.
Швајцарецов вика ние имаме најубаво Женевско езеро.
Гркот па се истакнал: ние имаме најдобри печатници за весници.
Македонецов се мисли и едно време вика: Абе го знаете вие Марко Крале? И сите едногласно: Неееееее!
Епа вака: Марко Крале отишол со мерцедес до Англија и ја земал принцезата Елизабета, ја качил на Ајфеловата кула, таму ја направил парче, после к*рот си го измил
во Женевското езеро, а ако не ми верувате прочитајте во грчките весници.
Како Менаџерите на големите бизниси работат?
- Сине, завршуваш факултет, ти остана уште дипломската... време е да те оженам и да ти најдам работа!
Синот малку се противел на женидбата – Де бе тато, па само што завршив со учење! Работа, ајде во ред, нема проблем, ама жена?
- Ама чекај, му рекол стариот. Да ти покажам слика од девојката!
На сликата, девојка и голема јахта во позадина:
Синот му вика на тоа: „Тато, абе ајде во кое време живееш, па јас сакам да се оженам од љубов...не за јахта!“
- Ма чекај, не сум ти го кажал најважното...таа е ќерка на Бил Гејтс!
Синот се помислил 5 секунди, па со насмевка му рекол на татко му: Епа ако е така, може! Се согласувам!
Стариот го зел телефонот и му ѕвони на Бил: Знаеш Бил, имам син, убав е како кукла! И многу му се допаѓа твојата ќерка.
Бил му одговара: Види пријателе, јас те ценам многу, ама сега претера! Ќерка ми не го ни видела син ти, па не сме 18ти век!
Менаџерот на тоа: Полека, не ти го кажав најважното. Малиот сега дипломираше, а веќе е заменик претседател на Светска банка!
Стварно!? – му одговорил Бил, ако е така рачунај дека е договорено.
Менаџерот го зема телефонот и се јавува кај својот добар пријател, претседател на Светската банка...
- Пријателе, малиот син дипломираше и му треба работа, па си мислев да го вработиш да ти биде заменик...
- Хахахахаха, се изнасмеал претседателот. Знаеш дека сме пријатели, ама ти си откачил! Па на тоа место конкурираат најдобрите светски економисти! Не велам дека малиот е лош, ама тоа е преголем залак за него!
- Полека, му рекол менаџерот. Не ти го кажав најважното. Малиот е зет на Бил Гејтс.
Претседателот се замолчел па му рекол: Ако е така, нека дојде утре на работа.
Како да потопиш подморница полна со плавуши? Чукни им на врата...