Учителката ги прашала децата:
- Ајде нека каже некој нешто чудно, ама да биде вистинито.
Малиот Трпе се јавил:
- Петлакот е тврд, а нема коски.
- Седи Трпе, срам да ти е. Ајде нека каже некој нешто интересно.
Пак се јавил Трпе:
- Дундата е влажна, а не рѓосува.
- Трпе, прекини! Ајде да слушнам некој друг да каже нешто интересно.
Пак се јавил Трпе:
- Земјата е тркалезна.
- Добро, тркалезна е, но што е тука интересно?
- Па луѓето се е*ат на секој ќош!
--- надополнето: 14 јули 2013 во 12:12 ---
Првиот ден на фалкутет, деканот им се обраќа на студентите.
Слушајте ме сега. Женскиот интернат е забранета зона за студентите, а исто важи и за студентките што се однесува на машкиот интернат. Секој кој ќе го прекрши ова право првиот пат ќе биде казнет со 500 денари. Вториот пат казната е 1200 денари, а третиот пат таа е 3000 денари. Има ли некој нешто да праша?
Се јавува Ѓеро: Се извинувам, а колку ќе не чини годишна пропусница?